1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спорот и проблемите со Грција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

  1. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не е точно. Еве на пример парадата против хомосексуалноста во Франција беше организирана од опозиционата десничарска партија која сега е во опозиција. Собраа 1 милион приврзаници..

    Во Западна Европа не е толку испартизирано, затоа што имаат силна економија, силен приватен сектор и не зависат од владино вработување.Но, во државни администрации и таму се вработува во партиска линија немој да мислиш. Зошто и толкави пари, кампањи и слично се фрлаат ? Нормално власта е најслатка.И , кај нас кога би било истото не би имало толкава партиска послушност, затоа што голем дел од народот зависи од вработување во јавна администрација.



    Приватна фирма бара знаење и квалитет.

    Дали Британците незнаат која им е кралица во Британија или премиер? Или затоа во Белгија уште неможат да формираат влада Фламанците поради национална нетрпеливост? Со просечен човек од Западна Европа да правиш муабет ќе сфатиш дека многу повеќе знаат од нас и се информирани.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ама ти се знаеш! Човек паметен не ќе се роди. Сега, не ми кажувај, не знам јас кај живеам :^)
    Знаеш ли ти дека паѓаат британците на тестот за националност? Оној што се решава за пасош од страна на странци, бтв.
    Нема абсолутно никакво, ама никакво вработивање по партиска основа. Знам! Неверојатно нели? :D
     
    На Hipster и tessie им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Да ти кажам дека и господ е немоќен да реплицира на твоиве небулози, не само јас, ако отворено читаш и гледаш ќе видиш дека 90 посто од форумов не само што ти реплицира туку и превртува очи кога ќе пишеш нешто.
    Мислиш дека си најпаметна немој сега да викаш не, зашто е така.

    А очигледно не знаеш што е тролање, и да те тролам зашто ми се може.
    Со тебе нема асална дискусија, зашто секој наш пост е истормозен со твој доолг реферат со тешки глупости.

    Не знам дали ги критикуваш, јас такво нешто немам прочитано од тебе, ама добро е, има надеж и тебе сонце да те огрее да ги тргнеш розевите очила кои ги носиш.

    И што сте се напнале со тие дискотеки аманте луѓе, толку ли сте љубоморни на луѓето што во своите 20 години уживаат а вие думкате деца?
    Не ми е јасно, тие вас не ве напаѓаат за да вие толку сте се настроиле кон нив, не сте ми јасни жими се, и тоа ми е само доказ на ваша незрелост и љубомора.
    За сексот не знам, ама од уста не го извади, за некој патријахална како тебе знам дека е нешто пресвето, ама не се сите како тебе и среќа што не се.
    Научи да почитуваш се што е различно мислење од твоето, зашто не е убаво вака што секаде неповикана се мешаш и мешаш баби и жаби. Мешаш жено, и те како мешаш, севсна си ама се праиш на тошо.
     
    На JuLleE, Moira, cocoa28 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    http://sitel.com.mk/mk/molk-za-nacional ... latna-zora

    И така квазинацистите од Златна зора си продолжија со нивните провокации и ексцеси, како на нивната творевина од 19-ти век да не и беше доста цел Егеј, сега и Охрид и половина Вардарска Македонија почнаа да си ги присвојуваат!

    А Dаylight, штом толку те интересира, ај ќе се обидам вака да го склопам (зашто уште на некажано почнаа да се вреѓаат и да се правдаат); во врска со настаните од кои е инспириран воведот на темата, за вашите автомобили ли ќе се потресувам? Па не остана нешто што не направија вашите ценети комшии, споредено со сите тие работи, ова што ви го прават сега со автомобилите е една небитна ситница за која мене ама ич око не ми трепнува.

    П.С. Валерија, и ти си одела на одмор во Грција, како што велиш, па јас не ја сфаќам поентата на твоето учество во дискусијата која ја наполнивте со офтопици. И ќе те замолам да не ги идеализираш Албанците и Грците понатаму во секоја тема како биле поморални и попаметни.
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Да, мене еднаш кога ми ја изгребаа вратата и ми ја дупнаа гумата oд колата тука во Скопје, прво нешто на кое помислив беше „Да, ова гарант се златнозорски ученици.“ Пошо нели само грчки националисти знаат да демолираат коли.

    И добро ве молам шо толку се притресавате? Рекле-рекле. Ако рекле, не значи дека е вистина. Да викнам сеа жена некоја да ми чисти и вечер на идење да ми рече „Ај иди си, ова е моја куќа, а кога ќе треба пак чистење, ќе те викнам“ јас ќе и` се изнасмеам у фаца. Така и вие. Нека ви биде доволно што вие си ја знаете вистината и точка. Го даваме името? Не. Епа?

    Политичариве како се` не се нарекувале eден со друг, па никому ништо. Партиски лидери и градоначалници по таа логика треба да избегаат некаде од разочарување. На глобално ниво зборам, не само нашиве. :D И сега зошто да бидеме дубоко увреџени заради нечии вакви испади? Нека се вреѓаат Грците, ваквиве багри ја рушат сликата за нивниот народ. А споров ако ништо друго, ни го изрекламира името насекаде низ светот и ... немам статистики точни, ама сигурна сум дека многу повеќе странци знаат да ја покажат Македонија на карта баш ради овој момент.

    И во вакви теми забележувам голема омраза на Македонецот кон друг Македонец кој не мисли како него и суди за тоа колку е тој Македонец. Треба да се преориентираме на признавање и обединување на самите нас, а после да се замараме со мрзење на комшиите ради нивните зулуми.
     
    На Hipster, sadgirl21, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    И, на секој втор просечен Грк илјада пати полошо му направил Грк отколку Македонец, но истиот не отишол и кажал “јас сум видел полошо од Грци така да Македонците се во право“! Дали ти секојдневно го гледаш насилството и тепачките на Албанците и Турците помеѓу себе, но кога е во прашање Македонец сите тие се сложни и обединети.

    Какво почитување јас треба да имам кон тие три девојки од Аеродром во неделата или девојката од претходната страна што имала Грк дечко иако се Македонки? Дали само поради тоа што се Македонки јас треба да ги почитувам?Не за џабе викаат “пријателот на мојот непријател е и мој непријател“. Јас немам ништо заедничко со такви Македонци така да нема ни да имам почитување.

    Грција 20 години не тресе, омаловажува, притиска, ни удираше ембарга, не третираа како гомна од втор ред со давање посебни исписници на гранични премини и ние сето тоа го ставаме под земја. Тоа доволно зборува за нашиот морален капацитет, но Грција моментално е ирелевантен фактор за безбедноста на Македонија. Најтешките и најкритичните моменти со Грција завршија во 90-те години и денес тие не се никаков фактор по стабилноста на Македонија. Се уморија и тие и ние веќе иако не мразат до срж. Овој проблем нема никогаш да се реши и на тоа треба да бидеме свесни. Ниту тие ќе попуштат, а ниту ние. Само ќе се препуцаваме преку протестни ноти и тоа ќе биде тоа.

    Ние имаме многу поголеми проблеми од грчкото прашање во Македонија, а тоа е растечкото албанско, турско и ромско население поради големиот наталитет коишто и те како ќе ја дестабилизираат Македонија во иднина. Не за џабе во Македонија никнуваат џамии на секое ќоше, се земаат донации од Саудиска Арабија, Турција како наш “пријател“ дава големи пари меѓу ромското население во Источна Македонија да се попишуваат како Турци и се голем сојузник на Албанците. Ние се ситниме, а тие се зголемуваат со што значително ја ставаме безбедноста на нашите идни генерации Македонци да живеат мирен и спокоен живот. Тоа што една форумџика отишла на баклава во муслиманска куќа не е мерило за ништо во животот, туку мерило се повеќе гласните звучници на џамиите коишто се намерна провокација кон Македонците.

    Додека на наши деца и младина преокупација им е дискотека, одмор, алкохол, дрога нивните деца упорно и макотрпно работат на нивниот план што и се приметува низ една обична дневна прошетка.Мене воопшто не ме чуди зошт сме стигнале на ова дереџе како нација гледајќи го размислувањето на повеќето членови тука на форумот коишто се индиферентни кон се во животот.

    Ние најмалку треба да покажуваме храброст кон Грција и Грците, затоа што тие ни се најмал проблем во државата, а и немаме никакво грчко малцинство тука. Тоа што нам не јаде и уништува е одвнатре , а и меѓу самите себе.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Cите мои чичковци се Mакедонци, и жените им се ЧИСТИ ГРЌИЊИ

    [​IMG]
     
    На Moira, cocoa28, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Каде живеат твоите чичковци?
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Bо Грција, ама без разлика се декларираат како МАКЕДОНЦИ, јасно и гласно, а нивните жени немаат АПСОЛУТНО никакви проблеми со тоа :)
    Дури и Македонски поднаучија, националистките :D

    __________________________________________________________________________________

    И мање битно тоа, битното е ти што си била еднаш на 10 дена, јас сум била многу пати на подолги периоди, и не сум имала проблем никаков, освен тие граничарите, тие се пеин ин ди ас.
    Еден Грк беше толку љубезен,што на аеродром се потруди да ми објасни се на МАКЕДОНСКИ, работел во Грчка Амбасада кај нас.
    И други ГРЦИ кои ми збореле на МАКЕДОНСКИ. ГРЦИ а не МАКЕДОНЦИ ;) .
    Јас Сител не гледам, а нити Груевски го слушам, јас СУМ БИЛА и сум Видела, и пак ќе ти кажам, не на краток период КАКО ТИ :hai:
     
    На tessie и Hipster им се допаѓа ова.
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Тоа е незамарливо. Скоро сите Македонци во Грција имаат грчки имиња и презимиња и повеќето се асимилирани во Грци. Ако твоите чичковци имале барем малку македонско во нив нивните деца утре нема да имаат, ама баш ич тоа е реалноста. Раснат и живеат во Грција. плус пола роднини Грци. Таква политика на Грците им одговара. Уште повеќе ќе го асимилираат и тоа преостанато македонско население и ќе го претопат во Грци.Децата да беа родени од двајца родители Македонци колку-толку ќе беа поразлични, но вака е друго. И кај нас имаше Срби, Хрвати, Словенци генерали, војници што останаа да живеат во Скопје, но нивни деца утре се испоженија испомажија повеќето со Македонци и ги претопивме.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Да, но можеле да земат Македонки, има по селата наши :)
    Македонец си е Македонец, без разлика каде е роден и каде живеел.
     
    На Ketrin.Moon и tessie им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Напротив на нашата младина преокупација им е лепење на плакати, висење во штабови, мажење на 20 години, деца на 21 и тако дање, неизживенаност левел 1000, па затоа кога ќе пораснат, на 50 години го фаќаат бубачките зашто диско видела на слика.
    Ова последново ти беше едисвеното паметно што го имаш кажано во твоево форумско виртуелно постоење.
    Е вака како ти нас што ни мудруваш и не раскаруваш уште толку тоа не јаде, твоите генерализации, попувања, мудрувања, и плукање наместо мајчински совет.
    Има на форумов неколку мајки и жени и постари од тебе што во ни еден момент не се симнале на ниво да навредуваат тинејџерки и баш имале мајчински и топол пристап, без навредување, само строги зборови!
    Прочитај ги, те молам, има многу да научиш тоа како треба да се понаша една мајка и дама пред се.
    Затоа што човек учи додека е жив!
    I rest my case here with you, live long and prosper :hai:
     
    На tessie, ludoto19 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  13. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не, Државен завод за статистика вели дека просечна возраст на Македонка за брак е 28 години. Значи просечна возраст, а ги има еден куп што се +30. Повторно сама се втурна во дупка :) Следно?
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ Девојко, темава си е за СПОРОТ СО ГРЦИЈА, немој и оваа да ја затворат поради тебе, и твоите статистики за брак, зашто знаеме што иде следно- НАТАЛИТЕТОТ :D
     
    На tessie, Hipster и vinozito1 им се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секогаш вниманието од главните проблеми го свртуваме кон нешто друго, за да бидеме во право.....За што дискутираме овде? :wasntme:
     
    На tessie и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Отвори на форумов во темата на колку години се омаживте, ќе видиш дека со свои очи нема 10 кои стапиле во брак над 26, па тек после 30.
    Отвори на форумов колку деца ама буквално деца на 17 години остануваат трудуни и стапуваат у брак.
    Диско, пијанчење, искачање, одмори со дечко за нив е поим.
    И тебе тоа ти е нормално?
    Мене извини ама не ми е, кое формално образование го имаат они па деца не само да раѓаат и да воспитуваат.
    Ти па како да работиш во државен завод за статистика, од кај да знам јас дека ти не ги вадиш од ракав.
    Ако пишам јас сега дека Сад има бруто домашен приход од 100 милијарди според нивен завод за стастика ќе ми веруваш?
    Тоа ти се тебе факти, жено дај постави црно на бело линк и од каде си преземала, и јас вака можам да си вадам од ракав бројки и да речам од таму се и точка, печат и ќе ми веруваш?
    А где је печат работава :wasntme:


    И да ја претеравме работа, темата е проблемите со Грција и спорот со името.
    Ќе завршам тука ама стварно ќе завршам-оставете ја политиката на политичарите,и секој народ ако го слуша ова ќе биде многу посреќен него што е. Зашто политика е ку*ва, безбилосрдно ќе фрли како парче хартија кога нема да и требате.
    Ние можеме да имаме многу фини пријателски и бизнис односи да не ни ги вжештуваат главите политичарите..
     
    На imelda, tessie и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Bо трета година средно, бевме на екскурзија во грција ( не е намерно со мала буква, имам проблем со ај падот) . Bо паралија, влеговме во една продавница за сувенири, газдите на српски не прашаа од каде сме. кога им кажавме зедоа ја заклучија продавницата, си реков отидовме бело робје. за само две минути бевме опсипани со прегратки, со објаснување дека се македонци (зборуваа чист македонски), но не смеат да се изјаснат ни да зборуваат зошто ќе им го затворат дуќанот. Tолку им беше мило, што ни ги наполнија ранците со разни сувенири, гратис.и ден денес имам еден куп дома.
    Iстата година во едно друго гратче (не се сеќавам на името) после истото прашање и истиот одговор, бевме брутално избркани од продавницата, буквално за партали.
    Eте тоа е моето искуство од грција, кое ја побива вашата теорија дека не се националисти. од тогаш до денес, никогаш веќе таму, а и не верувам и во иднина
    можеби на островите е поинаку, ви верувам кога велите дека е така, но во егејска македонија ситуацијата E алармантна и тоа E за мене доволно.
     
    На okcenzi и Valeriya им се допаѓа ова.
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Ниедна тема не е затворена поради мене и јас убаво во 2-3 поста го изјаснив мојот став тука околу спорот со Грција. Грција е најмал проблем на Македонија и нејзината безбедност. Имаме многу поголем внатрешен проблем што се повеќе и повеќе метастазира.

    Покажување храброст и сила кон Грците е само параван дека неможеме да си го решиме внатрешното муслиманско прашање. Нашите сили, енергија и знаење треба кон тоа да се фокусира, а не кон Грција. Грција во суштина е смешен проблем. И тие , а ние веќе се уморивме последните 20 години иако треба да сме свесни дека решение никогаш нема да има, затоа што ниедна влада не е спремна на компромис поради страв од егзекуција и историска одговорност.
     
  19. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Луѓенца,дај стопирајте се,ова нема крај.
    Еден нека попушти,и така офф топиците претпоставувам ќе бидат избришани.
    Убаво си почна дискусија околу темава,на крај ќе се договориме за тепачка надвор :punch: :lol:
    Valleria навистина и ти претеруваш,упорно контрираш,пиши свое мислење и толку,немора секој пост да ти е со статистички податоци и извештаи,заморно е,а и верувај никој не ги интересира.
    Најдобронамерно ;)
     
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ова со Грците го нема никаде во светот.Јас мислам дека не е само до нив и нас. Зошто постојат светски организации, кои помогнаа на многу земји со многу поголеми спорови?Немаме светска подршка.Кога и на Грците како им свират, така играат.. :!:
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.