Јас ќе ја врзам наскоро и малата. Верба во дете и куче никогаш да немаш, за две секунди може да им текне нешто поинтересно. Ја анализирам млава од кога е родена, а Ози ми е вечна инспирација и сфаќам дека сега на годин и два месеци веќе се поистоветуваат двајцата. Односно на речиси ист стадиум од развој се. Малку е он попаметен и и попушта али сепак буквално исто реагираат. Нејзе ја разбирам преку него она што со него го поминав. Ѕвони некој на врата и двајцата трчаат се лепат на врата во тоалет ти стојат пред шоља, те гледаат кога им се јаде, ме каса малата кога и се пие вода, лаат да ги симнам/качам, двајцата ржат кога се лутат, за искачање надвор се тепаат пред врата кој прв да испадне, во лифт исто така кој да стои до вратата. Значи куче и дете до две години ти е исто.
Од еден совет за како полесно да се справите во ситуацијава стигнавте до борби со пит були. Никој дирекно не ви ги навреди кучињата, факт е дека постојат тврдоглави и непослушни миленици и ви беше соџвакано решение за како да се справите со тоа. Друга работа, законски кучето треба да носи маска ИЛИ поводник, што значи @1992g не прекршува закон. Али ако, видовме колку сте морални и доблесни зашто сте одлучиле да вдомите, кажете го тоа и на сто други теми да знаат сите и продолжете со дискриминација на расните (дека најагресивни, невоспитани итн). Многу тежок и стресен период е, особено за луѓе во станови, ја разбирам напнатоста ама стварно не гледам причина за ширење глупи пропаганди наместо конструктивни мислења.
Леле кутрево Сакам подолга да му е прошетката пред полициски, ама ме гледа сомничаво и влече накај дома, цел втф ти е ма
Е сеа, не знам одредбава како изгледа со сите ставки внатре, ама вака изјавава вели дека за сите шо имаат миленици од 20:00 - 20:30 ч важи, независно дали си во зграда или имаш двор?
Викендов ја изнесовме двата дена после полициски. Секако пред зграда, само колку да си изврши физиолшки потреби. Ние немаме двор околу зградата. 2 квадрати тревна површина само до скалите од влезот, но мојава никогаш не кака на места каде што има луѓе. Не е ни тренирана ни ништо, ама мислам дека се срами па оди да кака позади грмушки или во центарот на тревна површина, каде што не трчкаат деца. Ние имаме пробано да ја научиме да кака во веце и на тераса ама не. Дома си е дома. Сплет на околности, 24 часа не можевме да ја изнесеме и ср имаше само помочкано пред врата. Некој ќе каже размазена, ама нас ни е член на семејство (сегде ја носиме со нас, спие често со нас, почесто неа ја храниме отколку што правиме ручек за сите). Така да, среќа што овозможија шетање навечер за викенд инаку ќе требаше 2 пати неделно да кршиме закон.
Сега уште да овозможат на старите луѓе што живеат сами со милениците, да можат и после 11 да ги изнесат пола час. Мајка ми не оди на работа поради меркиве, па на комшиката и го шета бишончето навечер. Жената е 72 години, витална пензионерка, ама не смее.
Имаше едни дечки, се нудеа да шетаат миленичиња на стари лица во Аеродром, Карпош, Центар, Кисела Вода и уште некоја општина.
Малку сензитивна тема и ситуација е тоа, јас не би дала на непознат да ми шетка куче, знам многу лоши искуства и сум имала лоши искуства. Само на некој кој барем ми е познаник. Во средношколски денови џепарлк од шеткање кучиња заработував. Имам 7 комшиски кучиња кои ги шеткав, плус моето.Секој ден скоро, но не сите заедно. 50 денари од шеткање заработував (саат време), за копиљка од 15 години тоа си беа пари.
Дали приметувате промена кај милениците периодов? Мојава е некако чудна. Среќна е затоа што сме дома цело време и не е сама. Ама од друга страна како тажна да е. Неколку пати се случи да ја молиме за да ја изнесеме надвор.
И мојава несака да излегува надвор,што е чудно за неа ама ја вадев на неколку пати по неколку минути. Не е навикната така. Може и до наша психа е моментално.
Едвај чека да си дојде дома. Ама мислам дека оти му ги нема другарчињата, еве вчера скроз сам беше... а научен е со 10 кучиња истовремено да шета. Малце како повредена сум, не сум му доволна
Мислам дека темата е доволно јасна за коментирање Конкретно, да ја отворам оваа тема ме натераа постовите на здружението Мали Херои од Битола каде се кажува дека животните од Битола попладнево биле собирани од Комуналец и наводно убивани зашто претставувале опасност за ширење на вирусов. Битолчани, може да ја потврдите информацијава? Како ќе го искоментирате ова?
@1992g, знам дека сум оф топик, но во контекст на муабетот со поводник. Ме потсети случкава. Те молам прочитај, види ги и коментарите. Го опишува точно тоа што ни се случува на секоја трета прошетка. https://www.instagram.com/p/B_RA0b7gW6Z/?igshid=y0uqqldl7gl9 Да, твоето е мирно и те слуша, но и сите други мислат така за нивните. Се извинувам на офф, но нема соодветна тема.