1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спорот и проблемите со Грција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас незнам, народов во Грција дали може по вандалски да се однесува.... :x
    Ако политичарите си имаат проблем, што е должен некој турист да страда-кој е можеби најмалку виновен.
    Еве една последна објава:
    Ознака ГР од јужниот сосед за македонски автомобил
    [​IMG]
    Секоја година иста приказна. Македонските туристи кои се најбројните во Грција и се главен мотор на грчката економија, неретко дома се враќаат со оштетени возила како што е ова на фотографијата кои по мејл, од познатото летувалиште Сарти ни ги испратија две наши читателки.
    Табличките на "реното" каде што е напишана македонската кратенка и знамето е прекриен со син спреј за графити, а потоа од страна на браникот со големи букви е испишана кратенката на нашиот јужен сосед-ГР.

    - Шест дена сме тука и досега одлично се забавувавме, но утринава кога го видовме автомобилот ни преседна. Иако сакавме да пријавиме во полиција, по сугестија на нашите соседи од Србија дека можеби во ова и полицијата е замешана, се исплашивме и не го сторивме тоа. Имаме уплатено до среда, но не сум сигурна дека ќе останеме, вели читателката на весникот.

    Ова не е прв пат возила на македонски туристи да бидат на мета на грчки националисти. Ниту една сезона не минува без пријава на македонскиот граничен премин за вандализирани и искршени возила или украдени таблички, а ги проголтавме дури и лепенките ФИРОМ кои ги добивавме на граничниот премин од грчките цариници.
    ______________________________________

    До кога вак...е прашањето? :@
    Што мислите за нивното вакво однесување? Дали може сте се нашле во ваква ситуација и слично?
     
  2. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Нема да го коментирам нашето одење таму.....затоа што никој не смее и не можи да ми забрани и да ми каже каде да патувам.Но овие суштества се еден таков народ кој никогаш нема да се научи на кулура и почитување.

    Еве ќе ви кажам еден пример....(колку да споредиме за тоа дека сме многу попаметни и покултурни од нив)...
    Пред некој ден си тргнуваме од дома со мајка ми да одиме в центар и беше петок така да имаше многу грчки коли(во Битола) и гледам како покрај кејот еден човек (грк) неможи да се изначуди...прозорецот цел ден му бил оставен оторен целиот и внатре никој ништо ниту му чепнал,ниту му чкртнал.....буквално ништо.......И човекот вика:"Неможам да поверувам.....па ова да беше обратен случај сигурно дека ќе му ја искршеја цела маска на колата или радио ќе му откачеја намерно! Браво...никогаш нема да станеме луѓе!!! "
    Преводот благодарение на мајка :D

    Тоа е пусто македонче и на душманите им се постиламе......но што да се прави кога пазарот во Битола живее токму од нив.....СЕ Е ЕКОНОМИЈА....ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ! :)))
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Нема да зборувам за политика и поединци, сме биле и не сме имале никакви проблеми. Ќе зборувам за тоа дека сме мотор на грчката економија :^) Пааа, не сум баш сигурна. 80% ако не и повеќе од нас одат на евтините места, плаќаат до макс 200евра смештај, храна носат од дома, а да биде уште потажно, моите на одмор кога беа раскажуваа како од нашите навечер излегувале и береле лимони по цели торби :^) Мислам... колку лимон може да ти треба бре човек? Јас би рекла дека и штета им правиме :D Да бевме само ние, малку ресторани ќе останеа отворени во Грција. :D Дека Грците нешто повеќе ќаруваат од нас, не би се согласила, Грција има луксузни места каде народ од цел свет доаѓа и троши големи пари, ние не сме ништо посебно. Кога ќе имате можност да отидете (не дека сакам да плукам по нашето, реална состојба е) на некој од островите каде туристите се воглавно од западна Европа, а нашите во минимален број и кога ќе направите споредба однесување на тие туристи и на дел од нашите, све ќе ви биде јасно.

    Веројатно среќата сме ја имале да не налетаме на секакви идиоти :) Меѓутоа ќе кажам, добро е што нема никаква поголема материјална штета, а уште подобро што нема повреда на луѓето. Ако се одлучите да одите, паркирајте на сигурни места, гледајте сместувањето да има свој паркинг и то... :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Нашиов спор најоспоруван :D Не дека ќе се реши некогаш, никогаш, освен ако некој од двете страни, доброволно сам му стави крај на споров, само ради ЕУ и НАТО.Бидејки можеби и не се важни националните интереси, нели сосем друго е важно, како претходно споменатите.Смешен ми споров, дури и веќе проѕирни се работиве околу него.Како да не можел да се реши, наводно, ама нели како ќе каже нејзиното височество Америка, така и ќе биде, нас кој не прашува.Немам отидено во Грција, никогаш, а и милиони да ми платат, нема да отидам.Тоа што тие го прават, веќе е досадно, кој македонец и да отиде, се нешто му прават, па и не мора да е тоа во Грција, туку каде и да отиде македонец, гарант ќе се појави грк, па ако треба ќе се расправа и на крајот на светот.Ако добро се сеќавам, чинам, од времето на Александар, во Пакистан, некој изградил наши објекти и сега бидејки и таму отишле грците, за да се расправаат дека објектот е нивен |( Па добро, мислам и во Пакистан, специјално да одат и намерно свои објекти таму да си градат, тоа не разбирам.Секако, Пакистан не е нивен, па сега и таму да се расправаат.Затоа, не е битно, дал е Пакистан ил е Мексико, ама ако има македонец таму, може слична судбина да му се деси.А тек па за проблеми на граница, тоа не е ништо :wasntme:
    Ако веќе решиле странциве да ја снема нашава држава, барем нека не развлекуваат, па ко божем идентитетот, незнам што, бидејки крајно смешно е да се збори за тоа кој од каде потекнува во случајов, бидејки секако дека Грција, нема основ за истото да се бори и докажува за нешто што патем не е нејзино, а ниту пак идентитет.За тоа, мислам дека најмалку се повикани да зборат, што како основна причина го доведуваат во прашање нашиот идентитет.А затоа не сакам да одам во Грција, не дека сум политички определена, туку затоа што ужасно смешно е тоа што тие тврдат.
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ако ако , пак нека идат таму , ги плукаат , им ги "фарбаат" колите и ги понижуваат и пак идат .... нека колите им ги скршат ....
     
    На Dreams.678, i...ja, BlueHeart и 2 други им се допаѓа ова.
  6. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ахха, абе Сноу и јас пред некоја недела кога бев во Ск (не е битно од кој град сум) па ми ја дупнаа гумата онака со нож значи ептен очигледно е и дека во мојот град и Скопје не се поднесуваат баш баш..муабетот ми е дека секаде има исклучоци луге и нелуѓе.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Никогаш не сме имале никакви проблеми со грците во Грција, јас дури еднаш од предстрожност на прашањето „Од каде сте?„ одговорив „Од Скопје„ а грците на мое пријатно изненадување ми возвратија: „Ааа, од Македонија!„ :) - и тоа во Солун, гл.град на нивната МакедонИа (со акцент на „и„ а без „ј„) - и не, не беа егејски македонци, беа грци. Имено, за среќа не се сите опседнати со политики.

    Инаку грчката политика не им прави проблем само на македонците:
    Албанците не можат да влезат во Грција поради топонимите
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Еве ново од денеска:
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Но затоа рестораните за брза храна и “гирарниците“ би доживеале експанзија. Oд сиромашен народ како нашиот, арно е што и волку добиваат. :D

    Шо се тиче суштината на спорот, некако ми нема смисла. И двете страни се занесуваат.
    Од таа античка цивилизација одамна не е останато ништо. Поверојатно ми е дека и едните и другите имаме делумно османлиско потекло :D oтколку да верувам дека сме чисти потомци на народ кој постоел пред наша ера. А ако одиме според потретите од владетелите тогашни, ни по физикус ама уопште не ме потсеќаат на Грци.

    Не ги обожавам Грците, сум слушала грозни приказни за нивниот период поминат во наша окупација, но се` додека некој друг не биде толку солидарен да ми пружи такви услови за одмор по таква цена, ќе одам таму.

    Баш тоа расправање со сите и „ова е мое“ став кон 90% од работите кои се создадени во светов говори за тоа колку тие самите потсвесно се сметаат за културно сиромашни, па мислат дека викајќи „ова е мое“ ќе ја сменат перцепцијата за нештата. Да е све толку нивно, немало пола животен век да се занимаваат со окупации.
     
  10. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Мое мислење: Ние со Грците си имаме и повеќе од добри меѓусоседски односи.
    Зошто?
    Ние одиме кај нив на одмори, на шопинзи во Солун, па узо-музо и козметика од Freeshot-oт, па маслинки и овошје; тие пак доаѓаат кај нас во казина, оние кои живеат близу граница купуваат нафта од кај нас, имам слушано дека во Битола и Гевгелија имаат отворено фабрики за текстил поради тоа што нашата работна сила е поевтина од нивната и сл.
    Е, :!: сега, сите овие дешаванки на кои сме сведоци се резултат на тензиите за кои се виновни исклучиво политичарите и историчарите.
    „Аце е наш, не е ваш“.

    Па што е важно чив бил? Остајте го човекот да си почива во мир.
    Божем ако откриеме чив е навистина нешто ќе ни смени. Аха, важи!

    И онака не ја бараме таа територија која е на нивно тло денес. Ниту губат, ниту добиваат нешто ако се викаме Македонија. Име како име - збор со кој те ословуваат другите.
    ова е само моето мислење. нема потреба од напаѓања после постов. :)
     
    На cocoa28, daylight и tessie им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    Јас сум порасната со спорот за името. Имав единаесет години кога почнаа првите проблеми. Претходно секако не сум следела политика. Не дека и тогаш ме интересираше, ама имаше случки на кои не можев да останам рамнодушна.

    Мојата омилена тетка тогаш живееше на Крит, таму работеше како архитект неколку години. Сама беше, без семејство, и релативно млада, околу 32-33 години. Еден ден ја собрале од работа, и ја депортирале со комбе на македонска граница, како да е најголем криминалец. И рекле дека не смее веќе да престојува во Грција. И се разбира истото им се случи на еден куп луѓе кои живееја таму.

    Иако бев дете не можам да ви опишам колку мизерно се чувствував кога го воведоа ембаргото. Не можевме ни до Охрид да отидеме. Немавме бензин, боновите што ни ги даваа едвај им стигнуваа на моите за основни потреби. Бонови, еј, каква мизерија!

    Се сеќавам на еуфоријата кога ООН не примија под несреќната референца. Мислењето беше дека е готово, речиси и да се реши спорот, за година - две се ќе биде решено. Од сегашна гледна точка не знам колку тоа бил вистинскиот избор, но сигурна сум дека од наша страна намерата била чесна. Не можам да ви опишам колку беше среќен Киро Глигоров кога не примија во ООН, а и генерално, расположението беше исто како кога САД не признаа под уставно име.

    Искрено, баш ме боли и за Александар, и за Филип, и за Букефал, и за Хеј Словени. Многу е глупаво да се тврди некое потекло од пред толку време кога државите немале допирна точка со сегашните. И да имале, колку е важно?

    Ама ме боли сегашноста. Да бара некој од мене да си го сменам идентитетот - е ужасна навреда. Отсекогаш сум мразела уцена, ме учеле дека со уцени ништо не се постигнува, а гледај, реалноста била сосема поинаква. Мене лично уцената ме боли. Искрено, не ми е ни важно дали ќе се викаме Горна, Северна или каква и да е Македонија, се додека е Македонија, ама начинот на кој сме уценувани подолен не може да биде. И тоа во институците кои би требало да се олицетворение на најразвиената демократија. Жими мајка.

    Не можам да ви кажам колку ми беше мачно секое читање или пишување на рефернцата, а за беља, едно време морав многу често службено да ја користам. Се чувствував како продадена душа која плука над нешто за кое некој се борел и гинел, само за пари. Нејсе, и тоа помина.

    Јас не одам во Грција. Ако сака нека е најубавото и најевтиното место на планетата, за мене едноставно не постои. Воопшто не рачунам дека постои како опција. Кој сака нека оди, никогаш не им солам памет на тие што одлучиле да одат, ама јас не одам. Одбив и службено да одам еднаш, иако не беше страшно тоа што не бев. Повеќе беше за шетање отколку за работа, па прошетаа и без мене. Сум била само еднаш, на еден ден, и тоа да направам атер на другарка која беше ептен во депресија и во тој момент оценив дека повеќе ми значи тоа што ќе успеам барем малку да ја орасположам, отколку патриотските чувства. Ама и тогаш кога одев не можам да ви кажам колку лошо се чувствував. Како да изневерувам некој близок, како да забивам нож во грб на некој кој ми пружил се. Можеби и моево е претерано, ама едноставно, така се чувствувам.

    И не гледам можност за разрешување на спорот во скоро време. А и кога живееш со нешто дваесет години, веќе станува дел од тебе и воопшто не очекуваш дека некогаш ќе се реши. И се разбира, по некое време сфатив дека тое е еден од помалите проблеми. Ние самите сме многу поголем проблем. Нашиот менталитет кој не води во пропаст.
     
    На Mrs.Bass, XMaN, Jewel и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Спорот со името е најмалиот фактор во целосната успореност на македончето. Спори сме во политичко-ментален развој, а спорот од насловот е многу мал проблем произлезен од севкупната неспорност.
     
    На JuLleE, Abeja, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Не, тоа двете страни имаат улога, таква е политиката, проблемот не бил со грците како народ. Душички.
    http://grid.mk/news/505464430/i-grchkat ... makedonija


    Ќе искоментирав уште нешто во однос на темава, ама ќе се воздржам. Многумина тука би се нашле навредени.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ај навреди ги... :D Ме заинтригира многу што би бил твојот став или сознание. Можеш и да ми пишеш во лична порака, јас тебе неможам, изгледа исклучена ти е таа опција.
     
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Хахахаха смешно
    Тие биле потомци на античките Македонци што живееле во северна грција? Ај да умееја да лажат добро овие појма немаат. Секако дека има во северја грција македонци и тоа наши луѓе.
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Искрено незнам шо си го тупите мозкот со политика ? Ма око не ми трепнуе бе шо сака нека се случуе и така и така немам лично никаков корист така да сеедно ми е ама не се замарам а мислам и вие би требало
     
    На tessie и daylight им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Искрено се надевам дека доаѓа наскоро денот, мирољубивата епоха кога мнозинството млади ќе почнат вака да размислуваат, ден на преродба на целата планета Земја, ден кога историјата ќе падне во длабок заборав, ден кога нема да биде битно дали е некој македонец, грк, американец, јапонец... битно да е земјанин и да придонесува за општото добро на севкупниот живот, вклучувајќи ја тука и природата! :)
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Самите сме криви што не не признаваат. Со години не навредуваат нивни политичари, не негираат а Македонците одат кај нив на одмор и се претставуваат како Срби. Срам им е да кажат дека се од ФИРОМ, а парите ги трошат таму. Една колешка и 2 пати во лето оди на море во Грција. Арно не му текне на Грујо да го оданочи влезот во Грција, на пример 50 евра по човек за влез во Грција па ќе видите како ќе се одвикнат. Ова предлогот ми е диктаторски, ама соодветен е за актуелната политичка состојба.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Забораваш дека голем број луѓе од македонија имаат бугарски, грчки, хрватски и други пасоши. Освен тоа, како би влијаела таквата мерка врз Грција да го промени својот став по прашање на името?
     
    На pravnicka2 и swrcii им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Нема да влијае, ама нема нашите пари да ги трошиме кај нив.