1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Справување со бесот

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 6 ноември 2020.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Сигурно сте се нашле во ситуација кога поради различни причини сте се соочиле со огромна нервоза, која преминува во бес.
    Таквите емоции можат лесно да ескалираат и да дојде до постапки и зборови за кои подоцна се каете...

    Кои се вашите начини на справување со бесот?

    Јас обично се повлекувам, бројам до десет пред да кажам или да направам нешто.
    Пуштам гласна музика на слушалки, излегувам надвор, практикувам брзо одење или некоја друга физичка активност.
    Се обидувам да иронизирам ситуацијата или да најдам нешто смешно во целата ситуација, хуморот секогаш ми помага.

    Што правите вие?
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Во изминатите години после Средно-школските денови пред и потоа, Бес и Нервоза ми беа Рутина од денот па со секој се наоѓав во Кавга и Расправија за најмала ситница..Нормално подоцна Каење и Извинување и ткн..Тоа почна да ми влијае многу на Социјалниот Живот што сум се наоѓал во ситуација луѓе едноставно да ме избегнуваат и да не се дружат со мене поради тоа... Во секоја и за секоја настаната ситуација со причина или без го решавав со Тепање што нели како тинејџер велат нормално е допрва ке учи низ годините!!..Нешто има и во Генот нормално но со тек на Време како поминуваа годините се потрудив во одредени ситуации со длабоко вдишување и издишување при провокација и клевета при напната ситуација, одреден Конфликт и ткн да размислувам за подобриот пристап посоодветен и смирен расмислувајќи пред се за последиците кои би можеле да настанат во зависност од ситуацијата времето просторот каде и што и ткн.,Дури и почнав да ги смурувам и да им давам совети на одредени луѓе блиски и пријатели кои воопшто не биле нервнозни или се снаоѓале подобро од мене во деновите кога јас не успева, па си велам се сменав многу и тоа е добро за мене..Физичка активност после Работа со Кардио и дружење со најблиските пријатели со смеа и разговор (кафе-муабет) помага многу едноставно некогаш заборавам барем за мене колку толку што и како се случило..Да не должам многу сепак и ова е далеку од краток опис за ваква тема :)
     
    На buba4e89, prominent и Seli20 им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Пиздам наоколу ако некој допре уште некој осетлива точка директно во мене, инаку се тргам понастрана умствено додека не ја надминам ситуацијата самата и функцинирам механички во меѓувреме.

    Генерално ми помага подолг туш, некаква физичка активност, добра музика, комуникација и атмосфера. Последното е поврзано со луѓе, а не секогаш во такви моменти сакам луѓе околу себе, па можам да кажам дека зависи од ситуација.
     
    На Istata od vcera, Guns N` Roses и prominent им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Да дојде до моја реакција во форма на бес треба многу бес да е насочен кон мене. Избувнувам и се дерам само кога друг ми се дере и е агресивен, како еден вид на ланец на реакција. Инаку, кога ќе ме напизди некој или нешто, прво помислувам дали тоа нешто ми значи, дали ми менува нешто во животот. 99% од случаевите одговорот е "не" и кога ќе сфатам дека е така, веднаш се смирувам зошто нема логика во трошење на време и енергија на небитни нешта.
     
    На pikabu5, BlackNight, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Како успеваш?
    На пример, јас сум свесна дека, реално, нештата што ме тераат да избувнам можеби до утре и нема веќе да ми бидат важни, но станува збор за моментална реакција.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Си викам во себе смирии се смирии се буквално вака.
    Ако ни тоа не помага удирам во ѕид во маса.Е ако немам кај да удрам пример во школо кога бев
    Кршев молив пенкало нешто
     
    На edna_malecka и prominent им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Во принцип, комбинација е на стоицизам и mindfulness. Многу сум посветена на тие 2 нешта, се истренирав себе си до степен на перење мозок.
    Односно преку стоицизмот научив дека јас одлучувам што е лошо, а што добро, што ми смета, а што не. Јас сум таа која ги контролира чувствата и перцепцијата кон нештата. На тој начин решавам дека речиси ништо не ми смета. Некој ме нарекува "глупа"? Океј, whatever, тоа е само збор и тоа е само нечие мислење, тоа не значи дека е вистина, јас знам дека не сум глупа, така да не ме допира тоа што некој ме нарекува глупа. Еден многу прост пример. Исто така, преку стоицизмот уште толку го засилив мислењето дека парите, материјалните нешта, статусот, фалењето, итн, се небитни нешта. Мислам, сосема се океј ако ги имаш, но не им придавам значење. На тој начин, не избувнувам ако на пример ми се случи да изгубам пари, или колеги се напињаат околу позицијата на работа, или дали ќе поседувам одредено парче облека, итн. Едноставно изгубив чувство за важност за многу нешта во животот.

    Преку mindfulness научив за важноста на сегашниот момент. Бидејќи буквално сè што имаме е сегашниот момент, гледам сега да ми е убаво, да имам сега спокој. Штитејќи го спокојот во сегашниот момент, речиси со било што и да се соочам во моментот не е доволно значајно за да си го уништам спокојот. На пример, во сообраќај некој ми прави прекршок, иако можеби првенствено ми се појавува нервоза и желба за пцуење, веднаш сфаќам дека нема поента зошто сè што ќе направам е ќе си го расипам спокојот. Инстантно се смирувам и сум благодарна што ништо лошо не ми се случило при прекршокот. Уште еден многу прост пример, ама чисто колку да ме сфатиш каков ми е пристапот.

    Во принцип, фокусирана сум само на есенцијалните нешта и гледам да не си расипувам спокој, зошто реално не вреди затоа што премногу е краток животот (колку клише и да звучи). Е сега, малце поинаку е кога се соочувам со конфликт со тие пар личности во животот кои ги сакам. Со нив сум уште потрпелива и уште повеќе се трудам да го зачувам (заедничкиот) спокој. И обично мојата смиреност, нив ги тера да станат погласни, поагресивни. Ваљда така мислат дека ќе допрат до мене. Тогаш понекогаш се случува, нивниот бес да ми се пренесе и на мене и јас да пристапам бесно, да избувнам. Многу се каам кога тоа се случува, не сум таква по природа и ментално многу се трудам да не бидам. Ама се случува. Уште немам откриено/успеано како целосно да го искоренам тоа. Веројатно е невозможно баш целосно, зошто сепак сум човек, а не робот.
     
    Последна измена: 7 ноември 2020
    На Ygritte, Guns N` Roses, tina2018 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    @MissChievous, и двата концепти звучат интересно, делумно сум запознаена со нив, но вреди да се проучат подетално :)
    Особено ми се допаѓа концептот на живеење во сегашноста, тоа е нешто со кое уште се борам, или се плашам за иднината или мислам на минатото. А реално, сегашниот миг е се' што имаме и навистина не вреди да го расипуваме со (најчесто) безначајни конфликти и изливи на бес, од кои веројатно нема да излезе ништо добро. Само зборови за кои подоцна ќе посакуваме да ги вратиме...
    За справување ми помага и пишувањето. Тоа што ме прави нервозна, го запишувам, ја кинам хартијата и ја фрлам.
     
    На Guns N` Roses и MissChievous им се допаѓа ова.
  9. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Многу често знам да бидам бесна и многу тешко се справувам со бесот во некои моменти.
    Сеуште учам на некој начин да го контролирам.

    Многу често знае да ме извади од такт и да ми предизвика бес, злобата на луѓето и нивната безчувствителност кон одредени работи, тоа ужасно ме иритира.
    Но во тие моменти сфаќам дека љубовта е таа која што може да победи се и дека таа е најважна и при такви моменти на расправија и бес често си велам дека не сум лош човек и нема да дозволам туѓите постапки и зборови да ме направат злобна и крута.
    На светот му треба љубов и секој акт и доза на милост и разбирање знае да го смири бесот во мене па и разбирањето што често си го упататувам кон себеси во тие моменти.

    А бесот како емоција треба да излезе за да не се трупа и обично тоа го правам сама кога сум да си се изнавикам изнаплачам за да излезе, зошто секоја негова акумулација во нас подолго време може да се одрази во болест .
     
    На Guns N` Roses и prominent им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Кога го контролирав, само штета си правев на себе си. Сега го исфрлам надвор. Ако се расправам со некој, не ќутам. Ако ме изнервира нешто, ќе мавнам во некој предмет. Делува како хелекс. А нема човек на планетава кој не може да се изнервира од нешто. Не сме монаси во будистички храм. Многу е битно, да не го голташ бесот, затоа што ќе ти се врати како бумеранг во форма на психолошка состојба.
     
    На Stressed Out, pikabu5 и Herrera им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Јас додека не се запишав факултетов немав никакви проблеми со без и нервози. Да, знаеа да ме изнервираат луѓе ама никогаш не сум дозволувала да допре до мене. Е сега, на факултетов толку може некој да ме извади од такт што со саати не можам да се смирам. Кажувам се' што ми лежи на душа, и потоа воопшто не се ни каам. Можеби има врска тоа што тие луѓе поради кои доаѓа до ова не ми ни значат па искрено гајле ми е како ќе се покажам пред нив. Луѓе што ми значат, ретко, преретко можат да ме изнервираат толку до момент бурно да им изреагирам.
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Да се надополнам. Порано многу нешта ме вадеа од такт. Сега откако го сменив пристапот кон нештата, истите тие работи што порано можеле да ме изнервираат, сега ми се смешни. Сакам да кажам, ако чувствувам бес: или го исфрлам во моментално избувнување или го филтрирам преку пишување во дневник (рефлексија) и медитирање. Но првенствено сега не доволувам воошто да се формира бес, in the first place. Си се смеам сама на себе за што се сум избувнувала порано! :lol:
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Во право си за ова.
    Сите се обидуваме да го контролираме бесот, но можеби само ни се собира се' повеќе и повеќе за еден ден да се прелее чашата. Освен психички нарушувања, предизвикува и физички состојби и болести. Можеби не веднаш, но не може туку така да исчезне емоцијата.
     
    На Guns N` Roses и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Порано одма викав, кажував што ми смета у моментот.
    Сега не се ни замарам.
    Опуштено.
    Игнорирам.
    Ваљда пошо ми станало сеедно све.
    Изморена сум од тоа да делам правда и отварам очи на луѓе шо намерно се прават слепи.
     
    На BeastceMK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364
    Најчести изрази ко ме има фатено нервоза ми се : преку куров ми .....ма се у пичку матер....

    Не сум сигурна дека ме читаш,ти си пишуваш во феминско ќоше, јас се дружам со нашите членки во темата Мајки го Германија и таму си правиме отворен муабет дури и лично се имам запознаено.

    Имам спомнато дека ако не ми чини нешто и не ми дава мир, одма се бунам, мразам неправдини и без никаков страв си кажувам она што го осеќам.

    Цел мој живот се водам по интуицијата, никогаш ме нема излажано , така да и во случај на бес ќе одам на ризик без никаков страв дали ќе ја загубам работата или личноста.

    Интересен феномен ми е што од ко ќе изнакажам од моја страна тоа што ме изнервирало, добивам разбирање од другата страна и проблемот се решава секундарно.

    И продолжувам со мирна совест.
     
    На Ygritte, Guns N` Roses и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски

    Ти се восхитувам, навистина. Не само за ова, туку и за истрајноста со медитацијата, начинот на кој им пристапуваш на нештата, буквално се. Јас сум толку избувлива и некогаш неподнослива сама на себе. Најчесто заради тоа, завршувам срамејќи се и чувствувајќи вина. Затоа сакам да читам вакви постови, мислам дека би ми помогнале во мојата преобразба.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Мојата преобраза не беше преку ноќ, ретроспективно гледано вака функционирам нешто повеќе од година дена. Како што веќе кажав, ми се случува и на мене да избувнам и тоа е нормално.
    Често ваквиот пристап на луѓето им делува ладнокрвен, дури и како бегање од реалноста (бегање/потиснување на емоции), но не е така. Се инстренируваш со тек на време, природно да ти доаѓа да правиш селекција за што вреди да се замараш. Но тоа важи и за позитивните емоции, целовкупно. За што вреди да се нервираш и избувнуваш, за што вреди да се радуваш. И тоа не значи дека не се бориш против неправдата или дозволуваш други да газат по тебе, туку едноставно не се' заслужува било каква реакција. Кога таквото размислување ќе ти биде природно, многу поретко ќе се појавува и бесот. Нема да го поттиснуваш, туку едноставно воопшто нема ни да го чувствуваш, односно многу многу ретко.
    Можеби е и прашање на карактер, некои луѓе едноставно се почувствителни.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Понекогаш е подобро човек да биде директен. Едноставно да си каже што му пречи...
    Проблемот кај мене е тоа што понекогаш го насочувам бесот кон недолжни луѓе, па после се каам што сум се истурила врз нив. Се нашле на погрешно место во погрешно време. А немам храброст да се соочам со вистинскиот проблем.
     
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Можеби @MissChievous тоа помага кај тебе. Но, во свет на луѓе со животински инстинкти не можеш да се однесуваш како еволуирана форма на човечко битие. Има една техника се вика Primal Scream, доста полезна при анксиозност поради натрупан бес, гнев, лутина, револт. Не можеш да селектираш што ќе те изнервира, затоа што животот не е константа, туку крива која флуктуира. Тоа е како воспоставување на контрола врз емоции. Не треба да се има никаква контрола, туку да ги ослободуваш како што наидуваат. Јас не велам дека ти неуспешно се справуваш, но мене ми е подобро кога секоја емоција или вербално ја прикажувам или физички ја манифестирам. Не треба да бегаме или да се помириме со ситуациите. Емоциите треба да постојат, за да ти покажат дека си жив, како и експресијата на истите.
    Болката на бесот е доста агресивна и може да метастазира доколку ја негираш, контролираш, голташ, игнорираш.
     
    На tina2018 и MissChievous им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Точно, но како да искажеш бес во било која форма ако не го чувствуваш? Односно што кога пристапот кон нештата инстантно те тера да сфатиш дека тоа нешто (што порано би те вознемирило) воошто ништо не ти значи, буквално ти е гајле? Тоа не е бегање или помирување со ситуациите и дефинитивно не е негирање/контролирање/голтање/игнорирање на емоциите.
    Да подобјаснам со пар примери: порано ми сметало ако некој има според мене грешна претстава за мене и тој некој смета дека сум глупа или наивна или смотана или whatever. Сега не ми смета, не ме вознемируваа такви работи, не избувнувам од бес ниту имам потреба да им докажувам обратно и да им го менувам мислењето. Затоа што не ми е гајле што мисли тој/таа за мене затоа што нивното мислење ништо не ми менува/значи. Друг пример, да речеме другарка одеднаш се реши дека не сака повеќе да се дружи со мене од било која причина; тоа порано и те како би ме извадило од такт, но сега не, затоа што свесна сум дека секој има право да одлучи со кого ќе го поминува времето во животот, едноставно никој ништо не ти должи. Ова се банални примери, но не можам да се сетам на подобри во моментов. Поентата ми е дека многу нешта се објективни, па дури и минливи. Дури и во позитивен пример, ете некој да ми каже дека сум многу паметна или што год, нема да осетам некаква радост, зошто ниту тоа мислење не ми значи ништо посебно. Но ова станува збор за сите други луѓе освен оние кои стварно ми значат како дечко ми, мајка ми, пар другарки, пар роднини. Толку. Е во однос со нив ми се формираат разни емоции секако, вклучувајќи и бес. Тогаш посекако не го поттиснувам. Најчесто првенствено излегува во агресивно дерење и пцуење, а потоа соочување со тие емоции и нивно филтрирање преку како што веќе кажав - дневник и медитација. Тоа works for me, не значи дека би му одговарало на секого.
    Но поентата ми е дека некако се научив у животов многу многу да не ми се појавуваат емоции, или барем да не бидат претерано силни. Кон небитни луѓе и небитни нешта.
     
    На eliesaab и GrimTheReaper им се допаѓа ова.