Со последната промена милениците ќе може да се изнесуваат до 19h од понеделник до петок. Во сабота од 20 до 20.30, бидејќи полицискиот час утре ќе почне од 15h, а во недела важат трите термини (8-8.30, 15-15.30 и 20-20.30).
Како човек што до пред 6 месеци и сам чуваше две кучиња ( уште ќе ги чував , да не ми ги изедоа волци или мечки ) , јас ја поддржувам измената на законот , во однос на шетањето на домашните миленици . И тие се живи суштества и имаат право на слободно вршење на физиолошките потреби . Пред да се донесе измената , имаше многу себични коментари од луѓе , и искрено им се чудев . Си викам да ги фати нив една тврда столица , на 2-3 дена , да видат како е да им се оди во тоалет , а да не можат да одат ( тврда столица нели .. ) . Колку себичњаци има во државава , толку народ нема уздуж и попреку .