Форумџика на годината

Споредба со други љубовни парови

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 22 ноември 2011.

  1. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    И јас го мислам истото како rici.aaaaa и колку пати ми се има случено да си посакам некои работи кои во нашиот брак ги нема ама потоа си викаш од кај да знаеш како им е нив дома можеби сето тоа е за пред луѓе зошто во последно време тоа стана нормално да си различен пред другите или да не кажам да се (преправаш) што искрено мене тоа воопшто не ме бендисува а и јас не би се снашла во таква позиција ако веќе се изгубило се она што го имам ќе се бламирам повеќе со тоа преправање али сето тоа е индивидуално некој тоа мн добро го прави и кај др остава впечаток дека кај нив РУЖИ :f: цветат а не помислуваат дека на нив има и по некој трн........така да и јас си викам добро ни е како што сме си двајцата налудничави ;) :lol:
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Нема логика да се споредувам и да посакувам нешто што го имаат другите парови околу нас. Ниту тие не го живееле мојот претходен живот, ниту јас нивниот. Секој до целта наречена фамилија си стасува сам, со свој разум и истата ја оформува повторно без помош од другите парови од страна.
    Колку имаме толку, што имаме знам дека е само наше, додека се љубовта и почитта присутни буквално ништо друго не ми треба, материјалното на еден или на друг начин ќе го створиме.
     
  3. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Ми се има десено често уз муабет да се споредиме со некој пар со дечко ми. Али често се дешава другарките мои да ми кажат дека ми завидуваат за односот на мојот дечко со мене , дека тој не ме испушта од раце , дека е мн љубоморен дека ме сака и дека тие би сакале така да реагираат нивните дечковци, али сепак мислам дека сами треба да си ја градиме врската , дека неможе некој од страна да дојде и да каже кој како да се понаша.
     
  4. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас имам правено споредби неколку пати , а дечко мо се налути еднаш за тоа , и сега веќе не споредувам , имам слуштато дека со нас се споредуваат ]:)
     
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    На крај памет ми е да споредувам.
    Секој пар си е приказна за себе. Си имаат свои маани, начин на комуникација, начин на фукционирање.
    Можеби сум била во ситуација кога сум посакувала да не го имам тоа во врската ама подоцна сфаќам дека со самото тоа што ситуацијата ја надминуваме заедно, повеќе се зближуваме и тоа не искачило една скала погоре. И лошите и добрите работа ја градат врската. Не би сакала да навлегувам во туѓа врска, тие си го живеат својот живот и тоа е тоа.
     
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Неколку пати дечко ми има направено споредба: овие вака,оние така
    Па добро бе! Не ми е гајле за нив. Си имаме ние врска и треба да гледаме нас да ни биде убаво а не да се споредуваме со други. Ако тие секој викенд се по дискотеки не треба и ние да одиме по дискотеки..
    Како што ни е убаво така ќе си правиме и нема што да гледаме што прават другите :)
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    17.726
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се споредувам со други парови, секој за себе, нели? ;)
     
  8. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ако се сакаме негледам зошто треба да се споредуваме со други парови... :^) Дефинитивно не! :emo:
     
  9. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Никогаш ама баш никогаш.Едноставно другите се споредуваат со нас.Ние сме си прекрасни онака , најдобри што може да се каже :D
    Нема кавги , љубомора , шитови ..среќичка
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Често се споредувам, и секако некогаш и на него сум му кажала... А тој не разговара за друг пар, најчето јас :D
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.418
    Пол:
    Женски
    Не се споредуваме со други парови, секогаш гледаме како на нас ни одговара и што можеме да направиме ние сме пред се , и мислам дека најдобро е така и фала богу што не е некој да гледа по други и да ми кажува како што :D А за разговарање знаеме некогаш да спомнеме некој ама онака низ муабет а споредба НЕ секој за себе нели :lol:
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако некој не гледа нас од страна, веројатно никогаш не би посакал да ја има нашата врска :lol:
    Еднаш ми кажаа дека делуваме како да сме ладни еден спрема друг. Веројатно затоа што не си ги споделуваме емоциите на фејсбук, не се лигавиме во јавност, дури и немаме многу заеднички слики прикачени на интернет. Ама јас никогаш не сум го разбирала тоа јавно фалење колку ни е прекрасно во врската, колку многу си се сакаме и така натаму. Тие работи ги чуваме за да ги споделуваме меѓу себе.

    Зборот ми беше - не е сé онака како што навидум изгледа.
    Земете го предвид тоа кога се споредувате со други парови.
    Секоја врска си е сама за себе. Ако јас бидам со некој друг, или тој со некоја друга, никогаш не би ја повториле онаа врска што ја имаме сега.
     
    На LaraSolare, the.one, ines.h и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    не се споредуваме со други врски му се има случено да ми рече и само му реков "јас не сум таа и знаешколку ме нервира кога ме споредуваш" и 3 дена не му зборев :D
     
  14. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Најлошата грешка која може некој да ја направи..

    Јас така си уништив една прекрасна врска која ме правеше среќна, си имав човек со став и карактер ама гледајки ја другарка ми, посакав потрчко да имам исто како и таа.. Епа не го добив. |(
     
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Никогаш. Мислам дека пред се тоа е омаловажување на врската, а потоа и на партнерите. Каква ќе биде таа врска каде јас упорно ќе зборувам за постапките на Аце, Пеце итн. и се што тие прават за нивните девојки? Ќе испадне дека партнерот никогаш нема нив да ги достигне, никогаш нема да биде доволно добар, а дефинитивно тоа да се користи како начин на мотивација е погрешен чекор. Ако сум со него, значи сум со него затоа што тој ми е доволен и се него ми е најубаво.
     
    На FotoLina3 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  16. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Да, многу ретко, а и имам слушнато како некои се поистоветуваат со нас и тоа баш тие со кои ние се споредувавме :D
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Можеби сама во себе некогаш сум споредувала, и на подобро и на полошо, ама еден на друг такво нешто не сме рекле. Сме имале муабети од типот: "јас така никогаш не би", ама не сум му рекла никогаш: "зашто не си повеќе како него", ниту он на мене.
    Стварно нема потреба од ништо такво. Ако го сакаш човек, ќе го сакаш каков што е, и ќе го прифатиш со сите доблести и мани. Ако сакаш некој што е повеќе како дечкото на некоја си таму, раскини му на твојот и најди си друг дечко. Тој што го имаш сигурно нема да го смениш. :D
    Мојот тип на споредување е повеќе помеѓу нас двајца. Често знам да му речам: Ти не си ич романтичен, ама затоа јас сум романтична и за двајцата. :inlove:
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Нема смисла таква споредба.
     
  19. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Малку ми е ступидна идејата да се споредувам било со кој пар во светот. Секој пар е различен и посебен на свој начин, спрема тоа како би можела да се споредувам? Овие се караат повише, овие се сакаат помалку, овие поминуваат повеќе време заедно, овие помалку шетаат....
    Не сакам да се споредуваме, ниту пак сакам да не споредуваат.
    Секоја врска има добри и лоши денови!!