Иначе моето куче е најнепослушно. Сака да си игра, ако е стар дедо. Сака други кучиња, мачиња, пилиња, а посебно сака деца. Палав е. За сите негови скоро 11 години, не ни пробал да се степа, а не да нападне. Никогаш не каснал никого. Ама не сака да дојде, не сака да оди до нога, сака да трча, скока, да се бори. Да се шљака во кал, да моча на гуми од коли. Од таа причина кога не е на поводник тоа е само во шума, кај што се плаши да не слуша па е умен, и во двор. И не, не мислам дека треба да "слуша" и сам да се шета по улица или кај било. Ако не сум јас присутна, и ако не го гледам, тоа не е шетање куче. Воопшто не ми се допаѓа кога гледам како лабаво пуштаат кучиња сами да си се прошетаат, а уште повеќе мразам луѓе кои дремат на клупа и не собираат гомца. Ситуацијава е таква каква што е, ама немојте да пуштате сами да шетаат. Тешко им е и на нив ама ќе се снаоѓаме. Сами пуштени не. Ако е полициски час и реално нема кому да сметаат, за нив не е безбедно сами, башка гомцето ќе остане
@LivingGlam , да биде послушно кучето не го прави робот, туку го прави "хиреархиски" да се однесува како што треба(исто така и во чопор, према алфа женката и алфа мажјакот), а не да ти се качува на глава или да бега и да прави недозволени работи. Послушноста на кучињата е од темелно значење за цивилизираното живеење, поготово ако кучето ти е од голем раст и живееш со состанари. Моето е 54 килограми и денес наполни година дена. Јас ако дозволам да скока наоколу за да биде "среќно куче" ќе уплашам некој друг, не е тоа чивава или мачка да не се плашиш ако доаѓа накај тебе, туку голем пес со адреналински напливи. А моето куче е најсреќно при ментална стимулација, верувај. Си сака истрчување, ама повеќе ја сака менталната стимулација и учење нови работи. Патем, затоа моментално сме во Мавровско, заради полицискиот час. Не му е доволно нему пред зграда мочкање и толку, ами истрчување убаво, или нема да ме остави на мира од енергија. Така да со @CameliaMiller не се грижете, баш си е среќно и сите сме среќни. П.с ако кака, гомцата ги собирам макар и на пижами да сум, ама на полициски час мораш да ги оставиш гомцата и да не ризикуваш. Сепак, природно губриво се, не се пластика. Убава вечер
Во младоста на моево, по цели ноќи се трчавме по шуми - имам шума на 200м од дома па ете, имало услови. Сега на овие години не сака толку енергија трошење, со годините веќе е смирен и во место сака да си игра. Во двор може колку сака да трча, прошетките кога сме низ населба се со поводник и без многу аздиси
Моето е доберман, и вољата за послушност и желба за учење му ја забележав после 6 ти месец возраст, до тогаш беше луд тром палавко непослушен. И го учев на основни команди, ама дури и тој покажуваше амбиции за самонаучени работи како : отварање врата, носење поводник за да шетаме, носење чинија за да му ја наполнам, фаќање за рака со уста за да ми покаже нешто и многу други работи, но, почна да покажува и прејак одбранбен механизам. Послушноста и непослушноста јас до негде му ја контролирав, ама guarding instincs коа испливаа на површина после 8 месец морав да дадам на дресура професионална. И сега сум мирна, не се доближува до други луѓе без моја дозвола (иако порано кога најпријателски се доближеше, пискаа луѓево а тој уште повеќе се возбудуваше) и не се однесува одбранбено према секој што ќе ми се доближи. Енергијата му е канализирана а тренерот рече дека немало потреба од повторување, се скапирал веднаш, па и наместо 3 недели тренинг, ми го врати на 11 ден. Моментално ми иде да му дадам да научи да чисти, уште тоа останува, бидејќи има желба има драјв (потекнува од работна крвна линија на Алтобело), и ништо не го терам сосила, затоа погрешно ме сфативте со членката погоре.
Токму затоа е со маска и си тера своја работа, социјализирано е максимално, не се врти на кучиња што пиштат, не се впушта в инциденти, ако мислам дека нешто ќе се случи, го викам и иде, на 10 метри е од мене, не на 100.
Пред некој ден имав проблем од такво воспитано куче што си го слуша сопственикот. Мојата на поводник, ова се пушти оддалеку со трчање, непријателски. Не реагираше на повиците. Да не застанев пред неа за некако да ја бранам, ќе се здавеа. Мало, големо, воспитано, невоспитано - треба да биде на поводник. Друго, твоето е со маска, но друго нема да биде. Некој друг ќе го остави пуштено па ќе настане инцидент. Твоето ќе настрада затоа што е со маска и без тебе да го повлечеш. Куче треба да биде на поводник.
Каде го шеташ така? Значи недозволиво е, колку и да е тренирано, да го шеташ меѓу народ така. Сфаќам потреба да се истрча и затоа кога мојот беше млад и зелен во сред ноќ одевме во локален парк и трчаше, ама дење кога има народ - не. Поводникот му е 15м и тоа е сосема долг поводник, од оние што се собираат на Трикси. Знам дека кај нас скоро никој не слуша, ама стварно не е фер куче без поводник да шеташ низ парк пример или низ маало, односно било каде што има народ.
Расно куче смее да шета без подводник и да удави успат некое непослушно улично што ќе му застане на пат. Овде кај нас за такви велат махт нихтс (не прави ништо моево мирно е) и два пати ја вадев главата на моето куче од нечија муцка да не го удави. Истренирани и воспитани без подводник оти “не прават ништо”. Ние останатите будали сме.
@CameliaMiller , @LivingGlam Секако е на поводник и треба да биде на поводник и секогаш е на поводник, освен во ситуации кога пример 3 полноќ е, те буди да се мочка, на пижами си, надвор врне, излагаш и стоиш пред влез, да не те истопи и да не ти се испези некој што си по пижами, или, ете, полициски час, веројатноста да наиде некој е рамна на 0. Секој прави отстапки, нели? А сум сигурна дека кучето мое нема да ме игнорира при зададена команда. На тренинг беше тестирано со женка во циклус, одбра кај мене да дојде, мене да ме послуша. А тоа се случува в 0,9 % од случаевите рече тренерот. Како и да е, доколку куче не е на поводник, ОБАВЕЗНО МАСКА треба да носи, поготово ако е голема и службена раса. Не знаеш кој може да наиде, некој намерно може да го штипне и тука дури јас да изреагирам да го повикам, ако не е маската отиде раката на пола. Има и такви ненормални појави. @LivingGlam еден совет од мене за такви невоспитани кучиња, купи си пиштол пластичен на капици, при пукање дава јак звук и го уплашуваш кучето, подобро така да спречиш контакт одошто да настане инцидент па да спречуваш. Јас среќа мојот го спријателив со сите кучиња скитници кои ги хранам, ама секогаш правеле проблем градските мангупи кои обично со питбули се шетаат. Немам проблем да пукнам 5-6 пати, безопасно е пиштолчето 50-60 денари на пазар. Чек факт: пиштолчето на капици не пушта дијаболи, само звук ствара, да не бидам пак погрешно сфатена.
Не сум градски мангуп а мојата е питбулка Секогаш е на поводник и проблеми настануваат не од скитници, туку од ‘воспитани’ раси. Мојата никогаш не иницирала проблем и не сме имале некој позначаен инцидент. Муабетот ми е дека не е таа виновна туку тоа што е пуштено. Оф Топик сме ептен. Ќе се согласиме дека е и до расата. Ти си одбрала доберман затоа што си имала желба за куче што така ќе ти го истренираат. Кучето ти е прекрасно. Само немој да мислиш дека сите други се невоспитани, зашто едноставно се кучиња. Не би ја менувала мојата гуфи за најпослушното куче што кака и ми се враќа на команда. Сигурна сум дека ќе се врати патем, ама не би да ризикувам. Муабетот ми беше дека твојот совет да ги мочаат бе поводник е несоодветен. Ја раЗдолживме беспотребно. Поздрав, и се надевам дека ќе имаш шанса да се запознаеш поблиску со питбулче, ќе ти се смени мислењето.
Па, пак погрешно ме сфати, ама ај да не ја должиме на темата. Спојлер: Пит Брат ми по моја препорака сега зема стафорд, а јас му го одбрав, иако сакав да вдомат улично П.с Не одбрав Доберман ради тоа што сум сакала куче што ќе ми го истренираат (и јас сум тренерка, ама не напреднат левел како за military trainer), туку затоа што сакам да се бавам со кинологија, знам се за кучињата и тоа е мое пасија, хоби.
Во америка има домови за оставени питбули. Има емисија ја гледам секој ден значи какви створења се тоа неверојатни. Од колку убави души во што ги претвора некоја гнаса. Па и колку се убави муцки насмеани. Со деца беспрекорни. Љубов ти е.
Имам на фгб една пријателка, се организираат да се најмуваат кучи во селата и таму да живеат за време на короната за да можат кучињата да живеат подобро. Сепак, верувам дека е скапа опција таа, ама со оглед на тоа кои се пишуваа во коментар мислам дека би платиле по 200 евра плус месечно за да живеат у куќа да не страдаат кучињата. Исто видов некаде имаше како живееле во Србија кога била војната, имало некој начин, ама не дочитав... нешто ги тренирале сами да одат и да се вратат до првиот ќош и назад. Што не верувам дека е тешко за куче...
И јас ги сакам ептен. Ама со нив кај нас многу пазење треба. Не од кучињата, тие се lovebugs, него од исфрустрирани сељаци што ги крадат за борби. Мојов е мешанец од ретривер... исто блесаво створење е
За куче не е, ќе си дојде дома. Ама ни во најдобри услови не треба да биде без газда, никогаш и никаде. Ќе дозволат до пред зграда... да речеме стотина метри од дома...
Сите ќе станат кучкари )))))))))) Јас 20 години имав куче, знаеше да оди надвор и да си дојде, знаеше до кај смее... Последното беше со маска кога одеше надвор и се враќаше само. Првото мое куче ме носеше и ме чекаше пред градинка и заедно си идевме дома, нормално со некој од родителите. 8 саати спиеше пред врата. Кучката на нива немаше ограда ама точно знаеше до каде е бавчата и не одеше по комшиските. Не викам дека треба, ама не е невозможно да се научи, бидејќи се многу паметни.
И овде има што ги борат и во Америка и насекаде на земјинава топка. Едноставно нема закони али верувај дека за 50 години се ќе се смени. Штета нема да доживеам да видам како животните стануваат слободни битија. А ќе бидат свеста расте во светски рамки број на вегетаријанци и вегани вртоглаво расте. И на хомосексуаците им требаа 50 години да ја изменат точката во сзо дека се болни. И ова ќе се измени. Се измени и за цигарите падна никотинска индустрија. Само за тоа ми е мака што нема да доживеам да го видам тоа и да касам по улици заедно со нив клапуши. Али ќе оставам аманет на наследницата моја да искочи на улица со тапани и да слави во мое име. И да тепа, многу ми останаа на список. Куче во никој случај само не смее да се пушти да се измоча макар и цезар го тренирал. Исто како што дете не се пушта. Али тоа може да го знае само некој што сака и цени животни.
Ама секако, и јас да сум во порурална средина можеби би оставила повеќе слобода. Искрено и сега има повеќе, низ Гази Баба само со маска и без поводник е, кога ќе навлеземе во шумата. Одиме по "козји" патеки, трек патеката ја избегнуваме, има народ таму. Најчесто родители со мали деца се плашат, јас знам дека кучево обожава деца и ги остава душа да му извадат, ама тие не знаат, а голем е. Кога сме меѓу народ, строго со поводник. Ни сакам негова безбедност да загрозам, ни сакам луѓе да плашам. А ако станат сите кучкари и соберат по некое од улица, тоа ќе биде позитивен исход од срањево
Ова со детево ме потсети. Душа не ми останува бе, ај сега го заградија паркчето, ама порано нон-стоп некое мало истрчуваше на прометна улица. Може ќе ми се смеат, ама јас и тодлер со градник би шетала