1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спорот и проблемите со Грција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Темава е за проблемите што ги имаме дури сме на одмор во Грција заради спорот, така? Не сум имала проблем и кога одам си зборам на англиски, во туѓа земја сум, не им го знам јазикот па најнормално, а за тоа дали ме сакаат или не, дали ме гледале поинаку од останатите туристи, ич не се замарам...
    Зошто одиме во Грција? Сиромашни сме, те го дека е. На многумина единствена шанса да видат море е да одат до Грција, Бугарија е малку подалеку а за други дестинации ич да не збориме. Остајте тоа што многу велат -оти така сакам, мој избор...Кој избор, нема избор, или Грција или езерата наши...
    За Вале-то :D -зошто се мажат наши за Грци? А зошто не се мажат во Албанија туку албанки идат кај нас? Оти сме патриоти а тие не? Очигледно е дека парата, желбата за подобар живот не познава нација...Дали е маж или жена небитно, се живее таму кај што има подобри услови. Што бара Гркиња кај нас, или било која друга девојка од поразвена земја, да живее со 100-200-300 евра плата? Просто е и едноставно.
     
    На Peppermint, vinozito1, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Не бе, какво притресување. Да се притресував на пример уште од осум сабајле ќе се препознавав во секој одговор и ќе реплицирав.

    Твојата жена за чистење да не ќе ја има Европската заедница како грб? И кое фајде од тоа јас да ја знам вистината кога останатите ја игнорираат?

    Па тоа де, ама не оди, веднаш си етикетиран како мразач на сопствената нација.

    Ете.

    И патем, кое поинакво мислење? Јас не гледам никакво мислење од спротивната страна по ова прашање, се работи за... па всушност и сами си го дадовте одговорот, сте немале каде да одите на одмор, а некои пропратно малку и за инает би им ги оставиле и последните пари ним. Така самите велите.

    За други проблеми на други теми да пишуваш. Затоа што имало некој друг проблем, сега ова треба да се игнорира. Безбедноста ви била загрозена. Вие изгледа сте заборавиле зошто не сте примени во НАТО.

    И длабоко се извинувам што се уфрлив во темава, споделив некои работи и си искажав став, мислев дека насловот гласи Спорот и проблемите со Грција, а не Песнопојки за вашето грчко лето и соживотот со драгите соседи.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.6 години за невестата и 28.4 години за младоженецот.
    За дупка праевме муабет? Следно?

    Валерија, за какво асимилирање ми зборуваш кога дечкото мој студираше во Скопје и зборуваше македонски подобро од струмичанец? На моменти дури се забораваше и велеше „Ние Македонците“!

    Сите тие години ги поминав со Грци и Македонци/Грци. Да имаше барем некаков контакт со такви, ќе сфатеше каде е проблемот. Грешка си ако мислиш дека не се пејат македонски песни во селата во Егејска Македонија, дека не се зборува македонски и дека не се прават македонски свадби. Се прават, и тоа на сред село ;)
    Сите тие зборуваат македонски дома, слушаат Васка Илиева и Александар Сариевски мислејќи дека тоа ги прави патриоти поголеми од нас во сопствената држава. Истите тие „Македонци“ тргнале прво да студираат во Солун, и откако потрошиле огромни суми, а ништо не направиле, дошле во својата „матична земја“, се пишаа Македонци и земаа стипендии. Истите тие, на професорите на факултет им велеа дека се закорели патриоти, затоа дошле во својата земја, а кога излегуваа навечер ги ставаа грчките пасоши на маса, за да фаќаат женски. Истите тие, со ноќи ме имаат убедувано дека се поголеми патриоти од мене, а денар за оваа држава немаат дадено. Не само што не дале, туку и и` земаат со стипендиите! Јаааа мајката, некој тука е многу паметен :D

    Истите тие, со дечково мој, полемизираа со недели каква е состојбата на македонците во политиката во Грција. Истиот тој чистокрвен грк ги подржуваше, и ги советуваше дека треба поголема излезеност и гласање за Виножито, зошто само така ќе влезе наш претставник во парламентот, и само така ќе се знае дека македонците се ЕДНОГЛАСНИ. Ама не, Македонците излегуваат на ТАЈНО гласање и пак не гласаат за македонската партија! Заборавете на репресиите и глупостите што се случувале минатиот век и што телевизијата не` трола дека и сега е така, Македонците таму слободно си прават што сакаат, слушаат што сакаат, поентата е само колку сакаат да се „борат“ за тоа.

    Собираат пари од македонската дијаспора и ги перат, трошат за глупости, плаќаат шпиони, плаќаат новинари за измислени стории, прават инциденти за да се слушне и перат мозок на обичниот човек. Да се разбереме, јас не мислам дека ги уживаат сите права како малцинство, ама тоа е само од аспект на официјални училишта, зошто неофицијални си имаат :)
    Во Солун се учи на македонски јазик

    Ги знам сите овие луѓе што се спомнуваат низ текстовите, со години биле околу мене. Нема да коментирам за никој, ама нема ни да дозволам некој кој врска нема од реалноста и прибира податоци само од ТВ, да бистри политика.
    Секаде има секакви луѓе - во Охрид први на мета се скопските коли, во Битола прво скопјаништата ги тепаат, а ние се чудиме за Грците на Халкидики. Златна зора кажувала во парламентот....море море, тие тргнале да ги перат мозоците на грците за да не мислат на бедата во која се наоѓаат, ама изгледа и на тебе Валерија ти го испрале :D

    Свести се, единствени оштетени во случајов со Егејска се сите протерани, кои се надвор и кои не можат да се вратат во родните куќи. За нив треба подршка, за нив треба борење, ама знаеш против кој ќе се бориме? Против НИВНИТЕ РОДНИНИ кои останаа таму, и им ги присвоија имотите, па сега не им е во прилог никој од нив да се врати! Истите тие роднини живеат и ги користат незаконски имотите кои пребеганите ги оставија позади себе, ама за тоа никој не збори, нормално....

    Во врска со спорот, името и асимилирањето.
    Не е точно дека грчка фамилија полесно ќе прифати женско отколку машко Македонец, зошто или се националисти, или не се, нема дискриминација по пол. Еве и јас да се омажев за Гркот, моите деца, сакале старите или не, ЌЕ БЕА ПОЛОВИНА МАКЕДОНЦИ, без разлика на кој јазик ќе учеа. Тие секогаш ќе знаеја дека мајка им е од Македонија, дека таму имаат роднини, блиски и далечни, и дека можат да одат кога сакаат. И доаѓаат, има многу примери такви.
    А наши богати мажи, ако не знаеше, одат во Грција на бузукиа, фрлаат пари ко цвеќиња и на нив им се лепат гркинки, зошто парите се пари, немаат национална боја ;) Поентата е што нашите не сакаат да земат таква, исто како што не ги сакаат сличните Македонки тука кај нас, и тоа е тоа.

    Асимилирањето беше најголемо кога економски Грција ја окупираше Македонија пред неколку години. Среќа пропаднаа, па нивното место го завзема Турција, иначе не слушнав никој од тука да речи: Ми понудија работа во Окта со 50.000ден плата, ама нема да прифатам оти е грчка!
    Ако си ги прифативме во сопствената држава, не гледам зошто да не ги прифатам во нивната :)
     
    На Peppermint, ludoto19, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски


    Добро брао. Македонка си права. Само ти. Другите сиктер од темава.

    Не се пронаоѓам во секој пост, интересна ми е темава за дискусија, форумов ни оддалеку толку лично не го сфаќам. Еден ситен показател како за пример е шо не се замарам да истражувам кој од колку саат пишал мислење, кому реплицирал и зашто, а уште помалку да носам заклучоци врз основа на такво однесување. :D А проблемов со името ни оддалеку нема да го решам со тоа шо нема да одам на одмор таму.

    Се знае кој оди на средби, кој преговата, кој потпишува договори/спогодби и зема плата делумно и за тоа како деловен ангажман. Не обичниот народ. А јас, ем да немам моќ да сменам нешто, па ни фајде да се притресувам за тоа ... па дури ни самите Грци не се толку моќни да ги сменат работите како што рече виножито. Го потврдувам тоа што го рече со коментар од една личност која е запознаена со состојбите во ЕУ. Рече: „Грција е само извршител, да беше самостојно толку моќна досега зарем немаше да не` нападне, туку се караме ко жени преку плот. Се знае кој е кукларот.“

    Убаво ви рече Моира, баталете политики и статистики, слушајте некој кој ја видел и другата страна на пирамидата. И не бидете со толку вжештени глави, не ви личи, а не ве прави ништо полоши од дивјаците чие однесување анализираме тука и ни` пречи.

    Ова е реалноста. Ни ние ни Грците имаме моќ да ставиме наш зачин у наша манџа.

    http://www.youtube.com/watch?v=z6hAfooKf4Y
     
    На ludoto19, Hipster, vinozito1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Во контекст на видеото и К15:

    Знаевте дека имаа обид да влезат во грчкиот етер, и дека тие Македонци и Грци што ви ги спомнувам, беа истите кои ги синхорнизираа епизодите што како пилот проект беа пуштени?
    Не успеа проектот, ама потегот докажува дека во БИЗНИСОТ нема граници, ниту националност, во случајов и од двете страни.
     
    На Annath и tessie им се допаѓа ова.
  6. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Дали ти забораваш дека во Македонија живее 35% муслиманско население и дека тој податок од ДЗС е правен на база на цела територија, затоа што муслиманското население генерално влегува многу порано во брак, па затоа и таа граница е спуштена на пониско ниво.Земена е средна вредност.

    Ајде да излеземе и да прошетаме низ скопски дискотеки, кафичи и клубови и ќе видиме колку има Македонци што не се во брак, а се +30 години. Или било која населба може да ја прошетаме. Тоа не го кажувам јас тоа го покажуваат демографските трендови во Македонија.

    Не можеш ти да го темелиш твоето мислење на база на поединци, туку секогаш масата се зема како релевантна. Проблемот на Грција со Македонија не трае последните 5 години откако ги удри кризата, туку цели 100 години.Јас не го знам твојот дечко, можеби и бил таков, но ти друго треба да имаш во предвид тука. Тој студирал во Македонија и морал да се адаптира тука за да преживее. Многу е различно. И јас да живеам во 95% албанска средина ќе морам да се адаптирам на нив за да преживеам и функционирам нормално. Твојот дечко е ирелевантен тука, ние зборувам за мнозинство и цела државна политика којашто нивните граѓани ја гласаат 100 години.

    Македонците сега почнаа да прават свои свадби, веселби, прослави кога економската и политичката моќ на Грција опадна ниско, а и плус се под голем притисок да го сторат тоа од Европската Унија. Но, велиш Македонците учеле на македонски јазик, но тоа го организира Виножито со помош на парите на Македонците во Австралија. Значи не го финансира грчката држава тоа школување на своите граѓани, туку Македонците протерани во Австралија. Голема е разликата. Денес има интернет и компјутерска технологија којашто се повеќе и повеќе се развива што доведе Македонците од Грција, Бугарија, Албанија да се поврзат со својата матица, да учат и читаат преку интернет, да се информирани за својот народ што се случува во Македонија нешто што грчката држава неможе да го забрани, затоа што интернетот е проток на слободни информации и невозможно е да се контролира.

    Изучување на македонски јазик во државно грчко училиште нема никаде. Тоа е факт, а приватни курсеви има, но и тоа е веќе залудно кога најголем број Македонци втора и трета генерација таму не го знаат својот јазик поради тиранијата и асимилаторската политика на Грците.

    Златна Зора е само одраз на менталитетот на грчкиот народ и ти тоа неможеш да го негираш. Трета партија по популарност во Грција со се поголема моќ во грчкото општество.Грција има скоро 12 милиони жители и ти неможеш својот впечаток да го темелиш на 1,000 луѓе и 200 бракови. Тоа е минорна бројка и мизерно мал процент.

    Според Виножито во Грција живеат околу 500,000 Македонци коишто се чувствуваат како Македонци, а има и илјадници што се Македонци по потекло или имаат некоја жичка македонска, но се поголеми Грци и од самите Грци. Така да Македонци од Грција што студираат во Македонија е мизерно мал.

    После цел еден век тиранија, прогонување, тепање, затворање, иселување прашањето е колку Македонците имаат храброст да се борат таму, а не дали сакаат. Подобро би одбрале да живеат мирен живот отколку повторно да ја почувствуваат тиранијата на грчкиот народ. Сите Македонци во Грција имаат грчки имиња и презимиња. Тоа е таа реалност. Никој не ги ни дира, затоа што се мирни и ништо не бараат.

    Јас убаво кажав дека сум била еднаш во Грција на одмор со сегашниот мој маж, а тогаш дечко. Имавме две непријатни ситуации. Првата кога изнајмувавме скутери за возење и кога не праша газдата од каде сме ние ни крај памет си кажавме дека сме од Македонија, а тој кажа цинично “ Аааа Скопје!“. Другата ситуација беше кога вечеравме во грчки ресторан и менаџерот како гостопримвлив не праша од каде сме и ние му кажавме дека сме од Македонија. После некоја минута почна да зборува нешто на грчки долго време и дечкото што го запознавме таму на одмор инаку Курд по потекло ни кажа дека менаџерот велел дека не не сака во ресторанот и да не му доаѓаме повеќе. Ете и никот Confused истото ти го потврди, ама не знам дали го прочита или се направи дека не го прочита. Јас знам еден куп машки и девојки што работеле во Грција и никој не кажувал дека е од Македонија, туку лажеле дека се од Србија .

    Многу е тоа фалц муабет Скопјаните и Битолчаните многу повеќе виделе зло од Охриѓани отколку од Грци.Тоа се пар инвиденти коишто немаат никаква врска со националност и религија. Секаде во светот постои ривалство меѓу градови како што е Сплит-Загреб, Солун-Атина, Софија-Пловдив и многу други.Па, и секој втор Грк многу повеќе видел зло од просечен Грк во животот , но никогаш не би подржале Македонец во било што. Зарем не гледаш секојдневно колку убиства и тепачки има помеѓу Албанци самите себе, но кога е во прашање Македонец сите се заедно. Зарем мислиш ти дека некој во Албанија се замара со Македонија? Не, но кога е во прашање Албанец и те како се замараат и ги поддржуваат.

    Тоа што твоите деца ќе знаат дека мајка им е од Македонија е битно како ланскиот снег. Еве и јас знам дека мајка ми е полу Србинка , има куп роднини во цела Србија од први братучеди, вујковци и што тоа мене ми значи?Не ги ни мразам воопшто, ама Србија ми значи како ланскиот снег. Македонка сум декларирана и кога би имало проблеми меѓу Македонија и Србија секогаш ќе застанам на страната на Македонија. Еве имам и другарка која има мајка Влаинка, па пак се декларира како Македонка. Така е секаде. Мнозинството те претопува. Македонците опстанале со векови и векови баш поради тоа што мнозинството се женеле и мажеле меѓу себе и јазикот, културата ја пренесувале на младите.

    Богатството на македонскиот јазик не е во литературниот, туку во неговите дијалекти.Никаде во светот не се зборува литературно, туку на дијалекти. Само види колку дијалекти има на англискиот јазик така да неможеш да кажеш дека тој Струмичанец не знаел да зборува македонски.

    Не е чест случајот од една страна Македонци, а од друга страна роднини асимилирани Македонци. Македонците од тука немаат само проблем со своите роднини во Грција за добивање на своите имоти, тие се мал број, туку најголем проблем имаат со Грците доселени од Турција на нивните имоти за коишто цела грчка јавност молчи. Незнам дали ти си учела историја и за размена на население меѓу Грција и Турција каде што грчкото население од Турција е населувано низ Егејска Македонија на имотите на Македонците.

    Во Македонија има многу богати и успешни Македонци, но никој од нив нема Гркиња жена. Дојди и наброј ми го тој еден така да твојата теза за бузуки и ракија е неиздржан. Јас никој во мојата околина не сум сретнало машко да има жена Гркиња или барем таму да живее и да е женет во Грција за разлика што познавам такви Македонки.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Нормално дека е земена средна вредност, затоа е ДРЖАВЕН Завод за статистика, а не локална телевизија. И да, тоа е ИСТИОТ тој Завод за статистика кој ТИ го употреби како аргумент. За жал - ПОГРЕШЕН. Најди си ја сама дупката :)

    Горниот текст ти го побива долниов:

    Ти за која маса правиш муабет? За масата во дискотеките? Моето мислење е базирано на поединци, а твоето на репрезентативна маса оти си ги видела во дискотеките? :D
    Од каде ти знаеш, можеби 50% од нив се мажени/женети, а тоа што се` уште шетаат е брачен проблем, не статистички :D Зборуваш за масата по дискотеките, а јавно се декларираш дека не си по тој живот, зошто си посветена мајка, жена, сопруга. Бирај едно - или си дома со фамилијата, или по дискотеки и правиш статистики. Едното со другото НЕ ОДИ мајче, а се` друго што ќе кажеш е рекла-казала, зошто со свои очи немаш ништо видено.

    Па тоа и ми беше муабетот, дека ние го асимилиравме дечкото ;) Кога бевме во Грција, ние зборувавме на македонски, и ич мува не го лазеше. За разлика од него, за кој велиш дека морал да се „претопи“ во толпата, македонските Грци во Македонија слушаа ГРЧКА музика, зошто им недостасуваше. Тие луѓе се родени во Грција, таа им дала основно образование, им дала можност да користат се` од неа, нивите родители работат за таа држава и таа е таа која им обезбедува пензија и лекување, и не можат да одат против тоа, ма колку и да се патриоти! Нема во денешно време такво нешто, не знам како не сфаќаш дека се е политика, перење пари и борба за превласт.

    Не, тоа го правеле и НИВНИТЕ родители, иста свадба на сред село направиле. Сакаш слики за доказ? Те молам, без тресење информации од ракав.

    Парите од дијаспората се перат, и користат за глупости. Распрашај се малку за внатрешните проблеми во Виножито. Македонците во Егејска Македонија и претходно збореа македонски, како овие што ги спомнувам дојдоа со научен јазик? Зборам за луѓе од 30-35 години, тоа значи учење на јазикот и пред 1980 година, значи благе везе нема со интернетот.

    Не е заради тиранијата и асимилаторската политика, туку заради ДОМАШНАТА политика на секоја фамилија. Во исто време знаев егејци кои збореа македонски на егејски дијалект, и егејци кои ЗБОР не знаеја да прозборат на македонски, а нивните фамилии беа едни од декларираните македонски во Егејска. Самите кажуваа дека дома поретко збореле родителите македонски, само од баба и дедо слушале, а кога пораснале и самите не сакале, зошто очигледно повеќе сакале да се Грци.

    Небулози на кило!
    Златна зора е 6-та по ред, повели инфо. 6,97% освоени гласови, од тотал 9.95 милиони гласачи. И не, не ги сакаат грците, ниту ги признаваат другите политички партии, ама ете, има група на луѓе кои сакаат „етнички чиста држава“, хитлерска политика. Не се насочени само кон емигрантите, туку и кон хомосексуалците, а последно и инвалидите, прочитај малце ќе сфатиш дека нивниот проблем не сме само ние Македонците, да не речам и најмалиот сме им.



    Ниту едно ниту другото ти држи вода. Јас можам да речам: На Земјава има декларирани над 1.000.000 вонземјани, иако при изборите, само 4500 од нив гласале за мојата Вонземјанска партија! Да да, САМО 4500 гласови собра Виножито на последните избори. Мизерно мал процент, е?
    ТВ фино ни презентира, ама реалните бројки друго кажуваат, исто како што покажуваат и егејците кои ги запознав во Македонија и се со приказните кои ги опишав погоре, иако нели процентот е мизерно мал....исто како на изборите :)

    Ете како и последното болдирано ти нема врска - БАШ во последните децении Македонците во Егејска прават работи кои претходно не ги правеле, и пак никој не ги гиба. Баш последните децении се кренаа да бараат права, да бараат училишта официјални, да бараат да бидат дел од Грција како македонско малцинство, па никој повеќе не ги гиба. Едноставно, ни самите не се фермаат толку, веќе се` им стана бизнис, а не патриотизам.

    Мизено мал процент, да не речам невидлив, не вреди да се коментира како релевантен ни под разно.

    Па и ние сите застанавме зад убиствата на Смилковско езеро, никој не рече дека албанците беа во право! Никогаш нема да застанам позади некој таков акт, без разлика кој го направил. Тука зборуваме за минорни инциденти, ИСТИ како тие што се случуваат во Охрид и Битола! Кој ти е проблемот во споредбата? Дури и немам слушнато дека во Грција е истепан Македонец, ама затоа знам многу примери на истепани скопјани во Охрид, Битола и други градови, еве настрана да ги тргниме истите материјални инциденти.
    Споредбата ти нема НИКАКВА основа, споредуваме чрктање на кола во Ханиоти со убиства на македонец од албанец. Држи се до темата, џабе се шириш со муабетите.

    Тоа што мајка ти е ПОЛУсрбинка ми е битно исто како ланскиот снег, зошто не е МОЈА, ами твоја, и тоа покажува повеќе за тебе, отколку за мене. Прашај ги жените од форумов кои се омажени во странство дали нема да им кажат на децата дека се Македонци, и дали нема да ги носат тука, и дали ќе остават на сопствените деца тоа да им е битно исто колку „ланскиот снег“.
    Според твојата логика, ни на Егејците не требало да им е битно од каде потекнуваат, што по мајка, што по татко, што по баба и дедо. Бараш национализам и патриотизам, а самата си го негираш потеклото на фамилијата. Најс :)

    Ирелевантно за муабетот на темава, мојата споредба беше чисто метафоричка, да покажам колку ЛИТЕРАТУРНО македонски научи еден странец :)

    Ај размисли малце. Можно е сите „вратени“ Грци од Турција да се населиле во Егејска во имотите на протераните Македонци? Претерано, неиздржано, манипулативно. Кој се интересира повеќе ќе најде инфо, ја отупев доволно до сега.

    Ти госпоѓо Валерија изгледа не читаш добро, или читаш како што ти одговара :) Јас истото го реков, дека богатите Македонци кои се рафрлаат со пари на бузукиа и на кои им се лепат тамошните локални грчки спонзоруши, НИКОГАШ нема да ги оженат, исто како што нема да оженат и овдешна спонзоруша.
    Така да, твојата теза за бузукиата и ракијата ти беше тотално непотребно коментирана.
     
    На Hipster, JuLleE, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Амн мори Вале, кажи ми ти кога би била среќна, кога сите на 20 години ќе бидат мажени, со едно во рака, друго во стомак, никој нема да иде во Грција, сите се вмрофчиња и нема друга партија освен Вмро у државава, нема цигани,албанци, босанци, и ништо освен македонци, сите имаат по минимум 3 деца и се среќни и задоволни????

    А да и забораив нема да има дискотеки во градов тоа на прво место забораив?
    И ти вајда си ни некој господ па сите тебе ти се клањаме?

    Темава од спорот за името и проблемите со Грција се префрли на За Македонцките работи.
    Додуша ти не читаш забораив, сите писатели ќе ги лустрираш зашто се предавници.
    Сами си плукаме по тоа што чини наше, па се праите патриоти, мрш бре поголеми колошари и лицемери нема од вас.
    Искрено најголем непријател не ни се Грција, туку наштите политичари и ваквите како тебе.
    И во Грција има вакви како тебе запалени испиени мозоци златно-горци или како и да се викаат, кои се исти како тебе и од нив имаме проблеми, не од нормалниот народ на кој му е галје за нас, зашто и они си се доволно до гуша у г*мна од беспарица, па им е галје тоа дали ние ќе влеземе во Еу или не.
    Е тие ги прават проблемите, инаку без таквите фаци нема да беше тоа што е.
     
    На ludoto19, JuLleE и tessie им се допаѓа ова.
  9. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Без разлика колку и да се обидуваш да прикажеш друга вистина реалноста покажува друга состојба. Муслиманското население во Македонија ја намалува возраста за стапување на возраст во Македонија. Како тоа Македонците рано стапуваат во брак кога во секое можно село во Македонија имаш миниум 100 ергени на 40 години и празни затворени училишта? Земи заврти се околу тебе во населба и преброј колку познаваш такви и колку 30 годинишни девојки и машки не се во брак. Сигурно многу така да муабетот ти е тотално ирелевантен.Еве сега кога го знаеш официјалниот сајт на ДЗС можеш да пресметаш колку бракови се склопени од секое село, град, колку млади има и колку од нив се во брак. Јас ако те лажам твоите очи сигурно нема да те лажат.

    Да бе, сигурно си го асимилирала дечкото. Баш донеси ми доказ дека на следен попис се попишал Македонец таму, а и ти и твоите деца.Приказни за пред селска коперација.

    Дали ти го негираш тој факт дека грчката влада и политика забранувала училишта на македонски јазик и зборување по дома на македонски јазик цели 100 години? Одведи ме во Грција и покажи ми го тоа училиште каде што се учи на македонски јазик, може? Сега пред некоја година со жива сила им дадоа едвај буквар под присила на европски организации.
    Ако никој не се замара во Грција за македонското малцинство зошто грчката држава не отвори училишта и факултети на македонски јазик за многубројното македонско население таму ? Јас тука лажам или ти лажеш?Во секој град и село во Егејска Македонија може со сигурност да се создадат 3-4 паралелки на македонски јазик, но ние таму немаме ниту една по заслуга на кавалерството и добрата волја на грчкиот народ, нели?

    Македонскиот јазик е сосема различен од грчкиот јазик така да само асимилаторска и тиранска политика може да ги натера Македонците да го заборават тој јазик од страв. Друго е македонско-српски јазик, македонско-бугарски јазик коишто се јужнословенски јазици слични по многу зборови.Постојат илјадници сведоштва и пишани артефакти на самите Македонци протерани од таму дека грчка полиција шпионирала по улици кој зборувал македонски, кој пеел македонски песни и се останато.

    Македонскиот јазик во Грција не е забранет од пред 20 години, туку последните 100 години. Значи одтогаш поминале миниум 10 генерации Македонци коишто не зборуваат македонски јазик јавно, па биди среќна што и барем толку нешто нашите сочувале таму. Македонското протерување во Егејска Македонија почна после балканските војни кога Грци од Мала Азија се населуваа во Егејска Македонија се до граѓанската војна таму кога беа избркани илјадници Македонци, а истата грчка држава им даде право да се вратат на “Грците по род“ во својата матична држава во 1980 година што не беше случај со Македонците. Зошто тие Грци не се побунија за своите соседи дека државата ги обесправува и населува други Грци на нивни имоти? Каде беше солидарноста нивна ако веќе се фаќаме за сламка?

    Златна Зора беше 6 партија по популарност на последните избори во 2011 година, а сите нивни статистики покажуваат дека нивната популарност многу е зголемена од тогаш, затоа што добија многу медиумско внимание и моќ да одлучуваат. Дали за тебе е шала некоја партија да е 6 во својата земја која брои 12 милиони жители и има стотина партии? Факт е дека ниту една партија од 1 до 100 воопшто не се разликуваат по прашањето за Македонија, Македонците и имотите на протераните Македонци без разлика колку ти и да сакаш да го претставиш спротивното.

    Да, и Бугарија тврди дека во Бугарија има 5,000 Македонци декларирано, а во 1946 година на слободен попис имало близу 300,000 Македонци декларирано. Од каде ги снема за 50 години сите тие 295,000 Македонци на попис?
    Ај тебе да те видам дали ќе се попишуваш Македонка таму кога работно место, егзистенција, безбедност на семејство ти зависи од тоа. Ти член си на Виножито, па знаеш што се случува таму или тропаш муабети на памет. Луѓе како Васкопулос, Царкнас и многу други Македонци треба тука споменици да им се крева на нивната храброст и доблест да се кажуваат јавно по телевизии дека се Македонци.
    Зошто грчката држава не дозволува влез во Грција на здруженијата на протераните Македонци од Грција да ги посетат своите имоти, туку се изживуваат со нив на граница?

    Ни тоа не ти го менува фактот дека Грците се во душа со долгови и криза, но никој од нив не плука по нивната татковина којашто им е светост, туку по владата и партиите.

    Македонците веќе никој не ги дира таму, затоа што се сменија времињата. Денес информации многу бргу се шират и грчката држава неможе веќе да ги тепа и малтретира како порано. Се сменија времињата и затоа тие омекнаа.

    Мајка ми си ја сакам и почитувам, но и самата моја мајка се декларира како Македонка, а не Србинка. Голема е разликата. Да. гледам сите деца на тие Македонки што се мажени за Грци и странци секоја зима доаѓаат тука и плачат за мајка Македонија и колку ја сакаат. Ма немој да ме јебеш ;)
    Гледам јас овие што се мажени во странство, а особено за Грци многу јаки патриотки се чувај боже ако од нив ни зависи иднина на држава.Уште и децата ќе им знаеле дека се од Македонија :rofl:
    Твоето дете ќе знае дека е од Македонија и што? Тој ќе знае, но неговото дете утре појма нема ни да има ти од каде потекнуваш и нема ни да го гајле, затоа што расне во Грција и таму живее. Веќе лозата тука завршува и твоето македонство исчезнува, а тоа што некој ќе се сеќава на тебе дека си од Македонија е мање-више небитно.Но, кога детето расне во брак со двајца Македонци и утре неговите деца се женат/мажат со Македонци таа лоза се надоврзува и продолжува. Запрашај се зошто Македонците опстојувале толку векови овде како такви. Затоа што се женеле и мажеле меѓу себе со мал процент исклучоци.

    Има еден куп богати и паметни Македонци што студираа во Грција поточно Солун, но никој од нив не ожени Гркиња.Зошто е тоа така? Никој тука не зборува за спонзоруши и проститутки кои ги има во секое општество, туку за нормални девојки. Јас не познавам ниту едно машко од Македонија што сум го запознала да има жена Гркиња. Тоа е минимален број скоро и неприметлив за разлика од Македонки со Грци .Грчкото општество по многу работи е конзервативно и таму ГПЦ е светост како и Православието. Грчките девојки кога е во прашање националност се многу конзервативни и немој истото да го негираш. Погледни само колку девојки членови има Златна Зора која не е никаква нацистичка партија, туку националистичка. Има разлика.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А не помислуваш ли дека ваквата стратегија делумно влијае на понискиот македонски отпор против асимилирањето? Кога му пристапуваш на припадникот на сопствениот народ со исто па и повеќе осуда од онаа на народот во кој тој би се асимилирал поради нешто што треба да е личен избор како оној на партнер? Ако мене некој ми рече „Не те сакам веќе.“ и јас ќе му речам „Ни ја тебе“, не ќе плачам. Особено ако ми го рече тоа некој близок.

    За да се оттргне Македончето од претензиите на асимилаторите и да научи да го сочува и почитува државниот идентитет, ќе треба и државата да го почитува неговиот личен идентитет. Викаш како можеш да почитуваш некоја која идела со Грк. Тоа во старт е непочитување на личниот идентитет на еден човек. Ние не јадеме, пиеме, дишеме, не се вљубуваме, не влегуваме во врски/брак, не основаме семејство првенствено за да бидеме бројка на државен попис, туку првенствено заради нас самите, ради исполнување на нас самите и на тој наш личен план кој го имаме како индивидуа со желби, потреби сфаќања... Ако еве пример мм беше Грк и мене државата не ме прифаќа во социјален живот и интеракција, ќе се ориентирам кон оние кои лицемерно ме прифаќаат, затоа што нема да ме боли зашто туѓиот е лицемер, туку зашто мојот ме одбива.

    За среќа, гледам дека ваквиот став кон Македонките кои се мажени за Грци се`уште не е толку силно застапен и среќна сум што се`уште живеам во земја во која знам дека би била нормално пречекана на гости кај моите доколку мм бил странец и дека се`уште живеам во земја во која би се почитувал мојот избор.
     
    На imelda и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    А радикален национализам што е?
    Пошто нивното е радикален национализам у секоја смисла на зборот.
    Радикален национализам во ЕУ?
    :rofl:

    Кога светот се бори за урнување на тие граници и воведување на унии како Еу каде сите се европјани, национализам таков радикален ми е на ниво на средновековно движење.
    И србите беа националисти, па гледај до каде дотуркаа.
    Да не ја отварам темата за национализмот на Хитлер зашто ептен далеку ќе ја дотуркаме.
    Не за џабе се вика балканче, уште се удира во гради за наговата нација, па да бевме барем некои нации силни немаше да ми биде криво.
    Прдеж у гаќи муабетов со тебе, кружи,куржи ама пак е тука и смрди...
     
    На xoxolea, JuLleE, lady.v и 2 други им се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Оваа година прв пат бев во Грција на одмор и мислам дека веке нема да одам. Отидовме на плажа во кафич да јадеме сладолед и до нас седеа маж и жена Грци. Ние зборувавме англиски бидејки братучедка ми незнае македонски. По некое време јас и тетка ми почнавме да зборуваме македонски и мажот на жената почна нешто да и кажува македонија македонија, леле кога се намршти и станаа да си одат. Си реков wtf :^) После отидовме во една продавница да си купиме нешто и со тој продавачот што беше си зборевме на англиски и тој ни даде поклон привезок грчко знаме ( која иронија :D ) и не праша од каде сме му кажав дека сме од македонија и ни ги зема поклоните и не набрка. Која култура :x А и другарка ми работи таму и се кажува дека е од Србија. Не не сакаат и тоа е факт.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    абе кој к..идете кај клошариве..зошто бе..блиску ви е...па ене ви автопат до Црна гора идите шо ќе ви фали..па не сум умрел што не сум им влегол 30 години,што моиве израснаа и не стапнаа таму..тешки пари им оставате а они не терминираат 100 години..еј 100 години..искасапија едно чудо невини македонци,ги раселија,сменија се што може да сменат и пак ете не таму..мазохизам бе шо друго...те тепа сакаш уште епа еве ти уште и уште..па политичар кога ќе видиш таму,па да повратиш бе од склет..
    па имаме ли малку самопочит,малку бе барем,само малку да имаме сурат нема да ни видат бе..
    абе луѓе да не им отиде ниеден од овде на циганиве едно 2 години тврдам дека ке не признаат само како МAKEDONIJA..
     
    На okcenzi и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  14. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Нов случај на оштетено возило во Грција од мирољубивото грчко население(нели барем така не убедуваа тука некои), но читајте ги долу коментарите што потврдуваат дека имало многу повеќе оштетени возила само не пријавиле.

    И натаму се оштетуваат возилата на македонски туристи во Грција

    МАКЕДОНИЈА | Прочитана: 257 пати

    Нов случај на оштетено возило пријавил македонски државјанин кој престојувал во Грција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Со ова, вкупниот број вакви инциденти летово достигна 43.


    Извор: http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=14363
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ние бевме со кола и со мк таблички , и во Ханиоти бевме 2 дена , ја паркиравме без проблем . Јас се водам по мое искуство , одличен одмор и пак би одела .. Не ме интересираат каков народ се грците , одам да се одморам на убавото море :rofl:
    Јас одам со години во Грција и никогаш не сум имала никаков проблем напротив супер сум си поминувала .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Незнам јас тоа. Вие тврдевте никој не се замара таму, ама ете преку 50 автомобили оштетени. Видиш некој сепак се замарал.Ако вие сте немале проблем незначи тоа дека друг немал.

    Ти и натаму оди си во Грција тоа не беше моја поента да те спречам јас таму да одиш, туку да не продавате лажни романтични слики на Дева Марии ;)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    г-нот Самарас избега од прашањето за македонија, абе ајде сега и страшила ли станааме?
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.253
    Валерија за тоа си во право. Они си се ценат. Во Србија сретнав Грк кој е српски зет и цело време ми кажуваше како Бугарите не ни ја признаваат нацијаат и јаизкот, одвлекуваше внимание со раскажување колку Бугарите се лоши. И кога ќе чујам билко поефтино во Грција, да ама кога ќе платите само сместување и пат, а од дома носите пиперки, паштети, макарони. Кај поефтино кога во Солун најефтиното кафе е 2,6 евра или наши 150 денари, а нес, капучино по 4 евра. Па ефтино ви е кога не трошите само се бањкате, и после модерни сте сте биле во Грција, во земја што се заканува дека ќе не нема, дека не постоиме, дека сме цигани, сами не се цениме и затоа не газат како измет. Сум била само до СОлун и тука ке заврши моето патешествие во Грција. Не ми треба нивното море, нека си се бањаат. Догодина здравје кај Бугарите ќе се бањам, ама кај Грците нееееееееее.
     
    На okcenzi и Valeriya им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Што има ова врска со проблемите во Грција? Јас гледам наши македонци кои како туристичка агенција заслужуваат да одговараат за превара.
     
    На daylight, mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.