Справување со себе после живот во токсично семејство

Дискусија во 'Психологија' започната од Munchmallow20, 29 ноември 2024.

  1. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Хммм со денови се мислам дали да коментирам.
    Моите беа дисфункционални, тоа се гледаше уште пред разводот. И од оваа гледна точка подобро што се разведоа.
    Но лошо што не успеа никогаш тој co-parenting дел кај нив.
    Нема везе. Таа себичност, нарцисоидност, себе сожалување се одрази да бидам многу назад во споредба со другите. Не сум имала поддршка за апсолутно ништо, ниту за да учам (сметаа дека немам капацитети и можам само да учам за домаќинка - да во 21ви век во Скопје), ниту за дружба, ништо!!
    И сва среќа што решив да бидам бунтовна и да се борам за да учам најпрво!
    Не знам како и зошто, но (мое мислење) тоа што ме оставија скроз сама да се борам ме направи многу цврст човек без никакви стравови. Делумно затоа што знаев дека никогаш нема да иам некој позади мене. Е сега можеби и јас имам токсични страни, не викам не. Тоа подобро треба луѓето околу мене да го видат.
    Не сум помислила засега да одам на therapy барем не за минатото, простено е се на сите дома јбг. Иако they should have known better, детето не треба да го воспитува родителот, и детето не е должно на родителот за ништо, баш напротив.
    Не знам што да кажам искрено на темава, болна тема е, накратко ова
     
    На Herrera, mischievous, nextredstyle и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    Еве наједноставно ќе прашам - дали на тепана и/или силувана жена ќе ѝ речеш да му прости на насилникот за да си ги среди емоциите? Да, не?
    Нема да дискутирам детали што било кај мене, ниту сакам да се споредувам, ама не сакам да бидете никој пристрасни во советите само зашто се родители. Не према мене, општо.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    35.260
    Пол:
    Женски
    Покомплесно е ова твоево од силување. Ама и во силување има момент на профаќање/простување на себе си. Понекогаш и на тепана жена и се вели да прости во преносна смисла на зборот. Ама да прости и да не се враќа назад. Да си прости себе си за ситуациите во кои била. Простувањето не значи да одиш некому и да му кажеш ти простив за грешките и сега ќе продолжиме. Простување повеќе во смисла на помирување со тоа што било било и јас морам да продолжам понатаму.
    Ти сеуште мислиш дека простување е да се обвиниш себе си и да ги оправдаш нив. А тоа воопшто не е простување. Тоа е превземање на вина и правдање на оние што направиле лошо.
    Ти пишав лута си во моментов сеуште. И ОК е така да се чувствуваш. На почеток на процесот си. Се надевам ќе дојдеш до точка во која ќе можеш да кажеш да простување е можно, ама тоа не значи дека биле во право и дека јас треба да продолжам по старо со нив.
     
    На andromedae, duffi, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Да, ама едно е родителите да се заштитнички настроени и да те подржуваат, мотивираат и учат, а друго е на тебе да лечат комплекси, да избувнуваат агресивно, да те вреѓаат дека си глуп и неспособен, итн, итн.


    Најмногу ми има помогнато психологијата, учење што е можно повеќе за психата, за методите за лечење, за комплексите и траумите, за сè, бесконечна тема за истражување. Така научив за сите срања, препознав што ми се случувало/случува, сфатив многу нешта.
    Исто така, кога ги разбираш и луѓето кои те повредиле, односно ги препознаваш нивните комплекси, карактери, мотиви, така ќе знаеш и зошто го правеле тоа што го правеле. Па ќе ти стане кристално јасно дека не е твоја вина и дека тогаш ништо не си можел да направиш. Па ќе сфатиш дека тоа е што е, дека животот се случува сега и ќе се фокусираш да бидеш среќен.

    Ама до тој момент ќе претрпиш долг процес на самообвинување, самоомраза и депресија, па бес, омраза кон личноста и константно чувство на доживеана неправда, па жалење, буквално grieving за себе, за животот кој си го имал, за животот кој си можел да го имаш, ама го немаш поради сопствениот родител, па како ќе созреваш, ќе почнеш да ги прифаќаш нештата, и луѓето, и сопствените траума и идентитет (денес сум апла функционална, здрава, права, среќна и позитивна личност, ама останува дел од мојот идентитет дека доаѓам од нефункционално семејство), па ќе откриеш колку многу уствари си силен, дека си бил жртва, но повеќе не си, дека битно ти е од сега понатаму да доживуваш убави нешта.
    Тоа треба да се укапира, дека е ПРОЦЕС. А низ процесот ќе менуваш и ментална состојба, и чувства, и перспективи, и желби. Како 12те чекори на зависниците, сешто ќе осетиш и ќе помислиш. И е процес на ups & downs, нема секогаш да ти биде исто, некогаш ќе бидеш подолу, некогаш погоре. Ама со тек на време, со борба, работа и учење, ќе одиш сè погоре. Сè што правиш, правиш за себе, тебе да ти е добро и да си среќен. Ништо друго не е битно.
     
    На Deus ex mahina, eliesaab, Munchmallow20 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Јас имам три пријатели што се растени во нормално семејство.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Браво, но на мене ми е зборот дрка и надвор од семејството има токсичност. Ајде не идам предалеку еве во кругот на семејството. Сестра, брат може да е токсичен не мора да се родителите нели?. Тогаш како? Индивидуата сама мора да се бори. И да свати дека тоа е реалност и несакајки.
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Абе доживотно ќе налетуваме на токсични луѓе, не е тоа темата. Тука се збори како да се справиш со траумите добиени од сопственото семејство.
     
    На eliesaab и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Како дете пораснато во драма/трилер/хорор жанр на семејство, иско членката нагласи неколку пати дека не станува збор за осамостојување сепак, тоа е клучно. Живеење под друг покрив, следно простување, потоа ставање јасно граници и дистанца од токсичното семејство па ако има простор за взаемно почитување и разговор понатака и тоа е добродојдено. Секој да си го знае местото. Трауми секогаш ќе има човек. Еве јас сум возрасна особа и функционирам зрело да речиме. Но некогаш ако се сетам на некои моменти имам грутка во грлото, неможам ни да дишам ни да плачам. Некои рсботи не се лечат- се учи да живееш со нив.
     
    На JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    Тоа за тргањето настрана не го негира никој ама пак ќе речам, ете ако не можеш да се тргнеш, привремено мора да наоѓаш начини да си поставиш една ментална бариера да не те погодува сето тоа што кај мене барем успева веќе некое време.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Malesia им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Измешавте куп работи. Секоја емоција е валидна и истата е од голема важност без разлика дали била краткотрајна или долготрајна. Простувањето е процес кој НЕ е никако ист за сите и истиот може да трае повеќе од деценија/и. Секоја индивидуа различно се справува и доживува некои работи (без разлика дали се полесни или потешки). Тешко се поставуваат граници кога се живее со токсично семејство. Да, сето е тоа прекрасно дека ментално се ставаат граници. НО, не е баш така. Одделувањето од токсичноста е битен чекор зашто тогаш е миксот на емоции. Можеби и една отскочна даска за справување со било што понатака.
     
    На SummerGirl, Munchmallow20, MissChievous и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.028
    Пол:
    Женски
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.387
    Допаѓања:
    182.896
    Пол:
    Женски
    Простувањето е врв. Победа. Ослободување. Нешто како оргазмот на крај на секс.
    Не е простување на нивното третирање кон тебе. Не е валидација кон нивните постапки и прифаќање за правилни. Нивен пораз е. Простувањето му е потребно на душата за да се излечи целосно, затоа и е најтешко и доаѓа сосем на крај. Простувањето е за себе си. За својот внатрешен мир. За тоа дека си се издигнал над она што некогаш те повредувало. Си го прифатил како дел од твоето минато и дека веќе не дозволуваш да ти ја дефинира сегашноста. А се додека си така гневна, тоа те контролира тебе.

    Простувањето е на себе си насочено. Да си простиш оти си бил повреден и под влијание и да прифатиш дека тоа нема врска со тебе. Да си простиш што долго чувствуваш вина дали си се потрудил доволно да направиш нешто да смениш, пред да станеш свесен дека ништо не зависело од тебе. Да си простиш за измачувањето што сам себе си го наметнал прашувајќи се што си згрешил толку, зошто тебе ти се дешава тоа што ти се дешава и неосновано константно барајќи вина во себе. До тоа простување трнлив е патот, ама затоа доаѓа како јаготка над шлагот.


    Апсолутно сите чувства треба да се осетат и валидираат, ама кога гневот и лутината ти го дефинираат секојдневието, тогаш ти се претвораш во токсичен човек. Решението е единствено и до него се стасува само и само преку работа на себе. И да не се лажеме. Книга и медитација ќе ти помогнат колку што на пациент со канцер ќе му помогне миришање полско цвеќе. Само соодветен доктор за соодветната состојба. И фала богу на прихотерапевти и психијатри. Нормално, сите не се добри, ама мораш да си го најдеш добриот за тебе. Со многу работа на себе само можеш да пораснеш над секоја ситуација.

    Јас сум таа што избега преку граница, финансиски независна и тоа не беше доволно. Демоните и траумите патуваат со тебе каде и да одиш, се додека твојата самодоверба се зацврсти и твојата лична перспектива почне да се менува, па да се соочиш со нив и да им кажеш стоп. Без тоа, ништо нема да се промени макар и 5 континенти да смениш. Бегај колку сакаш, гневот ќе те јаде жива. Ноќе ќе те гуши и никогаш нема да имаш мир. И тоа ќе се рефлектира на маж ти, на децата, на пријателите.
    Никој што сериозно работел на себе со експерт во конкретно поле, нема да ти рече дека е џабе.
    Некои работи не се забораваат никогаш, точно. И не е поентата да ги заборавиш. Туку да научиш да ги препознаеш за да не те глават во бубањ одново и одново. Вака делува лесно и ќе речеш знам јас што не сакам, ама верувај без мнооогу работа на себе лесно можеш да се лизнеш под влијание на друга токсична личност без воопшто да приметиш. Или било како погрешна. Многу е трики.

    Многу е битна работата на себе за да пораснеш емоционално. За да научиш како ти да го контролираш гневот, не тој тебе. Да пораснеш духовно. Да научиш каде и како да го наоѓаш личниот мир. Да пораснеш ментално. Да научиш како да ги препознаеш и како да се носиш со емоциите. Денеска имам деца, и кога имаат тантруми, јас треба да им помогнам да научат да ги препознаат емоциите, кога се тажни и зошто, кога се лути и зошто итн итн. Како растеме, цел живот учиме како да се однесуваме со емоциите што не напаѓаат, за да ние ги контролираме нив. Не тие нас. Не е дека нема никогаш веќе да осеќаш гнев или лутина. Туку да не им дозволиш да ти го украдат мирот.

    12 години работа со психолози. На периоди со антидепресиви, појаки дози, послаби дози. Без. Многу сум горда на себе кај бев и кај стасав. :) И сеуште не сум завршила. Човек учи додека е жив.
     
    Последна измена: 4 декември 2024
    На st-el, Alek90, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    На себе да, на нив никогаш :)

    Едит
    Јас не сум сретнала во други теми каде проблемот е предизвикан од втора личност олку да се вртат советите околу "прости им". Туку баш одјеби, батали ги, исплачи се, тој/таа е ѓубре, заборави ги не вреди.
     
    Последна измена: 4 декември 2024
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.387
    Допаѓања:
    182.896
    Пол:
    Женски
    Ок.

    Можеби некој што навистина сака промени и ветер во грб, ќе знае да ги согледа во мислењата. :)
     
  15. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Веројатно различни луѓе коментираат. Ако си им простил на блиските, на другите е најмал проблем.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Не капираш што се зборува околу простувањето. Малку е тешко да се објасни без да делува како да викаш прости им на нив за сите срања. Пред сè зошто не капираш дека е процес кој трае. Еве ќе плачеш. Ќе се изнаплачеш. 5 години. 10. 15. После ќе престанеш да плачеш, нема да имаш веќе потреба. Тоа е тој вид на простување. А можеби и нема да престанеш ни после 20 години, ти ќе знаеш што ќе ти значи тебе тоа.
    Шо знам, можеби грешен збор користиме, повеќе е микс на простување на универзумот/судбината (?) што баш таков ти бил животот (пошо не е твоја вина и не било/е во твоја контрола) и прифаќање на нештата.

    И мене не ми беше исто на 14 години, не ми беше исто на 24 години, и дефинитивно не ми е исто сега на 34 години.

    Патем, што е до мене, не мораш никогаш, по ниту една дефиниција, да им простиш (прифатиш, што год) сè додека тебе тоа ти ги пружа и чува спокојот, психата и среќата.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    Дали кога си сведок на некоја неправда си лута и гневна или ти е гајле зашто гневот ќе ти ја труе душата?
    Дали во секојдневниот живот нешто те нервира, те лути? Или све ти е права линија, никогаш не осеќаш гнев зашто неќеш да си ја мачиш душата?
    Ако посведочиш некој да малтретира маче, ќе си речеш ех, да не се лутам, животот е убав,ќе простам што го тепа мачето. Или ќе му опцуеш све до 7мо колено?
    Е кога ќе одговориш, ќе ме сфатиш и мене.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Прво, те сфаќам целосно. Но сфати ме и ти мене, односно, дека имам поминато низ хардкор срања, имам патено и депресија, и агресија, и анксиозност, и срам, и неправда, сè и сешто. Пошо мојата борба почна пред точно 20 години. Ама денес не сум веќе таму кај што бев пред 20 и пред 10 години. Ама тоа не ја прави мојата траума и борба помалку битна, па демек не те сфаќам. Па тапа е кога некој ќе ти рече, ти мене не ме сфаќаш. Те сфаќам.

    Друго, нормално дека осеќам гнев и не ми е сеедно кога ќе доживеам лично јас или ќе видам некому како му се случува неправда. Осеќам. Само затоа што се имам соочено, имам работено и имам напреднато конкретно во траумата создадена од семејството, не значи дека не доживувам ДРУГИ трауми и болки. Лично си имам свои методи и практики низ кои секој ден се борам со чувствата и мислите. Осеќам, па работам на тоа што го осеќам и размислувам, и се трудам попатно да си го зачувам спокојот. Пошо нели поентата беше некако да живееме живот со помалце стрес? Или ае шо има везе, ќе оставам сè да ме јаде бесконечно, па нека ме мавне срцев или мозочен до 50та, и тоа е тоа.
     
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    @Munchmallow20 уште нешто.

    Денес за таа личност не викам, абе толку знаела, трпела и таа личност срања, никој не ја научил подобро, во тоа време психата и психолог беше ултра табу, бла, бла, бла. Не ја правдам. Ако морам да дадам мислење, велам дека е копиле.
    Но истовремено престанав да мислам на личноста, не ми доаѓа спонтано на ум, туку еве вака сеа ја помислувам пошо разговарам на темата. Престанав да мислам на срањата, а тогаш кога ќе помислам не осеќам ни лутина, ни омраза, ни срам, ништо од тоа. Не знам како да објаснам, како сеедно да ми е. Ваљда дека се поминати многу години и сум си ги решила работите во себе. Личноста до денес ја разминувам некогаш на улица, баш неодамна ја видов, и сфатив дека иста е како и секој друг туѓинец. Не и' посакувам ништо лошо, додека пак средношколец кога бев напишав песна (тогаш пишувањето ми беше филтер) во која ја заробувам личноста, ја мачам до смрт, со gruesome детали. :drunk: Сеа ми е сеедно како и' е на таа персона, ни дали е жива или не. Пошо знаеш шо, нејзина загуба. Ја пропушти приликата мене да ме види во што жена станав, да ужива во сите години поминати со мене, и денес ништо не знае за фамилијата што јас си ја создадов. Нејзина загуба.

    И уште нешто. :wasntme:
    Ако во иднина имаш дете, тек тогаш да видиш со какви емоции ќе се соочуваш, наново, но на друг начин лечење ќе доживуваш. Преку детето ќе си ја лечиш малата ти. Во позитивна смисла го кажувам ова.
     
  20. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    За жал многумина се нашле во маѓепсан круг на токсичност во сопствената фамилија. Јас и моите родители имавме многу подеми и падови во комуникацијата и во целокупно функционирање дете - родител. Се случија лоши ситуации кои го променија нивното однесување. На подобро. Се преселив. Им простив. Ми простиле. Двете страни сме направиле грешки. Благодарна сум што ги имам, ми помогнале во тешки ситуации. Но истовремено, во извесни периоди, ми биле и непријатели. Се сменија и така нашиот однос стана подобар и сега функционираме ок.
    Она што постарите генерации не признаваат или пак потешко им е да признаат, да сфатат дека се токсични со мешање во животот на детето, до таа мера што создаваат трауми. Ние, новите генерации, според мене се справуваме подобро. Немаме срам од посета на психијатар или пак да признаеме дека ни е потребна помош. Тоа е клучен елемент како да не ги повторуваме нивните грешки. Јас сум мајка и она што сакам да го спроведам во иднина е да не потенцирам колку сум разочарана, тажна, гневна на изборите кои ги прави мојот син, колку и да не се согласуваме. Постои продуктивен начин на дискутирање без навредување и токсично однесување. Доколку нешто не ни се допаѓа во животот на нашите деца. Ете така јас ќе се справувам, после многуте негативни ситуации со моите родители и членови на потесното семејство. Таа траума се лечи долго или останува со нас. Кај секого различно. Моја главна цел е да бидам родител од кој мојот син нема да има вакви трауми какви што имам јас. Проблеми, несогласување, конфликти имало и ќе има во секоја фамилија. Светот е доволно суров кон сите нас, така да јас нема да бидам сурова и токсична личност во животот на моето дете. Совршен родител не постои но здрав начин на функционирање - Да постои. За сите оние што сме родители, со трауми од нашите родители, имаме шанса да направиме пресврт од сево ова. Траумите да ни бидат лекција и водич, како не треба да се однесуваме. Навистина е тешко да се надминат ваквите настани и не верувам дека постои магичен збор, совет или решение како би ни се олеснил животот после сево ова. Таа болка е во нас, со нас. Секој продолжува онака како што знае и умее. Имаше моменти кога сакав да посетам психијатар, затоа што навистина ми требаше meaningful and helpful conversation со некого. Пронајдов други начини да си помогнам. Преку музика, фитнес и разговори со блиски лица и мојот партнер. Но ако некогаш силно почувствувам дека навистина имам таква потреба, ќе посетам. Here and now, I feel fine, at the moment. Нема ништо срамно или погрешно да се побара стручна помош доколку сте во таква ситуација, барајте помош. Посетете стручно лице. Разговарајте со блиски луѓе, пријатели, партнер, пишувајте на форумов, најдете си ваш начин како да си го направите животот подобар. Затоа што сите заслужуваме едно подобро утре.
     
    На Cutiepie1 и eliesaab им се допаѓа ова.