Справување со себе после живот во токсично семејство

Дискусија во 'Психологија' започната од Munchmallow20, 29 ноември 2024.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.272
    Допаѓања:
    189.693
    Не коментирам за да те нервирам. Ама огорченост вришти од тебе. Не планирај да простиш, оти различно видување имаме на тоа ,,простувањето, ,. Еве, прашај се самата себе- што корист имаш ти од тоа да бидеш постојано огорчена? Пошто јас никаква корист во тоа немам најдено, и сум ,,простувала,, . Пак, во наводници, оти тоа не значи да заборавиш или дозволиш да влезеш во истата замка, за мене тоа значи да се ослободам од таа огорченост, да тргнам напред во животот лесна, наместо да влечам багаж од трауми, лутина, гнев...
     
    На JoyJoy, lale22, Malesia и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.582
    Океј е Биљарке, не иде тоа преку ноќ. Затоа е темата. Како се справиле одредени, јас, ти, Стојна, Трпана со вакви работи?
    Не знам што мислиш, дека вчера некој ме вреѓал, омаловажувал, правел гомно од мене, денес се селам во свој стан и со едно finger snap све е убаво?

    Не, не простувам. Еден мал дел од мене мора да остане лут за да знам дека таму некој ме мразел и да не си дозволам утре да попуштам. Да знам дека некој грешел од што сакал да греши, а не од незнаење.
     
    На Gosh, strelec231992, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.416
    Допаѓања:
    27.516
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите дружки, шо се соочуват со исто или слично.
    Ќе биде подобро, ќе успееме ние! :*
     
    На SummerGirl, mickey18, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.677
    Пол:
    Женски
    Сите лесно ги даваме тие „вработи се и замини си“ совети. Но, реалноста не му дава на секој лесна можност да го направи тоа.
    Токсични или лоши родители го прават детето зависно од нив. Дури и детето да стекне финансиска независност, не може да се ослободи од емоционалната.
    Моите родители не се најлоши на свет, но не се ни добри. Ми требаа години да го сфатам ова.
    Не можев да направам многу работи што моите врсници ги можеа. За нешто ги сфаќам, но за друго не.
    Ме направија секогаш подготвена вината да ја барам во себе и премногу плашлива. Некои обврски да не можам да ги завршам без нивна помош. Станав анксиозна.
    За простување нема шанси.
    Имам пишано некаде на форумов порано.
    Немам волја да простам никому. Тоа го оставам на Бога.
    Не гледам фајде од простување. Тоа само ме удри по грбот.
    После неколкугодишна пауза пак започнав со психолошка терапија.
    И двете стручни лица ми рекоа дека не можам веќе да си го трошам животот мислејќи на тоа што им одговара на моите и другите луѓе. Дека е во ред да гледам малку себично на нештата и самата да сум си приоритет на себе. Пополека почнувам да го применувам ова.
     
    На theowndemon, SummerGirl, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.272
    Допаѓања:
    189.693
    Не знам како да објаснам како. Finger snap и не е, и е, зависи какви патишта ќе ти се отворат, зависи колку си спремна да тргнеш црта. Ако ти треба да останеш лута, ти треба јбг, ти си знаеш зошто, ти решаваш. Така се расне.
     
    На JoyJoy, theowndemon, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам околу простувањето.
    За да се прости, треба некој да побара прошка, да се покае....инаку е празна приказна.

    Инаку да, време е потребно и правилно избрани нови луѓе и патишта.
    За различни степени на трауми, помалку или повеќе време.
    Кога човек ќе си се прифати себе си, со сите свои несовршености, не споредувајќи го своето искуство со искуството на другите, се полесно станува....
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.272
    Допаѓања:
    189.693
    Затоа ,,простување,, во наводници ставам. Мене ми е доволно да немам лутина и гнев кон некого, со формални простувања и барања прочки немам искуства. Значи јас со сама себе, другите небитни :D.
     
    На JoyJoy, theowndemon и sonuvana им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Па јасно....објаснувам онака....обично и не е формално на Прочка, туку низ време некои родители просто признаваат колку грешеле, па им посакувам на сите да дојдат до тоа.
    Се надоврзав на тебе, бидејќи другиве на темава допрва ќе имаат животни соочувања.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    2.602
    Пол:
    Женски
    Јас па сум тргната од таму... имам фамилија ,дете на кое со сите сили се обидувам да не му бидам таква мајка што одам и во другата крајност. Иако уште е малечка.
    Но,сеуште боли. Сеуште се гушам кога ќе помислам на некои работи. Ги сакам иако секогаш мајка ми знае и се лути дека повеќе го сакам татко ми но тој беше барам малку постабилен ,со него имав грб ,сега немам ништо...
    Не уште не сум се соочила со себе си бидејќи немам ни сила ќе испливаат и сите оние работи кои сум ги правела за да најдам трошка ,,љубов и разбирање " надвор од домот а тоа не можам сама да си го простам.
     
    На kozuf, SummerGirl, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    Најголемата токсичност на ова парче земја се влече од генерации, чукун генерации. Тоа што било табу тема порано (посебно психолошки тематики), сега не е. НО, има многу двојни стандарди (во денешно време).

    Токсичноста најчесто е резултат на премногу потиснувана, нереализирана себе-личност. Работа секогаш има најмногу на себеси, ретко кој ќе се дразни со себеиспитувачки прашања. Не замерувам генерално на генерациите, зашто пробувам да сфатам дека секое време носело одредени предизвици.
     
    На SummerGirl, Malesia, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.416
    Допаѓања:
    27.516
    Пол:
    Женски
    Едно имам разберено во овие моиве 28 години живот.
    Кој нема доживеено тоа шо го имаш ти, неможе да разбере.
    Се случило и психијатар да не ми верува во тоа шо го кажувам.

    Затоа, веќе со луѓето комуницирам спрема тоа шо го имаат доживеано. Повеќе од тоа не. Оти нема да ме разберат, само ќе ме осудат.
     
    На strelec231992, Anaroz1, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.582
    Мојава кога ѝ кажав некои од погадните работи, проба да не покаже пред мене ама лицето ѝ се смени и од место се помести од шок. Ми веруваше, фала богу ама изгледа и сама си се чуди какви све луѓе постојат.
     
    На SummerGirl, Трагедијаупмм, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.046
    Допаѓања:
    9.836
    Пол:
    Женски
    Јас поинаку гледам.

    Простувањето го гледам како отцепување на моите чувства, емоции, снага, енергија од нештото кое ме здоболело.

    Значи не да го заборававам и да се правам како ништо да не било со тие луѓе, туку да си ги оттргнам мислите и енергијата од негативното.

    Многу се меша простувањето со правењето како да не било ништо. Секако дека ако од еден човек си се изгорел, природно ти доаѓа да држиш дистанца од него и ова е 100% оправдано. Мислам мој живот е, и едини е, со кои луѓе јас сакам, со тие и ќе го поминам.

    Но од друга страна те разбирам и тебе. Простувањето е тежок избор знам, но не е невозможен. Сум искусила како е да се осеќаш у моментот предаден од ближен, некој кој требало да те заштити си поиграл со твојот живот. Знам како е да си лут, гневен и да немаш желба да простиш. Знам како е да осеќаш како да нема правда за тебе.

    Сум го видела животот од перспектива и на човек што е огорчен и на некој кој простува. Но мене ми е 100 пати полесно кога го живеам ова второво.

    Колку и да се чини како некои мисли кои надоаѓаат не можеме да ги контролираме, ова е лага. Човек може само мислите да си ги контролира, патем ова е и единственото нешто над кое имаме 100% моќ.

    На крај краева само ти си знаеш како е најдобро за твојот живот, ти ги носиш своите чевли. Твој е изборот. Твое е дали ќе простиш или не, и немој да дозволиш никој од страна да ти соли памет. Иако на оваа тема не се согласуваме, мило ми е што постојат големи луѓе ко тебе, што цврсто си го бранат својот став и за тоа те поштуем.

    Но јас и понатаму си стојам црврсто позади ставот дека огорченоста носи само поголема болка. Дотичните не ги боли, но за сам човек што ја носи лутината, таа за него е отров.

    Јас не би се сложила за ова. Поентата на простувањето е да ти се олесни животот тебе, да ја оттргнеш лутината и негативните емоции од твоја глава, а не дека некој така побарал.

    Обично луѓето што бараат прошка бараат и втора шанса. А овие две не мислам дека одат рака под рака, барем не во мојот живот. Не значи дека ако јас сакам да си го симнам теретот, дека на некого ќе му дадам втора шанса да повредува. Многу сум претпазлива кога се работи за втора шанса, оти животното искуство ми покажало дека луѓето и не се менуваат така лесно. Ова е мое мислење и перспектива.
     
    На SummerGirl, izabela.nik, Alek90 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.677
    Пол:
    Женски
    И мојата со иста реакција.
    Сепак, мислам дека најдобро нè разбираат оние кои го доживеале истото или слично. На тие растени во нормални околности им е чудно.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Ако некој кој те повредил прво почувствува покајание, па побара прошка, тоа значи дека се променил.
    Вистина е дека не се случува често, но ако се случи, благотворно е за двете страни.
    Секако дека повредениот може свесно да реши дека "простува" на непокајан човек, но не го сака истиот повеќе во својот живот, не на близок и топол начин. И тоа е во ред, олеснувачки е, но кога се големи трауми во прашање, не знам дали може да функционира.
     
    На Angie1432 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.046
    Допаѓања:
    9.836
    Пол:
    Женски
    Некад луѓе бараат прошка оти осетиле некаква грижа на совест или па, има случаеви каде што е чиста манипулација, да те држи до себе. Луѓе не мислам дека се менуваат така лесно.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Да,за жал.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Не знам од каде да почнам, имам многу да кажам на темава, може ќе испомешам повеќе поенти и совети.
    Фактот дека отселување и финансиски осамостојувањето не менува многу е доказ дека сета работа е работењето во менталитетот, перспективата, зацртување принципи, па дури и простување (за тоа во следното цитирање). Нема шанси да споделам детали, но ќе кажам еве пред пола живот ја отпишав целосно едната страна од фамилијата. Е сеа се кладам дека јас сум добри 10 години постара од тебе, па затоа прв мој совет колку клише и да звучи е "не се откажувај". Зацртај си дека од сега па понатаму ќе работиш на тоа од што сакаш да се ослободиш, без разлика колку болно, тешко, долго и неудобно да е. Зошто некогаш можеби ќе мораш да пробаш нешто што сеа ти делува невозможно, ко на пример, да ги баталиш траумите и бесот и состојбата на неправда, итн.
    И јас на почетокот се осеќав, прво депресивна. Дух бев, не содржев ништо во себе. Ме носеше ветерот наоколу, ко празна растргната прљава искористена ќеса. После ме мавнаа негативните последици од таа флегматичност и незаинтересираност за ништо, па ме мавна реалноста и дооооолги години осеќав бес и срам. Ем бесна, ем усрамена како можеше да ми се случува тоа што ми се случуваше. И така помина деценија и како што ми се доближуваше 30ката, почнав општо да работам на сè и сешто (меѓушто и излегување од друга депресија и период на физички напади од анксиозност), и почнав да менувам перспектива и кон себе си ко човек (која сум и која сакам да бидам, а не која бев), и кон минатото, и кон иднината, и кон околната средина, и кон светот, буквално сменив цел менталитет, денес се чудам каква сум била и какви мисли сум имала.

    Е сеа малку подетално за тоа што прашуваш: како? Се што ќе кажам може ќе ти звучи клише, ама јебига, тоа е вистината.
    Прво, како Еуроека просветлување ќе доживееш осознавање што ќе го разбираш со секоја молекула дека НАДВОР ОД ТВОЈА КОНТРОЛА Е. А штом е надвор од твоја контрола, не можеш да го смениш. Да, неправедно е. Да, боли. Ама е тоа што е.
    Второ, со иста моќ и значење ќе разбереш дека животот е стварно прекраток, годините си поминуваат и стварно, ама најсериозно, без разлика колку и да се болни минатите нешта, не вреди да трошиш уште време од краткиот живот тероризирајќи се сама себе си, кога ионака не можеш да ги смениш.
    Трето, ТИ СИ ПОБИТНА. Се сметаш ли себе си за побитна од нив или не? Ако толку размислуваш на нив, какви се и што правеле, значи побитни ти се од себе си. УШТЕ ИМ ДАВАШ МОЌ. Одземи им ја веднаш. Престани да ги мислиш какви се, мисли само ти каква си. Цврста, способна, вредна, со квалитетни вредности. Кој ги ебе нив. И да доаѓаш во судар повремено со нив, ти си битната. Глеј ги исто ко сите рендом луѓе што ти се гадат. Глеј ги ко ништо битно, подолу се. Не вредат менталното здравје да им го даваш да ти го боксираат, ни во реално време ни во мислите. Заеби и пилули, и анксиозност, и бес, и очај, и агресија, заеби сè, имаш живот за уживање! Не им ја давај таа моќ.
    Четврто, не бегај од својот идентитет. Ти се случувало што ти се случувало, не си ти крива. Ама ти се случувало што ти се случувало, дел е од тебе, не можеш да го смениш тој факт, но не мора ДЕНЕС да му придаваш толку значење. Не си крива какви родители имаш. Ама тие ти се, не можеш ни тоа да го смениш, едноставно тоа е твоето детство, твоето минато, твоите трауми, твоите комплекси. Но буквално СЕКОЈ ДЕН САМИ СЕБЕ се моделираме во тоа што сакаме да бидеме. Ние - не дозволувај други - се моделираме самите себе си. Ако осеќаш бес кој те носи во агресивен вртлог - ДРУГИ СÈ УШТЕ ТЕ МОДЕЛИРААТ. Ако си во депресија зошто не можеш да прифатиш дека ти се случувало тоа што ти се случувало - ДРУГИ СÈ УШТЕ ТЕ МОДЕЛИРААТ. И така натаму. Но СИ САМО ЧОВЕК. И да, лесно е да се каже, тешко е да се направи. Ама не е невозможно. Само НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ. Немој да си зацрташ дека поради туѓите постапки доживотно ќе патиш. НЕ ИМ ЈА ДАВАЈ ТАА МОЌ.

    Си почнала да препознаваш трауми, комплекси и особини што не ти се допаѓаат. Супер, прв чекор постигнат. Знаеш што сакаш, а што не сакаш. Супер, втор чекор постигнат и цепај даље. Веќе си повозрасна и можеш посилно да поставиш граници. На крај краишта, не мора да ги смениш луѓето, само фокусирај се на себе, со менување на себе си односно на тоа што не ти се допаѓа кај себе, и на одржување на граници. Битно пак нема да те манипулираат, гаслајтуваат или да лечат нивни комплекси на тебе. Цепај даље.

    Не мора прошка. Да, најдобро е да ја добиеш, ќе помогне да се излечи раната. Но понекогаш простуваш и без да речеш "простувам". Тоа се случува кога ќе почнеш да живееш живот без да осеќаш огорченост кон луѓето што те повредиле и кога нема да ти се јавува бес и анксиозност кога ќе помислуваш на болките. А е возможно, само треба повеќе време да помине и многу работење на ослободување на себе си. Товарот можеш да го фрлиш, ама не преку ноќ. И еден ден ќе сфатиш дека веќе не ти значи тоа што било затоа што ти си веќе друга личност и живееш друг живот.

    П.С. Алал да ви е ако ме исчитавте. :D
     
    Последна измена: 30 ноември 2024
    На strelec231992, butterfly_91, JoyJoy и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    1.158
    Пол:
    Женски
    Мене ме повредиле не дека не.. Ама знам дека и ме сакаат. И знам дека толку знаат.. Па од друга страна и ми е жал за нив зошто знам дека можат подобро...
    Да ми се живи и здрави, родители се. Вакви такви, тие се. Не дека ги оправдувам ама срце ме боли за нив кога имаат нешто проблеми.
    Тоа е што е, да се живи и здрави..
     
    На Malesia и sonuvana им се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.046
    Допаѓања:
    9.836
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе имаат его до плафон, место да си признаат дека згрешиле и да огладнат за промена. Затоа тешко им е да се менуваат. Помил им е добропознатиот замислен свет кој го живеат, наречен комфор зона, отколку промена кон подобро.

    И ми требаа години и години додека да сфатам, дека ако некој не сака помош од тебе, дека не треба да форсираш, иако му мислиш најдобро. Дека човек сам треба да посака да се смени, иако им посакуваш сè најдобро на луѓето до тебе.