Не се форсирам да правам било што или да си најдам занимација колку да се рече дека работам на бесот, понекогаш кинам само празни листови. Имам бес само ако се злоупотреби моето преголемо разбирање и не одговарам за моето однесување во тој случај.
Да прашам само Дали имаш читано конкретно за стоицизам некоја книга? И општо книги што ти помогнале...
Имам една добро позната simple тактика, а тоа е прашањето: дали оваа (потенцијална) кавга ќе биде релевантна во мојот живот за 1година, за 5 години, 10 години? Usually, одговорот е Не. Во тој случај зошто би трошела време на неважен , деструктивен начин на комуникација. Ваквиот начин на размислување ми помага/ помогнал 99%. Секако секогаш постојат исклучоци кога навистина некој ја прелева чашата по 10000000000000 пат. Е тогаш знам да бидам навистина дрска. Но избегнувам таков третман, не затоа што сакам да ја поштедам од незадоволство, личноста која ме малтретира , ми наштетува. Туку затоа што сакам да се поштедам себе од bad vibes. Со крајно токсични личности - shut down и игнор. Нема друг начин. А и се согласувам со она размислување, дека не можеме да го контролираме туѓото однесување, меѓутоа сопственото можеме.
Лично јас се справувам со бесот на начин што одам во природа, се спојувам со природата, се препуштам на мигот и размислувам за правилните нешта кои ми се важни во мојот живот. Исто така со правилни конструктивни рутини, начин на живот и позитивен ментален став.
Конкретно книги за стоицизам само ја читав ден по ден на телегон "The Daily Stoic: 366 Meditations on Wisdom, Perseverance, and the Art of Living" на Ryan Holiday. Планирав наскоро да ја порачам од BookDepository и да си ја читам во 2021 ден за ден. Ама многу слушам подкастови и гледам видео околу стоицизмот. Ете овој писат е одличен, можеш многу интервјуа со него да најдеш. Исто така многу ми се инспиративни и Matt D'Avella, Nathaniel Drew, Thomas Frank, Sam Harris, The Minimalists, Einzelgänger, 7 Good Minutes Daily Self-Improvement Podcast, FightMediocrity, итн.
Оф, болна тема за мене. Кога сум бесна, нервозна, лута, преферирам никој да не ме чепка и тоа го потенцирам неколку пати наместо некој да ме прашува постојано What the fuck is wrong with me што ме иритира. Ако ме нагазиш на жуљ и напињаш шо е проблемот постојано, можно е бесот да го истурам на соговорникот, со што воопшто не се гордеам. Тој период сакам да бидам сама, да се издувам, да излезам, да готвам, да чистам, да читам книга, да слушам музика или да изгледам филм. Во последен период се обидувам да се контролирам, на некој начин ми успева. Ми помага и разговор со блиска особа ако почувствувам дека имам потреба од тоа. Порано многу чував во себе, секоја нервоза, секоја тага, секој бес, не правев ништо да се контролирам и себе си правев полошо.
Лошото кај мене е што понекогаш бесот кон другите го насочувам кон себе. Тоа многу лесно може да премине во автодеструктивно однесување. Особено кога чувствувам вина во ситуацијата...
Ретко се разбеснувам, ама кога ќе се разбеснам обично пепел се правиме со тој од другата страна до непоправлив степен. Не знам како да си го сменам тоа, ете, маж ми знае брзо да се изнервира и да му помине за минута, јас немам чести нервози, баш можам да терам многу долго без да се изнервирам, ама емоцијата ми е интензивна и долго ми трае. Со нервоза која нема како да ја насочиш на местото од кај што доаѓа, само пешачење со некоја "агресивна" музика на слушалки и тоа е.
Искрено, не знам. Не се конролирам кога ќе збеснам, зборам се шо ќе ми падне на памет, и воопшто не ми е грижа дали ќе го повредам или не. А кога бесот го насочувам кон мене најчесто викам на цел глас и плачам и еднаш од многу бес си искорнав прамен од коса...
Слично е и кај мене со делот на зборувањето, буквално не можам да контролирам какви зборови излегуваат од мене и дали воопшто се насочени кон виновникот за мојот бес. Кога бесот е насочен кон мене не се повредувам физички туку тивко и во себе се обвинувам, имам грижа на совест со денови.
Генерално трпам, трпам, и си собирам се. И нормално доаѓа до степен кога тоа ќе експлодира и за ситница. За да не се истресам на некој рандом, ни крив ни должен, обично излегувам и се тргнувам на страна. Шетање или слушање музика ми помага да се смирам. За тоа време си го враќам филмот за ситуацијата. Кога ќе увидам дека не е толку голема работа колку што е насобран стрес, за неколку минути се смирувам и можам понормално да разговарам.
Кога ќе избувнам, нешто слично и мене ми се случува. Невнимавам претерано што зборувам. После тоа откако ќе се смирам, ако сфатам дека бесот сум го истурала на невин, односно не на виновникот, тогаш се извинувам. Нивно е дали ќе го прифатат извинувањето или не. Се трудам да бидам фер. Се трудам и да гледам објективно на нештата, често знаеме неразумно самите да се обвинуваме за нешто што не сме виновни. Ако сакаш, секогаш можеш на еден или друг начин, вината да ја префрлиш на себе. Но ни тоа не е фер. Пробај да ги анализираш нештата од повеќе аспекти, да имаш повеќе објективна перпектива. Ако сум крива, крива сум. И немам проблем и да се извинам и да направам што год е потребно за нештата да бидат океј. Ама ако не сум крива, ич немам грижа на совест.
Обично сум доста толерантна личност, небитни луѓе не можат да ме изнервираат до тој степен да не можам да го контролирам својот бес. Лоша особина ми е тоа што акумулирам доста стрес во мене, знам кога ќе се изнервирам, секундарно да се смирам, но со тоа си правам лошо што ја задржувам нервозата и бесот во себе, а тоа ми се манифестира со силна главоболка, вртоглавици и болка во желудник. Се случува кога ќе прелее чашата да викам и да се тресам од нервоза и тогаш кажувам се што ми иде на памет и точно бирам зборови што ќе го погодат соговориникот во неговата најболна точка. Брз начин да се ослободам од стресот ми е интензивен тренинг и агресивна музика, после тоа се чуствувам многу смирено .
Дури и кога знам дека јас не сум крива за ситуацијата, пак се обвинувам дека сепак сум можела да постапам различно, да направам нешто што би го сменило крајниот исход. Свесна сум што е разумното решение, но тешко ми оди да прифатам дека постојат работи врз кои јас немам никаква контрола, колку и да настојувам и да се трудам да имам.
@prominent скоро за се што напиша сум иста ... И тоа многу ме нервира ,цело време ќе се сменам ,ќе се сменам и еве 27 години се менувам... а знам и да купам во нешто во нервоза... Имам скршено прозор,удирам со рацете во ѕид... а на тој што ме изнервирал (тоа најчесто после некое време собирање од одредена личност ) КАТАСТРОФА ама никогаш не ми се случува да се истурам на друг.