1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтаноста во животот и комуникацијата

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Најчесто кога луѓето комуницираат на една тема, стрикно се држат во таа граница, за разлика пак кај блиските пријателки, со вашите партнери, бидејќи не постојат ограничуваеа со текот на комуникацијата спонтано се отвараат многу теми на разговор, преку кои го оспознавате својот партнр/пријателка...и со тоа градите ставови,проценки...и со тоа ја остварувате хармонијата на комуникацијата,бидејќи ограниченоста во комуникацијата не ја даваат таа можност.

    :) Исто така многу работи во животот дошле спонтано, па слободно може да се рече дека најубавите работи во животот се случиле спонтано...пример мојата врска, ништо не беше планирано,договарано...се се случи буквално спонтано :inlove: :angel:

    Па колку таа спонтаност е битна за нашата комуникација и нашиот живот,дали воопшто е битна,дали намерно оставате некои работи да си се случат самите од себе?
     
  2. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Понекогаш е најдобро да оставиме работите да се случат сами од себе или поточно кога ќе дојде време. Сигурно сите сме имале ситуации во кои сме се труделе многу и сме вложувале голем напор за да исполниме нешто но едноставно не одело. Сме имале и ситуации во кои на некој начин коцките сами се склопиле и сосема неочекувано и непланирано сме добиле нешто, сме дожиевеале нешто убаво или ни се исполнила некоја долгопосакувана желба.
    Спонатаноста е најубавото и најинтересното нешто во животот. :)
    Најубавите работи во животот се случуваат кога најмалку очекуваме...
     
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    не сакам спонтаност сакам работите да бидам кога јас сакам а не да чекам да се случат хахах. Добро да има некои работи што се најубави коа се спонтани али како што кажав не е во мој стил тоа воопшто :)
     
  4. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Сакам нештата да ми се одвиваат спонтано, некако тие ми се најнезаборавни, најслатки, најромантични.
    Немислам само во љубовта туку и на др.поле

    Но од др. страна сакам кога јас ке си ги испланирам. Кога јас ке одлучам што сакам, како да ми се одвиваат, што понатаму во животот и сл.

    Баш пред неколку дена ми се случи нешто спонтано, што позитивно врз мене влијаеше и се уште ми влијае на расположението. И ако нема врска со љубовта, се надевам дека и понатаму оваа личност ке е дел од мојот живот
     
  5. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Сакам кога спонтано ми се случуваат некои убави работи, работи кои пријатно знаат да ме изненадат. За останатото - преферирам јас да си планирам, да си кројам планови, и по можност - се да излезе според планираното :lol:
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.041
    Пол:
    Женски
    Животот е спонтаност. Колку и да планира човек нешто, секогаш доаѓа до непланирани и неочекувани ситуации кои знаат да го изменат планот.
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Факт е дека плановите тешко се реализираат според нашата замисла.
    Животот е тркало кое не знаеме на кое скалило ќе не постави. И тој ни ги сервира спонтаните ситуации.
    Убаво е кога големите работи се случуваат во вистинско време и место, но не е секогаш така.
    Не ја сакам спонтаноста, но научив со неа да живеам.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.921
    Пол:
    Женски
    Некои работи сакам да се спонтани, некои јас ги планирам