Справување со себе после живот во токсично семејство

Дискусија во 'Психологија' започната од Munchmallow20, 29 ноември 2024.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.318
    Допаѓања:
    21.563
    Пол:
    Машки
    Една многу уба реченица одамна ја прочитав и тоа ми даваше мотив повеќе да терам понатаму.

    "Семејството кое ќе го изградиш е многу поважно од семејството каде што потекнуваш"


    Некогаш кога би имал малку повеќе мотивација и енергија би пишал повеќе. :)
     
    На MarigoldA, SummerGirl, Anaroz1 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    9.681
    Пол:
    Женски
    Стајли, јас на никој не ми кажувам како треба да живее живот. Јас сè што напишав на темава беше исклучиво од мое лично досегашно искуство.

    Ако звучам како на некој да му солам памет, се извинувам, оти тоа не ми беше поентата. Ваш избор е.

    Значи јас сум била и предадена од блиски, најблиски, и ми згрешиле некои луѓе и премногу, луѓе кои требало да ми помогнат, кои ме оставиле на цедило и тако даље, нема да пишувам несреќни дешавки од мојот живот сеа.

    Но се случи нешто кои направи пресврт у цел мој живот, што ме натера да си кажам дека јас сум подобра и посилна од она што се случило. И дека отсега па па понатаму, целата енергија што ја имам ќе си ја насочам на моите цели.
    Е за ова се сложувам со тебе 100%. Затоа јас и си стојам зад мислењето дека сум благодарна на она што го доживеав. Тоа ме натера да се отцепам од својата комфор зона.

    И повторно ќе си кажам од мое лично искуство, значи за себе ќе си зборам. Сите тие лоши работи кои се десија ми разбудија една огромна желба за живот, желба за подобро, желба за повеќе. И благодарение на ова имам постигнато многу мои лични цели, но уште нема да се "пензионирам".

    Допрва за мене почнува живот и допрва ќе почнам полека да си ги остварувам своите цели:l:
     
    На SummerGirl, Чанта, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    9.681
    Пол:
    Женски
    И јас некаде ја имам начекано реченицава. Кој разбере, разбере.
     
    На SummerGirl, Anaroz1, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.875
    Пол:
    Женски
    Да можев, немаше да се вратам на терапија. И психијатарката немаше да ми го смени лекот со појак.
    Ок, тоа. Само си збориме.
    Сите сме различни. Ете, нè има такви што не можат да пуштат.
     
    На SummerGirl и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    Скоро се е можно во животов ама тоа не значи дека е правилно.
    Сама си контрадикторна, прво велиш не можеш да се ослободиш од негативните чувства (што значи ти е терет) а после велиш најдобрите резултати се од огорченост.

    Ти си посебна личност со свој карактер ама не си настаната од ништо ниту од сама себе плус и те како имаш поврзаност со твоите (гени на пример или некои особини), можеш да негираш колку сакаш ама тоа е факт.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Тоа е дел од борбата. Долг е патот, ама нема откажување. Јас бев таму кај што си ти сега, ти посакувам да дојдеш кај што јас сум сега.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. W@nda

    W@nda Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    813
    Пол:
    Женски
    Не ја зачитав темава само воведниот дел.
    На оваа тема не можам да споделам од мое лично искуство, бидејќи не сум била во таква ситуација, но можам да спомнам за искуство на сопруг на моја блиска пријателка.
    Си заминува од дома во странство на сезонска работа, таму останува трајно додека не се запознае со неа. Таа се сели таму за да биде со него, но не се пронаоѓа далеку од дома бидејќи нејзината фамилијарна ситуација е сосем поинаква од неговата. Таа е преблиска со нејзините и ја фаќа носталигија. Се враќа дома и тој со неа, создаваат фамилија и таа заради децата обновува контакт со неговите кои и ден денешен е ладен и официјален од негова страна кон нив.
    За се има решение или народов што би рекол чаре.
    И често лекот или чарето е 5 пари, само личноста треба да има храброст да си признае отворено како стојат работите, што посакува во иднина и кои средства и ресурси ги има и поседува или треба да ги стекне за да излезе од можеби навидум на прв поглед безизлезната ситуација. Која можеби на втор поглед по разумно резонирање ќе делува дека и не баш така безизлезна.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.155
    Допаѓања:
    175.102
    Пол:
    Женски
    Неќев да коментирам тука зошто темава ја гледам како поддршка на луѓе кои биле или се во иста ситуација и јас сум во тој случај "натрапник".

    Ама ја читав темата. И нешто ми извај очи. Кој ви дава за право да коментирате дали некој треба да батали психијатар или препишана терапија? Ваљда свесни сте колкава одговорност таков коментар има, не само онлајн, туку и ако го речите то на некој во реалниот живот? Ова е коментар шо во некои ситуации можи да кошта живот и е стварно неодговорно така да се расфрла. Ова го мислам која и да беше темата и да го рече некој ова.

    Исто скроз се согласувам со Енџи од претходната страна. Нема смисла да кажиме на жртва како треба да се осеќа. Простување како moving on за добро здравје е секогаш пожелно, ама не секогаш е возможно. Целосно вервам во то дека треба секоја емоција да ја искусиме и доживееме кога сме соочени со нешто тешко и трауматично пред да бараме начин да ја канализираме таа емоција поинаку. Не секогаш можи да ја канализираме поинаку, а некогаш не ни сакаме или не сме спремни. И то е океј. И подобро да ја живееме и ослободиме него да ја истисниме. Лут си и тажен и ти се вика? Викај. Ти се плачи? Плачи. Ти се кара? Карај се. Важно ослободи ја лутината и тагата на начин кој сакаш. Не мора да е "софистицирано" или "зрело" или "суптилно". Whatever it means да е така. Важно е да не се истиснува оти истиснување емоции носи до психосоматика. Имате право да се осеќате како шо се осеќате.

    Нормално дека одделување од домот не ја решава траумата, ама е добра стартна точка зошто тешко е работа на себе во токсична средина, за разлика кога се тргаш од таа средина и полека добиваш контрола врз себе.

    И уште за делот "не знаеле подобро". Ќе го преќутвав оти немаше да коментирам воопшто да не беше другото шо пишав. Не знаеле подобро можи да функционира за грешки кои се без зла намера, без да повредат некој до срж и кои се поправливи. Ако збораме во контекст на токсично семејство, родители, роднини - за да е токсично значи не е инцидентно туку многу пати се случва, шо значи не е грешка. Намера е. И не можи "да не знај подобро" сем да повредва некој постојано со години. Сите возрасни сме доволно способни и свесни како да не повредиме некој кој тврдиме дека го сакаме.

    Јас на сите ви посакувам убав и среќен живот. И жал ми е дека сте поминале низ шо сте поминале.
     
    На SummerGirl, butterfly6223, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.875
    Пол:
    Женски
    Ништо контрадикторно. Поврзано е.
    Доживеаното тежи. Предизвикало лутина и огорченост.
    Човек бира дали да тоне или да ги канализира за своја корист.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.098
    Допаѓања:
    188.514
    Па тоа го збориме на секоја страна-нема никој да ти каже како треба да се чувствуваш, се чувствуваш онака како што се чувствуваш. Битното е, ако е деструктивна емоција - канализирај, не потиснувај. И напрај се што можеш да не влегуваш во репетитивно сценарио, кајшто пак, одново и одново, ти ја предизвикуваат истата емоција. Пошто другиот нема да го смениш, единствено можеш да се смениш себеси и/или да ограничиш/прекинеш комуникација.
    Сега вака апстрактно збориме, оти нема конкретен пластичен пример, па не знам што да земам за пример. Ама, ко што рече една членка- ќе престанеш да им кажуваш се, и можеби најбитно - ќе престанеш да бараш/очекуваш одобрување, поддршка. Мораш да си бидеш сам на себе ветар во грб шо викаат комшиите (и не ми текнува соодветна мк узречица).
    И најбитното го забораив -гушни се самиот себе:hug:
     
    Последна измена: 3 декември 2024
    На JoyJoy, Puellapulchra, sonuvana и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Многу добро кажано но семејството од каде доаѓаш многу игра улога во почетните години од животот,како и на пример кога учиш или се трудиш нешто повеќе да направиш незнаеш дали да се сконцентрираш, или да се тресиш од страв да не се убијат или да пазиш кој збор ќе го употребиш јер некогаш ти ќе си крив за некоја небулоза која не знаеш ни дека постои. Има луѓе кои можат да се изборат и некои кои неможат… мн е жално.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Исто така морам да додадам: Денешниве деца од многу видено имаат други гледишта и затоа не можат да се носат со одлуките на родител, старател. Некогаш навистина треба да се знае кој е кој.
    Многу примери во дрнешницава се и такви. Нереален живот.
     
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.985
    Апсолутно било кој смее да коментира ако е во корист на дискусијата:D

    Тоа фала богу е точно.
    Ама пошто "оддели се" е веќе единствено нешто што сите знаат да го кажат, а не и како ментално да се оправиш, затоа потенцирав дека не е единствен.
    Буквално е виктим блејминг. Исти к ко "маж е си бара" или такви биле мажите или слични ми ти глупости. Ама за родители не се важи изгледа. Што ми беше уште поголема причина да ја отворам темава.
     
    На SummerGirl и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.155
    Допаѓања:
    175.102
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова ама скроз вервам во места за систем на поддршка да има тука и зато сакав да не коментирам ама ете имаше шо да ме испровоцира доволно за да пишам. :D
     
    На senjorita-v и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.318
    Допаѓања:
    21.563
    Пол:
    Машки

    Да секој различен карактер и како ги процесира работите, конкретно го зборувам за жртвата на токсично семејство..

    Али исто така, овие тешкотии можеш да ги претвориш во своја шанса или како да речам водич да ти е да станиш подобар човек, барем знаеш како не треба да биди едно семејство. Најсилната одбрана е да кажиш СТОП кај тебе и да му пружиш на детето па и сопруг откај знам фамилија љубов разбирање почит. Али ајде да речеме за децата наши. :)

    Исто така траумите што ги имаме од детство за жал нема да исчезнат никогаш, барем за мене си знам што сум истрауматизиран, пробувам секогаш да го амортизирам и колку толку минимизирам. Али едно знам дека сум свесен што е добро, а што не е.
    Сум бил срамежлив, сум мислел дека не сум добар за ништо и ден денес некогаш имам проблеми, дури и кога ќе ми дадат комплимент дека сум одговорен и совршено си ја работам работата мислам дека ме заебаваат, ама ќе ми текни дека тоа е од моите трауми од детство.

    Човек кога ќе ми речи дека е осамен, се натажувам се трудам да му помогнам барем да го ислушам, зато шо имам доживеано да се осеќам осамен... премногу боли.


    Во поширокиот круг на фамилијата сум се справувал со нарциси и манипулатори, за жал додека не израсниш, немаш свои пари и си зависен од него ќе мораш да трпиш. Некогаш ќе попримиш од тоа или ќе издржиш и кога ќе дојди време ќе се справиш со тоа. Тоа ме направи да сечам во корен директно да му кажувам во фаца се.



    -Ова се само дел од секојдневни примери што ми се случувало.



    Така да од мене само би ви препорачал да се запознаеш самиот себе горе-долу да видиш кои ти се траумите, да се прифатиш каков што си, и нормално здравје госпо во иднина да имаш личност која е на слична фреквенција со тебе, да дава голем акцент на љубов, разбирање и поддршка и се ќе биди во ред. Тоа ќе биди вашата најголема победа против токсичноста и нема да дозволиш да ја пренесиш на твоите деца. :)

    Зборување со психолог, читање мотивациони-охрабрувачки книги помага.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, Чанта и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.566
    Допаѓања:
    13.938
    Има ли некој на форумов што растел во хармонично семејство? Скоро и да нема. Ако членката е независна, ако е веќе тргната од кај токсичните, уште подобро за неа. Стоп, стоп, за сите токсични, тоа е спасот.
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.318
    Допаѓања:
    21.563
    Пол:
    Машки
    Ако ништо друго може да си сподели вака на форум поразговараме и можеби ќе и олесни. Некогаш на таквите личности им треба поддршка (СЕКОГАШ), ако ништо друго да биди ислушано. Има потешки и полесни форми од токсични семејства каде владее и огромно ниво на насилство и после значи се плашиш од светот што е околу тебе буквално. :)

    Инаку не викам не, ретко кој е идеален во семејство, ама и тоа не значи ете така е и да не пишуваме на темава..
     
    На SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    9.681
    Пол:
    Женски
    Има многу луѓе што се растени во функционални семејства.

    Точно е дека има многу кои израснале во токсично семејство, но не сите:)
     
    На mischievous и Stark им се допаѓа ова.
  19. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Ако не е токсично семејство тогаш е токсична средина. Мора борба.
     
    На Tanjamm и Stark им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    35.261
    Пол:
    Женски
    @Munchmallow20 немам лично искуство ама знам неколку примери со токсични семејства, а и професионално по нешто знам.
    Супер е што си го почнала процесот. Не е лесен, долготраен е, ама другата страна на тунелот е навистина посветла.
    Во моментов фокусирај се на себе. Оди ти напред. Ама таа потисната лутина те кочи. Лута си. Не само на нив на себе си, си лута. Тоа ти е ако мене ме прашаш темата на која треба да работиш. Она што се пишува за простување. Апсолутно ти е потребно. Прво е потребно себе си да си простиш. Да си дозволиш и себе си можност за грешка. Да си речеш не си ти крива за минатото. Да си го гушнеш детето во себе и да му се извиниш да му простиш и потоа да тргнеш напред малку поинаква. Оти ако не си простиш себе си за минатото ќе те прогонува засекогаш.

    Овој пасус ти е чиста лутина (иако можеби тебе не ти се чини така). Лута си на себе, лута си на нив, лута си на поминатото време. Да простиш некому за грешките не значи одма да се изгушкате и да си продолжите ко ништо да не било. Можеш да простиш некому за лошите работи што ти ги нанел за да се спасиш себе си од болката што тоа низ што си поминала со нив ти ги предизвикува. Можеш и да им простиш за лошотилоците зашто си над нив и да расчистиш со нив. Не мора ништо да ти значат потоа. Ама со емоциите мораш да расчистиш. Во таа насока е простувањето. Не е до ајде ќе се исплачеме заедно и ќе продолжиме ко ништо да не било (ова не е ни простување понекогаш). Со простувањето всушност признаваш дека се тие виновни (затоа впрочем простуваш). Нема помирување со себе ако не простиш за минатото и не се простиш со минатото. Ама не мора да простиш сега и веднаш. Веројатно тоа ќе дојде покасно. Ама ако психологот добро те води низ процесот ќе дојде и тоа. Само треба време и трпение и многу работа на себе.
     
    На sonuvana, eliesaab и Puellapulchra им се допаѓа ова.