Жал ми е што е така Но мораш да најдеш начин за контролирање на бесот или барем за начин на негово изразување што нема да биде толку штетен и опасен. Можеби некоја физичка активност би ти помогнала...
Долги прошетки ми помагаа порано ,сега ем не ни шетам толку (имам 3 месечно бебе ) а и мислам нема ефект бидејќи и кога ќе излезев пак мислев на тоа и уште поголем бесот ...
Разбирам. Можеби некои вежби во домашни услови... сега барем се' е достапно на нет Или пишувај дневник, без да штедиш на зборови, пишувај баш онака како што чувствуваш. Треба да анализираш во кои ситуации точно се појавува таква реакција. Тогаш повлечи се и размисли дали ситуацијата е навистина толку страшна како што изгледа на прв поглед.
Епа јас точно знам кога ,и понекогаш не е ни толку страшно. Моментот е кога на некој подолго време му преќутувам ( а преќутувам многу посебно дома (свекрва) бидејќи не сакам кавги ) и од цело време собирано ко ќе се прелее чашата бум
До пред некое време викав,пцуев, се карав со тој што прв ќе ми прозбореше,но сфатив дека така само ги повредувам другите, а ни должни ни криви па со тек на времето пробував да излезам на воздух или сама во соба да се затворам додека не ми поминат тие ,, жолти,, минути. Можам да кажам дека добро засега ми оди, меѓутоа тоа е бавен, долг процес кој бара многу трпение. Се надевам целосно ќе успеам . Некогаш.
Јас сум многу трпелива личност. Дури и на другите му е чудно како можам да бидам толку смирена. Но јас се сизбирам восебе и неќам да се карам и да викам по некој.Но некогаш ако се ми се собери ќе почнам да плачам и ќе си ја барам вината восебе(иако можеби јас нема да бидам виновна)
Мое искуство е дека оние што се лутат побрзо, побрзо и им поминува. Кај трпеливите е поопасно. Затоа што гневот се трупа подолго време и експлозијата е поголема.
Јас имам слонови нерви . За да станам бесна , треба многу , многу време . Обично сум многу искулирана и не се замарам до толку околу ситници , кој што кажал и што ми направил . Понекогаш кога чувствувам дека ми доаѓаат " жолти минути " знам да испцујам ( во себе ) и да бројам до 10 . Кога бесот е многу поголем , се трудам да го пренасочам во нешто корисно ( чистење по дома на пример ) , но не ми успева секогаш . Оние моменти кога не ми успева , ќе се искарам со оној што ми го создал бесот . Секако во тие " црвени минути " не размислувам баш многу што зборувам , кажувам што ми лежи на душа , па често знам да се покаам , бидејќи често мислам дека голем дел биле само кажани во афект , а длабоко во себе знам дека не ги мислам .