1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спорот и проблемите со Грција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

  1. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Последниот денар што го имам ќе го трошам во Грција, све дури ми се може и све дури таа земја ми нуди мене како турист она што барам (преубави плажи, чисто и топло море, солидни апартмани по разумни цени и превкусна храна, а башка шопинг во Солун...) Сигурно дека нема да изигрувам мајмун и да глумам патриотизам во оваа трула држава, која гледа до коска да го соголи соопствениот граѓанин, во која брат со брат да можат очите ќе си ги извадат...Нова кола ми била на сред центар, на паркинг гребена со клучеви и гуми ми биле сечени...Од кого...? - Од македончето...Зарем во Охрид ќе ги трошам парите, на ладно езеро, камења по плажите и 300-400 денари за еден сендвич скапан и пак ќе бидеш омразен како скопјанец од угостителските ѓубриња таму (чест на исклучоците)...
     
    На ludoto19, jb82, Irrepleceable и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Хмм, ваков потег може само доживотно да ме одврати од нашите туристички дестинации, ништо повеќе. Глупости, некој ќе ми одредува каде да одам на одмор. :puke: Ако има некој пари за поскапи дестинации нека не им се меша во изборот на другите.

    Башка ко шо рече дејлајт, би било само повод плус за оние кои се`уште се двоумат дали да извадат ваков/таков/онаков ЕУ пасош.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Teси џабе го праиме муабетот, едноставно ние сме непатриоти и сме немакедонци што идеме у Грчка и точка. На глава да им дубиме, да полемизираме до сабалје нема да ги убедиме.
    Нека стаат бе нека стаат, нема да ме спречи да идам ако сакам и ако џебот ми тропа.
    Кај плати само кратат, никакви работнички права па уште мој буџет да ми управљаат, нека го контролораат државниот и за тој нека се грижат за кој се дебело платени, за мојот, твојот и на сите нас нека не се секираат, си знаеме бољи економија да си водиме ние.

    Како тоа јас секоја година идам во Грција, не се срамам да кажам дека сум од Македонија, па никој ништо не ми рекол, напраил, утепал, и не знам што? Баш се љубезни, зашто трговија, јас пари им оставам они се таму за ме услужат мене и не мешаат баби и жаби.
    И кај нив има запалени глави ко кај нас, јасно е, ама политиката не ја занимава трговоцот на кој тие моие 300 евра и те како ќе му дојдат слатки и мили.
    Поголемо гостопримство сум добила во Грција, него во Охрид, ама најискрено ќе си кажам.
     
    На ludoto19, 2036, cocoa28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Имав прилика пред месец,два да работам на промоции во центаров на Скопје.
    Дури тогаш навистина согледав колку туристи го посетуваат градов.Убаво ми беше да гледам како наоколу сликаат и се восхитуваат на убавините.
    Е сеа,имаше меѓу турите и Грци кои застанаа да купуваат сувенири и разгледници.
    Продавачите многу добро знаеа од кај се и кои се,но мудро и гостоплимиво ги услужија.Истите тие после заминувањето на грциве,почнаа со оговарање и патриотизам
    Ако толку не ги сакаа,можеа да се направат на три ипол и да не ги услужат,но секако,пари беа во прашање.Зошто културно да се однесуваат,ако тие истите им враќаат со уништени коли и триста работи?
    Јас кога несакам некого,не го сакам и тоа е тоа.Не се умилкувам и не се потценувам.

    И ние незнаеме што сакаме.Едно мислиме,друго кажуваме,трето правиме.Ако се патриоти,нека бидат во вистинска смисла.Јас незнам како треба еден патриот да се однесува,бидејќи со мојот одмор во Грција годинава автоматски губам својство на патриот.
    Мои пари,мој избор.Кога ќе имам повеќе,ќе тркнам до Дубаи и ќе ви пишам како си поминав :rofl:

    Многу повеќе сум била навредена од Охриѓани,кои спрема Скопјаните имаат предрасуди,без да сфатат дека ние им го полневме џебот секое лето (со исклучоци :!: ).Среќа,гледам се повеќе се опаметуваат луѓево,и за истите пари си одат некаде на море.
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, кој ни` е крив што сме предавничка багра. Поштен, алтруистички и пожртвуван народ се напати од нас. :lol:

    И јас исто. И глупо ми е да се устручавам ко некои да викам од Скопје дека сум или дека се преправам дека зборам српски, а после дома да кукумјавчам дека накриво ме гледале. Па ни ја нема да имам нешто ексклузивна почит кон оној кој се срами да каже од кај е. И тука они пак се гледани како поголеми патриоти од мене и тебе и повише ги боли душата за Македонија. :D

    Мене секогаш убаво ме пречекувале во Грција, не сум имала ниту еден проблем. Ниту еднаш не ме дискриминирале. А за тоа што си мислат угостители за мојата земја дубоко у душата најпоштено ме заболе се` додека не го покажуваат.

    Од друга страна пак, мeне двапати ми се има десено, на интервју за работа, имплицитно (ама пак приметно) да ме дискриминираат потенцијални работодавачи затоа што сум од Скопје, а они се од внатрешноста и као нешто повеќе се бореле од мене у животов. Што се бореле повеќе од мене? Една кирија што плаќале? Како било за нив, така и за мене. Да не зборам дека ради таа кирија и тој пат милион пати сум гледала како биле привилегирани на факултет, специјални термини за предавања/испити, а не се подзамислиле дека некој кој е од Ѓорче поминува приближно исто пат како некој што е од Тетово, ама за Скопјаништата не се мислело никад. Еее, од Скопје се, лесно им е. И јас сум живеела во друг град и сум плаќала кирии за да задржам работно место, па пак ми беше полесно затоа што сум од Скопје. |( Уште накриво ме гледаа ... како мене многу да ми беше убаво што поради некоја колешка која сакала да се напика во Скопје по цена на животот, јас мора да патувам и да плаќам кирии.

    Малку отидов офф, но сакав да кажам дека надворешните непријатели не се ништо во споредба со некои примероци со која иста земја, јазик и вера делиме. Односно како што си се мразиме самите меѓу себе, никој не не` мрзи или пак толку да се замара со нас.

    Да беше обратна ситуацијата, сите патриоти ќе навалеа „Какви лицемери... вие уште трошете ги парите кај нив, бла бла...“ :D На моменти се губи осетот со реалноста ради овој спор. :D
     
    На ludoto19, Hipster, Irrepleceable и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Tessie, не е проблемот тоа што одите во Грција и летувате, туку во тоа што не убедувате и мачкате очи во нешто што и самите не верувате ;)

    Со твои пари ќе одиш каде сакаш и кога сакаш. Грција има убаво море, плажи и природа. Тоа никој не го негира или било што, но достоинството е во прашање на оваа мизерна распадната нација. Кога самиот незнаеш да се цениш не очекувај и друг дека ќе те цени.

    Ти си повеќе дискриминара од Македонци, затоа што и 99% од времето го поминуваш со Македонци. Тоа е и поентата.

    Не лажете и манипулирајте маса тука дека во Грција никој не ве дискриминира и навредува. Како тоа народот во Грција не се замарал со Македонија кога трета по популарност партија во Грција е Златна Зора којашто е строго националистичка партиа, а и првите две партии во Грција се строго анти Македонија и Македонците? Значи во Грција 99% од гласачкото тело освојуваат партии коишто се анти Македонија. Значи изборите лажат или вие лажете?

    Оди прашај ги свесните Македонци коишто живеат во Егејска Македонија дали се изјаснуваат како Македонци, дали учат македонски, дали имаат македонски имиња, дали на нивни свадби се свири македонска музика, дали има македонски училишта?

    Грците сега почнаа подобро да ве тинтраат, затоа што паднаа многу ниско со стандарт поради финанскиска криза. Инаку порано дали кога беа многу моќни ве тинтраа подобро ? Кога пак ќе стане силна грчката економија тогаш пак ќе почнат да ве шутираат како стигнат. Плус, многу Македонци таму што работат преку лето лажат дека се од Македонија и кажуваат дека се од Србија.

    Грците гостопримвливи? Оди на Закинтос, Миконос, Скијатос, Крф, Лефкада и наброј ми колку Грци работат во угостителски објекти, колку од рестораните преку лето ги држат Грци.Мнозинството од вработени таму не се Грци, туку Англичани, Срби, Македонци, Романци секакви.

    Секојдневно има автомобили што се изгребани, искшкртани со спрејови и се останато.

    Нормално дека Грци ќе бидат фини и пристојни кога ќе напечат три Македонки дојдени сами на одмор, па спуштање тука ѕвезди “Ние немаме ништо против Македонија“ само колку Македонките да спуштат побргу гаќи. Тоа е факт. Јас не би го тврдела ова да не сум била. Бев еднаш во Грција на одмор и доволно ми стана колку е часот.

    Грци доаѓаат во Битола и Гевгелија поради коцкање и неплаќање данок, а притоа и лесни Македонки коишто им се продаваат. Затоа им се привлечни тие дестинации, а не дека многу те сакаат и почитуваат.

    Вие многу добро знаете како стојат работите, но ги кажувате како вам ви одговараат, но не секој живее во илузија.
     
    На Dreams.678 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Досега во Грчка (ниту кај било на одмор) гаќи не сум спуштала ниту сум давала до знаење дека некој може да ми ги соблече. Не зашто биле Грци, туку затоа што избегнувам многу физички блискости со непознати луѓе на одмор. Од здравственa предострожност која свесна сум дека е малку претерана но и потсвесно психички ме кочи за такви излети. Некој ќе рече „постојат и кондоми“ но јас сум свесна дека можеби според некого и претерувам од тој аспект.

    А за ова што 99% од времето го поминувам со Македонци не ми е никаков изговор. Баш повеќе ме боли истото што ќе го доживеам од свој отколку од туѓ.

    Секаде има луѓе и нелуѓе, а тие кои се на мртво заслепени од политика не ги преферирам за дружба, па од која земја сакаат нека се.

    А за илузиите, затоа се вика ОДМОР. Затоа се` е уредено во туристичките места како во бајка. За на неколку дена да заборавам на работа, политика, вести, сметки и тн.

    А за кола, кој не знае да се грижи за неа, секаде ќе му ја оштетат. И јас да паркирам тука на непознато место ќе ја најдам со пола делови. Сега на одморов не видов ниту една оштетена кола со мк таблички а секоја втора беше со од оние новите таблички со мк.

    И за искуството, сум била кај домаќини Грци, така што затоа и зборувам. Не се воодушевувале дека сум од Македонија, но не го ни менувале третманот. А тоа што биле лицемери и го правеле за корист. Па кој не е? Ние многу си ги сакаме туристите санки, пари ич не им земаме. Секоја насмевка ни` е искрена.

    Малку отворени видици бре луѓе... помалце замарање со политика. Во западнине земји пола млад свет не знае премиерот како им се презива, ние со какви работи се замараме. |(

    A тоа што некој донесува заклучоци за мене затоа што сум била во Грција на одмор, повеќе зборува за него, отколку за мене.

    И малку офтопик, на секое твое мислење гледам како збориш за девојки на шипки шо се качувале на одмор, шо спуштале гаќи, курви, вакви, такви и не можам да не забележам силен отпор и фрустрација. Шо ти сметаат тие уопште толку? Нека си живее кој како сака. Како мене не ми пречат? Јас сум задоволна со животот што го имам и покрај тоа што не вклучува играње на шипка и авантуришење со дечки по одмори. А никој не ми брани да ми е забавно. Само што сега авантурите ми имаат нов изглед и вклучуваат еден ист човек.

    И не се лесни девојките од Битола и Гевгелија затоа што идат со Грци. То што је лепо и Богу је драго, а познавам многу убави девојчиња и од двата града така што ... едноставно се заљубиле. Да мислеле тие дека се толку лесни немало на толку многу прстен да им стават и дома да ги однесат. Баш еден пар што познавам таков, мажов е ептен кавалер и си ја чува како капка на дланка...
     
    На Hipster и cocoa28 им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Валерија, по туристичките места никој не ти се замара со политика.
    Они си го гледаат туризмот, од тоа леб вадат и верувај дека не им е гајле ти кој си и од каде си.
     
    На Peppermint, ludoto19, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Tessie, никој не спомна дека ти си таква по одмори и дека тоа го правиш, туку зборам од лично искуство што знам многу такви девојки. Јас неможам да зборам за тебе, затоа што не те ни познавам, а не е ни благодарно. Овде на форум сите чесни, никој не озборува, сите се најдобри, најљубезни, најдругари, никој не озборуваат така да мене форум не ми е релевантен за ништо и на никој не верувам тука на некое мислење. Можеби и тие три Македонки пачаври од Аеродром што во неделата седеле со Шиптари во сред Аеродром по што настанала огромна тепачка кога локалното население од Аеродром ги приметило дека се со Шиптари, па едвај извлекле жива глава ќе дојдат на форум и ќе го кажат истото дека “тие никогаш не го правеле тоа“.Но, за тоа не е ни време и место да се дискутира тука.

    Јас не сум исфрустрина или агресивна, туку само ја кажувам вистината којашто вие очајно се обидувате да ја прикриете.

    Во Западните земји и те како младите знаат политика и кога малку ќе им зашкрипи веднаш излегуваат илјадници на протести, а не како кај нас. Тоа е илузија дека тие ништо незнаат. Знаат многу повеќе отколку ние.

    Тоа е многу ниско да кажеш “некој да живее како сака “. Тогаш ајде сите да правиме што сакаме? Може?Најлесно и јас можам да го пишувам тоа и да фрчат лајкови од девојки на коишто Ким Кардашиан и постирање слики на Фејсбук со муцка им е најголем достиг во животот. Но не, нема јас така да пишувам, затоа што сакам да си го искажам моето јас тука.

    Познаваш Македонки омажени за кавалери Грци, но утре тие деца на кавалери Грци носат грчки имиња, учат во грчки училишта, учат грчка историја и се воспитани како Грци, а додека наши пола села ќе има стари ергени Македонци, затоа што неможат да најдат Македонка да се омажат пошто се омаловажувани и деградирани, па затоа и ќе изумираме како нација. Од друга страна немаш ниту една Гркиња или скоро минорно мал процент Гркињи мажани за Македонци што е еден убав показател да се разглаби зошто е така.Каде се тие Гркињи што не се замараат со политика и да се мажат за кавалери Македонци? Има и многу богати и убави Македонци. Немој цело време да ја гледаш едната страна и да ја прикажуваш истата што ти одговора. Машка перцепција и женска перцепција е многу различна и на различен начин функционира.Просечен Грк не му е проблем да ожени Македонка, затоа што истата на многу лесен начин и ќе ја асимилира за брзо време, но просечен Грк никогаш нема да дозволи негова сестра да се омажи за Македонец, затоа што ќе го изгуби грчкото што и убаво се гледа во државните статистики каде што нема ни забележано ниту еден брак меѓу Македонец и Гркиња. И, сега што правиме? Дали знаеш ти дека Грците се еден од најслабо образованите народи во Европа? За кое кавалерство ти ми збориш? Поентата е што паѓаат на тоа дека ќе живеат на море и ќе го прчат цел ден, а не на кавалерство.

    Мојот пост ниту ќе има некакво влијание , ниту ќе ги спречи Македонците да одат на одмор, а ниту ми е поентата таква. Секој што има повеќе пари ќе сака да оди и подалеку, да шета и да види. Тоа е нормално, но моја е поентата да не продавате лажна слика и бајки кога не е така воопшто.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На крајот на краиштата, мислам и дека има по некоја на форумов мажена за Грк, па таа ќе си каже што мисли...
     
  11. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91

    Штета што еден млад човек вака размислува... :|
    Само тоа болдираното ќе ти го коментирам накратко...

    - Има некои правила според кои албанци не смеат во Аеродром да седат? Каде го пишува тоа? Аеродром е скопска населба, кадешто најголем процент се скопјани, но задњиве години све повеќе луѓе од Источна Македонија се доселуваат таму, масовно значи...И за Ново Лисиче важи истото...И се прават на секое ќоше згради. Доколку Албанците не се закачале со никој, нема НИКОЈ право да ги брка од Аердорм, а за цурите - нивни живот, со кого ќе им ќефне нека си седат...Ти ли ќе им кажеш? На пазарот во Аеродром, до Бисер што е има на 2-3 тезги Албанци што продаваат и јас редовно од кај нив купувам патлиџани, пиперки, свашта..Најквалитетен зеленчук продаваат... :) И ти да идеш во Чаир да се закачаш со Албанци има партал да те направат...Секаде ти е исто тоа... :)
    - А за на Запад нема благе везе дека младите се разбираат и се бават со политика...Таму младите имаат идеални услови за живот, се почитува хиерархија, секој си го знае своето место во општеството...Во Швајцарија например, добар дел од младите не знаат премиер кој им е, а камоли политика да ги занима. Тоа го прават нашите млади, кои чарето и напредокот го гледаат само преку партиска книшка...Да го утокмат неспособниот газ на некоја добра позиција преку партиите...
    - А за браковите меѓу Грци и Македонки...Јас тие што ги познавам неколку ми се баш слатки и симпатични, а башка како што има згодни жени овде во Македонија, Грците можат да сонуваат дека кај нив ќе најдат такви...Каква врска има политика тука, не знам...? А во Битола и Гевгелија ако има спозноруши што идат со Грци, нека си идат..таквите по цела држава ги има..Гледаат некое мутаво теле да начекаат и да му се увалат...Не мора Грк да биде, не се секирај... :) А по селата што има стари ергени зарем Грците им се криви? Обично таквите зимаат од Патишка Река или Пустец невеста, а соселанките нивни ловат во градовите големи сомови...
    Ти си измешала многу лончиња и капачиња во постов... :)
     
    На Hipster и tessie им се допаѓа ова.
  12. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не сум јас измешала никакви лончиња и капачиња, туку ти зборуваш глупави и неосновани работи.

    Во Франција излегоа 1 милион луѓе на парада против хомосексуалноста и ти ми зборуваш таму никој не се замара? Таму секојдневно има протести на синдикатите, младите и слично. И таму има невработеност како во Шпанија 26%. Холандија 10%, Италија 12% што е големо зголемување на невработеноста последните 4-5 години. Така да другпат пред да коментираш земи нешто и прочитај.

    Прашањето е дали Македонци машки ќе отидат во Чаир и ќе седат со Шиптарки во сред парк, а?Зошто Шиптарки не се толку големи гостопримвливи и не ги поканат на седенка во Чаир , а? До кога ќе се фолирате тука. Таму сите Македонци што ги знам се враќаат со такси дома, затоа што им е страв дека ќе ги претепаат како што имаше над 70 напади последната година, а девојче да не се качи во автобус , а да не ја штипат за газ или да досвиркуваат. Дали јас имам право да кажувам тие пачаври што да прават? Не, ама нека си идат со нив, а не да ги влечат во македонски населби коишто се релативно безбедни само затоа што ги нема нив. Ете видиш на поголемиот број граѓани им сметало тоа, па се организирале и биднало тоа што биднало. Значи не сум само јас таа што и сметало, туку имало многу, а ни девојките нема да останат покуси во блиска иднина и ќе останат без заби знаејќи го менталитетот на Аеродромците.Едвај извадиле жива глава и избегале.Пола Македонци од Чаир и Скопје Север се преселија во Аеродром и Кисела Вода , затоа што неможат да издржат таму, а ти тука ќе ми изиграваш Дева Марија. Тоа што Албанците дошле кај тие девојки не е поради тоа што се многу дружељубив, туку поради тоа што тие биле пачаври како што и ги сметаат Македонките за лесни.

    Што се однесува до другото. И во Грција има спонзоруши, но што не одат со Македонци, а?
    Тоа е илузија дека нема згодни Гркињи. Има и тоа преубави Гркињи, но нив нема никогаш да ги видиш со Македонец, затоа што така се воспитани и одгледани да размислуваат од истите тие Грци што Македонките ги асимилираат. Тие имаат национален дух којшто е граден. Знам многу машки Македонци во Грција што работеле и живееле и никој не оженил Гркиња, затоа што не те рендаат два посто и не сакаат муабет да прават со тебе штом им спомнеш дека си од Македонија. Тоа е факт и дојди негирај ми го тоа со статистика.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    [/quote]
    Не сум јас измешала никакви лончиња и капачиња, туку ти зборуваш глупави и неосновани работи.

    Во Франција излегоа 1 милион луѓе на парада против хомосексуалноста и ти ми зборуваш таму никој не се замара? Таму секојдневно има протести на синдикатите, младите и слично. И таму има невработеност како во Шпанија 26%. Холандија 10%, Италија 12% што е големо зголемување на невработеноста последните 4-5 години. Така да другпат пред да коментираш земи нешто и прочитај.

    Прашањето е дали Македонци машки ќе отидат во Чаир и ќе седат со Шиптарки во сред парк, а?Зошто Шиптарки не се толку големи гостопримвливи и не ги поканат на седенка во Чаир , а? До кога ќе се фолирате тука. Таму сите Македонци што ги знам се враќаат со такси дома, затоа што им е страв дека ќе ги претепаат како што имаше над 70 напади последната година, а девојче да не се качи во автобус , а да не ја штипат за газ или да досвиркуваат. Дали јас имам право да кажувам тие пачаври што да прават? Не, ама нека си идат со нив, а не да ги влечат во македонски населби коишто се релативно безбедни само затоа што ги нема нив. Ете видиш на поголемиот број граѓани им сметало тоа, па се организирале и биднало тоа што биднало. Значи не сум само јас таа што и сметало, туку имало многу, а ни девојките нема да останат покуси во блиска иднина и ќе останат без заби знаејќи го менталитетот на Аеродромците.Едвај извадиле жива глава и избегале.Пола Македонци од Чаир и Скопје Север се преселија во Аеродром и Кисела Вода , затоа што неможат да издржат таму, а ти тука ќе ми изиграваш Дева Марија. Тоа што Албанците дошле кај тие девојки не е поради тоа што се многу дружељубив, туку поради тоа што тие биле пачаври како што и ги сметаат Македонките за лесни.
    Што се однесува до другото. И во Грција има спонзоруши, но што не одат со Македонци, а?
    Тоа е илузија дека нема згодни Гркињи. Има и тоа преубави Гркињи, но нив нема никогаш да ги видиш со Македонец, затоа што така се воспитани и одгледани да размислуваат од истите тие Грци што Македонките ги асимилираат. Тие имаат национален дух којшто е граден. Знам многу машки Македонци во Грција што работеле и живееле и никој не оженил Гркиња, затоа што не те рендаат два посто и не сакаат муабет да прават со тебе штом им спомнеш дека си од Македонија. Тоа е факт и дојди негирај ми го тоа со статистика.[/quote] [/quote]





    Разговараш со некој што пола и више роднини му се во Чаир...Од дете сум таму...А плус пријатели имам во Чаир...Дел сум ги запознала таму, дел од работа ми се...Во Чаир кога идам освен кај моиве и во илјада други куќи влегувам...Ти мене ќе ми кажуваш како е во Чаир?! Оди некој што е дојден од Патишка Река да го лажеш и да му кажуваш како е во Чаир...Пред некој ден во муслиманска куќа влегов, им беше ифтар и вечерав со нив...Има едно продавниче мало кај игралиштетото во Чаир, работи скоро до сабајле..Таму во 1-2 саат ноќе сум идела сама, сум купувала и никој не ме чепнал...Баш напротив...Стари скопјани се повеќето таму, кои од мали нозе едни со други се прифатиле и се неразделни...Кога на еден му треба помош, цело маало се собира... :) Све кажи ми ама Чаир не го ставај во уста затоа што благе везе немаш...Ај за Ѓорче или Батинци или Автокоманда да ми збориш можда ќе ти поверувам, оти не сум идела таму иако сум скопјанка...
    А за протестите на Запад, самата кажуваш дека се против хомосексуалци, невработеност и слично...Таму не протестираат зашто некој во партија ги викнал и им наредил утредента на плоштад простест да прават и плус сите по еден сендвич да ги части, за овој како муле да се влече по улици и да дига транспаренти...Ти кажуваш за нешто што се вика ИДЕАЛ, а тоа го имаат младите на Запад - точно, за разлика од повеќето кај нас, на кои партискиот локален водич му кажува што да прави, кај да оди, што да се дере, каква маица да носи итн...
    Млади луѓе, а толку ограничени и полни со предрасуди... :x
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Битно научивме што е пачавра. :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Битно научивме дека пред да се влегува во дискусија се разговара со факти и реални информации, а не со рекла-казала муабети. Не сакам да зборувам за Чаир, затоа што е офтопик, но тоа во друга посоодведна тема ќе го кажам.Имам соберено и аргументирано преку 80 напади на Македонци кај Мавровка, Бит Пазар и Чаир, а над 100 низ цела Македонија само последните 8 години.

    Јас моето мислење со Грција и ситуацијата “дека никој таму не се замара со ништо“ си го изнесов како мој став и очекувам некој да ми го побие со реални факти и статистики.Неможе три главни партии коишто се против Македонија да освојуваат 99% од гласови во Грција на избори и некој да ми тврди нешто спротивно.

    Јас убав кажав дека мојот пост никого нема да спречи да оди во Грција. Тој што си наумил пак ќе оди таму, но несакам да ме убедува во гостопримливост, љубезност и каварелство на Грци и како тие не се замарале со ништо. Оди прошетај во Атина со маица Македонија, па ќе видиш што ќе ти се случи додека грчки националисти доаѓаат во Битола на Хереклеа да посетеле древен грчки град пред неколку дена и влакно не им фалеше.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Вицот на столетието.

    Жено ти си оффотик над оффтопиците, златна малина за најуспешен дебатор и мислител,мислам и у темава успеа да умешаш сексови, промискуитетности и АЛБАНЦИТЕ твојата омилена тема на разговор.

    Пусти сексови излгеда многу те мачат, па од уста не ги извади, или си љубоморна што ти ги немаш,или го имаш ама не те задовљава, па пустите пачаври, што се сексаат и око не им трепка ти се на блак лист први, зашто се максимално задоволени.

    Комедија жива си ми, онака се смеам на твоиве "издржани" мислења, свака част.
    Овај сум те прочитала нешто дека имате бизниси, и ќе ти кажам само со среќа бизнисот, ама очигледно не го знаеш првото и освно правило во бизнисот- Its nothing personal it just business.
    Така и тука, бизнис трансакција, јас одам му плаќам за да уживам 10 дена, а он за тие 10 дена ми прави лице, ме тинтра, и се остало за мои пари(не секуално де,немој сега и мене да ме праиш пачавра, освен веќе ако сите сме и тоа за тебе одамна :lol: ) и си одам јас и чича мича готова е прича.
    Јасное дека си праиме лице, ама нашиве трговци и угостители и тоа не знаат да го напраат, а од тебе лебот го јадат. Тоа е поентата на муабетот, 10дена сакам да си поминам убаво и ич не ми е гајле дали он мене ме мрзи приватно или не знам што мисли ама тие 10 дена ќутат ко да не кажам што, и двете страни задоволни зашто имаа заена корист.
    Што вика Теси тоа не е бајка и идила, туку 10 дена сакам и јас да одморам глава и не се замарам со глупости за ИМЕТО, за кој нашите дебилни политичари земаат дебели пари, јас да гинам и да се карам и да си уништувам 10 дена раат. Нече мочи ове ночи.

    Па и крај краева, наместо тука нас да ни ставаш пипер у секоја маџа, иди кажи им од кај тебе у штаб, на вашиот почтиван господин Вељановски, зашто син му со не знам колку грама дрога го фатиле во Грција, не само што он е прв предавник, туку и наркоман што е за мене веќе сериозно и страшно.
    Пред да ни се праат нас патриоти твоите драги и мили партијци нека си ги воспотаат децата па нека пропагираат кампања за 3то, 5то или 15то дете и да не идеме во Грција, зашто они први одат не само на одмор туку секој викенд се први таму, колку сакале они да негираат, ги виделе луѓе со свои очи и кажуваат, сепак сме ние мала држава, секој за секого се знае.
     
    На jb82 и tessie им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Валерија, од каде ги собираш овие „статистики“? Од ТВ?
    Ти мислиш дека Неа Демократија, Пасок и Златна Зора добиваат на изборите затоа што се ултра-националисти и се за промена на името на Македонија??? Ај те молам, до сега требаше да научиш дека телевизијата е еден добар маркетинг само, ништо друго. Не се пали за џабе, тоа само ќе и` го зголемува дејството :)

    Не прифаќаш објаснување од девојка од Чаир, зошто ти си имала други статистики. А ќе прифатиш ли мислење од мене, девојка која 7 години имаше дечко од Атина, и живееше повеќе таму отколку во Скопје? Ниту еднаш, повторувам НИТУ ЕДНАШ не се направил инцидент околу мене, а 7 години е долг период, нели? Јас можам да заклучам ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО дека не се замараат со нас, ниту кога им одиме на гости, ниту како туристи. Колку да ти доловам за што правам муабет - другар на дечково во една прилика ме праша: А Егејско море стига до Скопје?

    Валерија, многу девојки тука потрошија време и нерви за да ти реплицираат, треба малце повеќе почит кон нивните мислења, без разлика дали се согласуваш со нив или не. Твоето не секогаш е во право, посебно НЕ кога не го кажуваш од лично искуство! И за тебе важи твојата изјава:

    Престанете да гледате ТВ и да носите заклучоци само врз основ на тоа!
     
    На JuLleE, Bozica1980, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    И лични искуства не се рекла-казала и се најчесто поверодостојни податоци од статистичките кои многу лесно може да се манипулира за сензација.

    Моира, не откривај многу, на крај и пачавра ќе те напраат. :D

    Нејсе, ми текна. Еве како државата може да го намали бројот на македонски туристи у Грчка.
    Нека ни` дадат на секој од нас, еве не секоја година, еднаш у пет години бесплатен одмор на дестинација која сами ќе си ја избереме, хотел, услуга и сл. :D Е сеа знам не се исплати, ама тоа е ... и мене не ми се исплати да дадам повеќе пари во Oхрид и да жртвувам одење на море затоа што сум патриот.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Статистиките се од Државен завод за статистика во којшто се води кој и каде емигрира и како.
    Во 2012 и 2013 година не се забележени бракови меѓу Македонец и Гркиња. Тоа е факт и информација, како што и не е забележено доселување на Гркиња во Македонија со легален престој. И тоа е исто факт. Погледни ја официјалната страна на ДЗС и провери лично ако мислиш дека јас те лажам.

    Друго, ти си била девојка на ГРК што е огромна разлика во перцепционално размислување на едно машко. Тебе никој не ти правел проблеми, затоа што си била со ГРК и не си зборела за Македонија и политика. Твоите деца утре со сигурност ќе бидат Грци и тоа немој да го негираш и да тврдиш спротивно. Женско многу полесно се асимилира од машко, затоа што машкото е доминантен пол и децата секогаш националноста ја земаат од таткото. Да живееше со дечко Македонец во Грција и да кажуваше јасно и гласно дека си од Македонија и да зборуваше на македонски јазик и да беше борец за правата на Македонците во Егејска Македонија е тогаш ќе те видев како ќе поминеше. Се дур ти таму си била со Грк, не си зборувала за политика и си зборувала на грчки јазик ти за нив веќе си била асимилирана што е и факт. Никаков политички проблем не им претставуваш. Ако во Грција не се замараат , зошто партиите во коишто огромен дел од Грците се членови не потегнат решавање на македонското малцинско прашање во Грција? Зошто во Грција никој не се замара со Македонија, а трета по гласови е Златна Зора којашто дочекува македонско туристи со “Македонија е Грчка“, а?

    Не прифаќам аргументи од девојка во Чаир? Кои аргументи? Дали сакаш да ти покажам демографски статистики дека Македонците биле мнозинство во Чаир пред 40-50 години, а денес се едвај 20% во цела општина. И најбројни Муслимани биле Турците, а не Албанците.Знаеш ли ти колку само дневно напади се сокриваат баш од телевизии блиски до Вмро кога има напади на Албанци врз Македонци и не се објавуваат јавно?

    Јас не велам дека сите Грци се такви, но дебелото мнозинство и те како се. Тоа што сега паднаа на ниско економски, па мора да лижат газ тоа е друга приказна. Кога ќе станат пак силни( тоа е веќе невозможно) пак ќе го сменат својот однос, затоа што сега моментално секој турист им е добродојден да излезат од оваа бедотија и криза.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ало! Запад колинг! Овоа нема врска, повеќето од младилеж да ги прашаш нема да знаат ни кој е вицепремиер моментално. А дека знаат повеќе, во смисла да не се исперени мозоци со партиски книшки и да лепат плакати после школо, тоа јесте. Кога излезеноста на протести е голема, е голема затоа што станува збор за протест од страна на масите против системот без разлика кој е на власт моментално, без повикување и с'скање од политички партии за поени. Ама јасно ми е ако не знаеш што значи тоа, оти во Македонија нема слобода да се такво нешто види.
     
    На Bozica1980, Hipster и tessie им се допаѓа ова.