Имате другарка што е слободна, дечко ви има другар што е слободен. Дали правите обид да ги споите? Дали сте се нашле во слична ситуација? Или можеби не сакате да се мешате во туѓи работи, може и исходот да не излезе ко што треба, па да завршите без другарка? Или имате лошо искуство самите од ова откако некој се обидел да ве спои, па не сакате и други да поминуваат низ истото? Инспирација за темава ми беше баш тоа што јас и дечко ми пред некое време наместивме другарка и другар, ама се уште не знаеме што точно ќе се случи. Двајцата беа сингл подолго време, сметавме дека си одговараат, па зошто да не? Можеби и ќе им тргне работата. Сигурна сум дека имате искуства на темава, па може да продискутираме.
Cо безопасна ги спојувам Oн топик Eпа еднаш успеав да ја спојам другарка ми со 2ца браќа, по грешка, не ни знаевме и од тогаш не спојувам парови Aјде бре, на оваа возраст мислам дека сме доволно созреани сами да се споиме, може јас да ги запознаам ама да одам да прашам пр Eј диме, сакаш ли да ја муваш Aна...? Tапа муабет Mоже 2-3 збора ќе свртам со него за нејзе онака, само да му видам реакција, ама тоа е се
Јас имав повеќе обиди со дечко ми да наместиме моја другарка и негови другари Ми се жалеше со месеци како сака дечко, сите биле несериозни, за една вечер само барале, вакви такви и прво и наместивме еден дечко што отсекогаш викаше дека и е симпатичен.Ја гледаше ко очи во главата и неа одеднаш престана да и се свиѓа, не бил тип што би го сакале нејзините Со другите некои слични заклучоци беа и така сфатив дека до неа е проблемот изгледа Порано, во средно многу пвеќе се трудев да спојам другарки со некој, најчесто онака индиректно преку муабет со дечкото, некогаш успешно, некогаш не
Да, имам споено другарка моја со другар на мм (тогаш ми беше дечко). Всушност јас редовно си излегував со другарката и откако почнав да излегувам со мм, тој си го земаше неговото друштво, јас моето и така сите заедно се забавуваме, заедно излегувавме. Мм ми кажа дека другар му ја симпатиша баш другарка ми и јас и` кажав, тоа и беше намерата.....си се допаднаа и си се фатија , беа заедно некои 2-3 год., ни беа и на свадба, ама за жал патиштата им се разотидоа. Сега таа си е мажена, а тој си има друга девојка. Имам и др. другарки спојувано со другари, пр. другарка од маало со другар од средно, од факс и обратно....ама уште никој не ми купил кондури, како стројник нели
Имам споено другар од мало со другарка од средно ама тоа не искочи баш добро ,после цело време ме ставаа во средина кога се караа и имаа проблеми и од тогаш за памет ми е да си седам на страна
Само еднаш - успешно. Споив една моја другарка со школски од клас. Отидовме сите четворица на кафе, прво ги зпознавме, ги здруживме и бидна тоа што бидна. Убаво им тргна, ама после некое време раскинаа.
И јас имам споено другарка моја со другар. Излегувавме заедно, се дружевме, на другарка ми почна да и се допаѓа другарот, му спомнав на него дека и се допаѓа,започнаа врска за брзо време но и врската за жал, пропадна брзо. Очигледно беше дека повеќе комуницираат и се разбираат како другари, а не како пар. Мило ми е што продолжија со другарството после врската без да се навраќаат назад и повторно се дружат, такада повторно си излегуваме сите заедно. Инаку не обожавам многу такви местенки, на овој му се допаѓаш на оној му се допаѓаш, или кога ќе ми рече некој другар дај мести ми ја таа и таа другарка, или пак другарка да ми го рече истото за некој дечко јас им велам " јас можам само, да ве запознаам другото останува на вас , не сакам да наметнувам некому некого " Така може да се каже дека бев посредник само за запознавање на уште една другарка, се сретнавме во маало со другар, се запозна со другарка ми, му се допаднала физички, ја додал на facebook од кај мене си се договориле си излегле неколку пати,но тоа излегување не прерасна во врска и тука заврши.
хаха моја тема ме врати едно добри 6 години назад кога братот на мојата другарка ми рече вака; Зоза ти или ке си го наместиш најдобриот или цел живот ке си добра само за стројник хиххи....4 другарки кои успешно ги споив со мои пријатели и еден братучед веке се и во брак со нив,братучед ми го споив со жена му, а мене никако некој да ме спои со сродна душа
Сум споил 3 пара, и сите завршиле во долги врски, кои и до ден денес траат. Најкратката е 13 месеци моментално.
Па, сум била „стројник“, ненамерно - мои другарки на времето се „фатија“ со другари на брат ми. Ниедна од тие врски не беше успешна толку ме бивало
сите спојувачи залудно а шала на страна,во трета година средно,една блиска моја другарка од клас со прв братучед беа заедно неколку месеци ама ништо успешо ни мене не ме бидува многу за стројник
Имам повеќе пропаднати врски во мојата стројничка кариера.. на пример еден пар имам наместено одамна и сеуште си функционираат. И исто така пробав да „спојам“ другарка со братучед ми... Ама само една недела траеше Интересна работа
баш ми е интересно да спојувам некој досега имам многу споено.а во последно време,пошто другарка ми е сама и постојано се жали како и она сакала сериозна врска како мојата и дечко ми постојано и носи другари,пошо неможе више да ја гледа сама,ама она е проблематична многу,а види дека некој ја свиѓа и она нејќе со него,а он кога ќе и сврти грб трча по него и многу ме нервира тоа.ама најуспешно беше кога и го наместивме братот на дечко ми и више подолго време се заедно.конечнооо
Сакавме да споиме јас и дечко ми моја другарка со негов другар но другарот не зафркна, се затреска во друга девојка пред да ја организираме средбата.
До сега има „споено“ два пара... Двата успешно... Едните се верија и ќе бидам старосватица, другите се заедно три години... Упм знаев дека у мене се крие по некој Купидон... Хахах... Мада, искрено не сакам никого да местам. А, најтапа муабет ми е: Имаш ли некоја другарка да ми наместиш? Или ај мести ми ја... Чек, немаш толку муда што ни сам не сакаш да се запознаеш? П.с. За првиот пат случајно ги запознав, за вториот само потпомогнав.
Мене и маж ми не спои моја другарка. Сега веќе поранешна. Она се познава со негов комшија. Еден ден се видела и со него и со маж ми. И мојот господин и рекол да му мести другарка. Така не наместија и двајцата.
Спојувач односно поттикнувач, на некои сум им одел на свадби а на некои од тврдоглавост што не ме слушале не ме ни викнаа на свадба. А најинтересен пример ми е овој, ги знаев и двајцата но они не се знаеа и така договорив средба со неа, но и со ндго на исто место, отишле двајцата и чекале едно пола саат, едно време се погледнале, па пак се погледнале, и во исто време да не го џнаеш тиит да, и кај е тој, што правиш ти тука, хмм заќутеле ах што е тој стројник ќе изиграва рекол другаров таа мислиш тоа е? Провиден е го читам ко селски буквар. Како да му вратиме? После некое време некокако случајно заедно рекле, е нема да го викам на моја свадба, се погледнале и се изнасмеале. Барем јас така сакам да мислам дека се се одвивсло на тој начин, како и да е не ме викнаа на свадба. А што праеле муабети и како не знам.
Неколку пати пробавме со дечко ми да споеме моја другарка со негов другар, но беше не успешно и потоа таа си фана сосем друг дечко.