Остатоци од турско ропство тоест од нивните обичаи. Во Западна Европа не било така дефинитивно ниту пак во источна. Ова се случвало на територија која била под контрола на турците долг период главно на Балканот.
Добро Мамли, ти ги оставаме тебе стројниците. И нема врска тоа, грешна перцепција имаш. Ова како демек, со сите со кои си се запознал преку фб, сексуални манијаци биле. Не, не.
Зборот стројници навистина не соодветствува на денешкицава и е од подамнешни времиња кога некој не сте биле ни родени. Али затоа вероватно е ставен во заграда. Запознавањето преку други поблизок навистина е на денешно време, али со зботот стројници имаат скоро исто значење и покрај тоа што тој збор останал од некое време кога луѓето стапувале во брак преку посредници или т.н.стројници.
Ај да си пофилозофирам ја малце Ми се бендиса темава оти мислам нема баш врска со ''стројници"... Јас читам скриен поднаслов: "Самотија"... Различни мислења овде и тоа е ок - така треба да биде.. Арно ама (го обожавам ова "арно ама") можеби ова е наменето појше за оние што се сами, што немале ксмет да си најдат капаче... (или грнче кој шо си барал)... Во тој случај, мене ми се чини си имаме два избора: - ил ќе си бидеме романтичари и ќе си чекаме (бараме, надеваме) љубов (дај боже) - ил ќе си бидеме прагматичари и ќе си бараме пристоен некој чоечец ако ништо друго бар за едно кафенце со кого да има да се напиеме... краток е животецов за човек како утка сам да се ака по светов... (ова последново ми дојде од Green Mile - само шо го глеав по 6ти пат) А шо се однесува до стројници, пријатели, познаници, дејтинг сајтови, албании или шо и да е - тоа е само начин - секој со своето, нормално... А целта веројатно е да не се биде сам...
Смешен и стар е изразот -стројник- (како некоја почесна титула), инаку не гледам ништо лошо во запознавање преку други. Познавам пар што го очекуваат првото дете, а се запознати на таков начин. Заеднички другар ги видел дека двајцата се слободни и имаат слични ставови, па им предложил да се сретнат на кафе и да си поразговараат. Не знам кој го направил првиот чекор (од нив двајца), битно излегле на кафе, се виделе, се заљубиле и свадба си направија по некое време. Јас немам споено пар, ама доколку некои директно кажуваат како не можат да најдат партнери, доколку видам сличност кај двајца личност, исто би им предложила да си поразговараат на кафе ама нема да ги напнувам. Сепак секој човек различно реагира. Некој ќе се осети како неспособен сам да најде, некој ќе помисли дека многу му се мешаат во животот, некој ќе се налути и навреди, а на некој па ќе му годи. Ризик е.