Справување со себе после живот во токсично семејство

Дискусија во 'Психологија' започната од Munchmallow20, 29 ноември 2024.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    Значи не е до тоа која емоција ја осеќаш, туку како ја менаџираш така?
    Така, тоа и јас сакам да го кажам.
    Можам да го колнам овој што го малтретирал мачето и пак да продолжам со другите мои активности најнормално. Можам да мразам неправда и тоа да не ме попречува во секојдневието. Така можам и да ги мразам тие што ме изневериле и пак да продолжам со животот. Уствари не е до емоцијата, туку како ја носиш, во себе и со себе.:)
    И работата ми е стресна оти апсолутно не ми е заебанција некој да добие погрешна дијагноза оти јас сум смешала примероци. И тоа не е само дијагноза, судбини решавам оти се комплексни состојби што животот ќе му го смени на тој пациент ако се утврди нешто или не.
    И тоа е нормално, а не да бидам без осет и демек аај бе, шо ќе се секирам, животот е краток. Мислам на работата ама и спортувам, излегувам со дечко и другарки, јадам, спијам, уживам.
    И страв од височина е нормален кога стоиш на кров, не е нормален ако стоиш на тераса на први кат или на обични скали.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Сеа за што зборуваме, општо како да handle-уваш стрес во животот? Многу работи можат да ти влијаат врз работата и фокусот, и многу работи можат стрес да ти предизвикаат во животот.

    Како и да е, емоцијата доаѓа и си оди, колку бледо и да звучи. Тоа е поентата во работењето на емоциите и лечењето. Траумите што менуваат персона и што те оформуваат (а човек постојано се формира, односно менува) се повеќе од една емоција, затоа не е така лесно да се надминат. Не е само менаџирање на емоциите, туку и надминување. Ако сеа осеќаш лутина околу нешто, не значи дека доживотно ќе осеќаш лутина за истото.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.091
    Допаѓања:
    188.452
    Кои други теми? Проблеми со дечкото? Мажот? Другарките?
    Оти не е исто, дечко, маж од завчера, другарки- никој од нив нема толку инволвираност во твојот живот, во градењето на твојата личност, како што има семејството од кое произлегуваш. Никој од нив не влијаел во толкава мера на твојот живот, и никој од нив не може толку да те извади од кондури. Затоа процесот на ресетирање на себеси е долг, и комплексен. Мислам, како да пишам батали ги, ако уште живееш со нив секој ден? Или, ако не живееш, како ќе ги менаџираш сите тригер поинти, кои ти останале како последица од живеењето со нив, и ќе ти се повторуваат и во други ситуации со други луѓе. Комплексно е и процес е, не постои краток туториал за да ти објасниме во 3 постови и ти да го разбереш. Ко ќе влезеш во процесот ќе почнеш да разбираш, ко ќе завршиш, може ќе ти текне што сме збореле овде. И не оти си глупа (осеќам дека може пак грешно да си го истолкуваш) туку оти го немаш поминато патот, патот тукушто си го почнала. Успешно завршување на патот ти посакувам.
     
    На sonuvana и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    Сакам да кажам дека апсолутно можам да осеќам гнев и лутина кон некого и пак да живеам нормално, а не да отфрлам лутината за да ми биде подобро.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Можеш, ако можеш. Јас веќе и спомнав во претходен коментар, ако на тој начин ти добиваш спокој, осеќаш среќа и имаш добра психа, тогаш терај така. Тоа е целата поента, како да живееш среќен и покрај траумите, нели.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Не мораш да им простиш. Не секој заслужува прошка, особено кога не ни побарал, нит се осеќа виновно.
    Да, можеш да работиш на себе, на надминување на траумите, на прифаќање на нештата, наоѓање нови копинг механизми кога старите не се соодветни за новонастанати ситуации или работеле во детството, ама сега е веќе време да се остават...
    Едноставно така се случило, се оди понатаму, ама повеќе е помирување отколку простување, не знам како да објаснам.
    И мене ме нервира многу тоа толку знаеле, па не треба да знаеш нешто за да не си го малтретираш психички и физички детето, кој треба тоа да ти го каже за да го знаеш? Едноставно имале и они трауми и полесно им било да продолжат така, отколку да се справат со тоа.
    Ама дека треба да им се прости.... Пфффф, не.
     
  7. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.048
    Пол:
    Женски
    Толку знаеле зошто самите тие се несреќни, искомплексирани и исфрустрирани луѓе. Некогаш сами себе се саботираат. Некогаш сами себе не се почитуваат. Јас за тоа зборам.
    Многу пати ми е жал за нив зошто знам дека можат поинаку и подобро а они се убедени дека не.
    Значи јас не ги оправдувам туку се обидувам да разберам од каде доаѓа тоа.
    Како што кажав погоре, премногу комплексно е сето ова.
     
    На butterfly_91 и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Па да, се крајно исфрустрирани, они ниту имаат некаков механизам да се справат со тоа што правеле, и да се покаат, не можат едноставно да го прифатат тоа за себеси зашто уште толку ќе ги скрши.
    Ама, фактот останува дека можеле подобро, ама не сакале да вложат труд во себе и го избрале полесниот пат, да не се мачат и работат на себе. И затоа, некогаш и не може да се прости. Кога не си се осеќала сакано, кога ти било најпотребно си го немал тоа што најмногу ти требало... И не се простува, само се работи многу на себе да не бидеш таков.
     
    На eta и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Toa deka ke zivees normalno so gnev i lutina ,malku potesko, se odrazuva kako psihosomatika i taa emocija se vrti kon tebe koga ke se akumulira so godini kako nekoe zaboluvanje,ne vednas,ama ne isceznuva dodeka ne se isfrli nadvor.Go pominav ova -momentotot koga nejkes da odis ponatamu so bes i nezadovolstvo ,zasto premnogu BOLI.,ne mora ni roditeli da se ,i drugi luge povreduvaat.Ovoj potisnat gnev pravi primer avtoimuni zaboluvanja,psihicki i drugi.I ne prostuvaj samo bidi svesna deka crvot te jade,inaku nemase da postavis vakva tema ,ako ti e resena situacijata so sebe.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    10.162
    Пол:
    Женски
    Јас! :inlove:
     
    На Antebellum, Sweetymk, mischievous и 3 други им се допаѓа ова.
  11. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Поголемата трагедија е што деца растени во такво такво токсично семејство,несвесно се мажат и женат за слични злоставувачи.На почеток им изгледа,дека сепак го прекинале тој круг,за подоцна сватат дека е слично.Всушност сите црвени знаменца ,ги прифаќаат оти тоа им е потвесно втиснато.
    Најголема препорака и подршка до сите такви "деца" прво да посетат психолог.Да се исцелат па потоа да донесат таква одлука за брак.
     
    На Antebellum, tambelina, SummerGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.562
    Допаѓања:
    13.925
    За да избегаат од токсично семејство, се мажат за прва прилика, слични на домашните и запаѓаат бетер во проблеми.
     
    На Cka, SummerGirl, Dilajla123 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.880
    Допаѓања:
    129.845
    Пол:
    Женски
    Ова мислење треба да стои на првата страна на темава, а и во другата за токсична врска со родител.
    Секој/а треба да отвара очи и да побара помош пред да донесе одлука.
     
    На Antebellum и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    За жал е така.Трансгенерациска траума што се пренесува.Присетете се само колку пати несвесно сте се однесувале на начин на кој сте рекле "нема шанси".Некои поединци се освестуваат ,други не.Ги мачи и тишти нешто ,а не знаат што.Барем во вакво современо доба,може скоро секој да побара помош.
    Ако претходните наши генерации и родители не можеле,можеме ние.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.793
    Допаѓања:
    22.969
    Во темава немам пишано скоро ама после сите глупави совети од типот ",прости им, не осеќај гнев", мислам дека би требало да пишам. И за други што ме читаат.
    Бев двапати кај психологов у меѓувреме. Прво да кажам оти женава е одлична за мене и многу подетална од други психолози кај што сум била што давале клише површни совети без да те "испраша" како и дали можеш да го примениш. Зборам пак кај што јас сум била де.
    И кога го спомнав ова со простувањето, реакцијата ѝ беше...не да речам преврте очи пред мене ама така малце со неверување.
    Не можам точно да ги пренесам зборовите ама некаде поентата ѝ беше дека не можеш да исфорсираш емоција (да простиш) за да се натераш да се осеќаш на одреден начин (да се осеќаш смирено, без гнев) кога самото тоа форсирање тебе ќе ти направи да се осеќаш гневен, присилен, зашто правиш нешто што другите ти кажале, а не што самиот ти сметаш внатрешно дека е потребно. Или одиш против себе, против своите принципи кои веќе ти даваат мир, a за да бидеш во мир со себе што е контрадикторно.
    И тоа е она што го зборев, ако ти си нашол механизам да бидеш во добар однос со себе и да си сигурен дека е тоа во ред, било тоа простување или држење емоции, зошто мораш да се однесуваш и осеќаш на одреден пропишан начин кога знаеш дека тоа не е твојот начин на справување?

    Не е иста проблематика, ама нешто слично ко оние што ќе речат абе не му се плаши на кучето и нема да те нападне...Да еве пошто ми кажа, не се плашам одма.

    Многу е безосетно на било кого, за било каква траума да правиш да се осеќа тој крив зашто така се осеќал. Ама знаеш гневот ќе те уништи бла бла.
    Чекај, јас досега се уништував зошто било тоа што било, зошто не можело да се смени, и кога наоѓам емотивна бариера да поставам со која јас се осеќам подобро , со која расчистувам како се осеќам и конечно наоѓам мир, ама не било тоа мир јер имало гнев? Досега супер било, ама сега сум лута и тоа не е добро, да.
    А ако простувањето ми направи полошо, како е тоа подобро за мене?
    Не е само за мене, во било каква ситуација мирот да го форсираш со тоа што ќе ги спомнуваш тие другите и третите или прости ИМ, не осеќај гнев према НИВ, жал ми е, ама тргате фокус од главен проблем, а тоа е како ТИ да се осеќаш добро, било тоа со лутење или друг начин.
     
    Последна измена: 26 декември 2024
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    И јас да се јавам на темава.Еден родител починат одамна,другиот на “Господ бељата”.
    Таков беше таков ќе си остане к како старее сѐ повеќе станув по токсичен.
    На моите проблеми си детето и животот во странство, добивам постојано критики за сѐ и сешто.Секоја моја одлука и чекор е осудена на критика дека лош избор сум направила или дека тоа што го правам е осудено на пропаст.Постијани критики и понижување и желба за кавга.Во странство сум пораат,не се гледаме,не сака да дојде на гости од само негови/нејзини познати лични причини. Секое јавување завршува со кавг и одржување на незадоволство за мои постапки,пред сѐ зошто не комуницираме постојано.А како да комуницираме кога незнае муабет да направи бара детали,кога нешто ќе се каже преиспитува милион пати дали е така или не и критикува се живо,сите мразат сите не чинат зошто не доаѓам и сл и сл…недоверба па дури и прекинување на телефонскиот повик.После тоа следат токсични навреди преку смс…од типот ваква ди таква си,неблагодарна си глупава си со твоеот однесување и прашањето зошто не се јавуваш.Пробував барем еднаш неделно да се јавам,добивам канонада навреди жалење негативна енергија …нема разговор пт типот како сте? Децата дали се добро како терате …или јас ако прашам како си…што правиш добивам одговори на фрустрација континуирано незадоволство немање желба да се вклучи ви никаков социјален круг надвор од семејството пријатели,роднини пензионери, со цела роднина не комуцира овој вака ми рече,тој вака ме погледна,оној ова тој она …и така…Децава си ги сакаат,но поради таквиот однос одбиваат да комуницираат со баба/дедо и кога ќе отидат на гости во мк се враќаат полни си негативна енергија …Велат многу ме напнува и се и сешто зборува …тоа со аутизам пак ми брани воопшто да зборувам на телефон зошто знае дека ќе се изнервирам ако комуницирам со родителит …и кој е крив…јас…Ама пораките што ги добивам се полни со горчина…невидено нешто.И цел живот е така од ништо нема задоволство, сѐ нечини сѐ не е добро.Истата комуникација дури и мноооогу полоша е си мојата сестра која живее во МК.Страшно.Тоа се кавги кавги меѓу нив,се дерат кога ќе се видат на гости се караат ,па знаат да си праќаат меѓусебни навредливи тешки зборови и пораки па после се мират по неколку месеци…јас само се дистанцирам да не влезам во таков вртлиг пошто не сакам и тоа мис е одразува после на сите.Беше роденден на детето цела немаше никаква честитка,вечерта ми и запиша реферати…неблагодарна ќерка,сум се претворила во монструм,не требало воопшто да ме чува да знаела во што ќе се претворам…Не се впуштивте во никакви препукувања едноставно само пратив благодарам.Следеше канонада пораки ..не сакав ни да прочитам.
    Извинете долг е постот но немам со кого да споделам.
    Како да терам?
     
    На eta, 1209 и butterfly_91 им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.562
    Допаѓања:
    13.925
    Огромен број од Македонците не им мислат добро ни на своите деца, не ги сакаат, мачно им е да ги издржуваат, и откако тоа дете ќе се роди, мислат кукла е, па нема потреби, онака само од себе ќе расте. Зошто се репродуцираат ако им е тешко да се грижат за едно дете, да го воспитаат, да го школуваат, да му стекнат и остават некој имот? Па погледнете ги животните како заштитнички се однесуваат со своите мали, значи луѓево имаат пониска свест очигледно од една мачка. Тоа е за секоја осуда. А се прават препаметни, па згора и се дрски и арогантни, а во суштина немаат ниту еден паметен и корисен совет да му дадат на детето. Ниту еден. Животот го имаат проживеано без мислење, како е така, е. Мајка ми постојано ми трубеше како треба да отидам кај матичниот, да си направам ЕКГ, немам правено никогаш, и вчера велам дека кога ќе се разубави времето, ќе отидам, ми враќа „не се занесувај, внимавај што зборуваш, многу си негативна само за болести ми зборуваш тука“. Манипулација. Да се најде на муабет, да каже нешто, не ни мисли што кажа, занесување било да направиш ЕКГ, превентивно, брееј.

    Татко ми пред некој ден вади лажица, и кажува од кај е таа, од менза од некој хрватски град, каде што работеле. Значи сите работници краделе прибор за јадење, мислиш злато е, и ми покажува имала жиг, по тоа ја познава, му враќам, „па затоа и така не третираат и Хрвати и сите, се гледа по таа постапка што народ сме“, и се навреди, не било пред мене да се зборува. Значи нема срам, чувство на вина што краделе прибор, не, никако, па и ми кажува му се повраќало како градовите ни биле валкани, со купишта смет, му враќам дека сум го видела како пуши и фрла цигари на тротоар, и дека такви како него има илјадници, епа затоа е валкано, и пак ми враќа, ете со мене не се зборувало. Македонецот е многууууууу потпросек во сите аспекти на едно нормално, морално, продуктивно живеење.
     
    На eta, eliesaab, FreeToGo и 4 други им се допаѓа ова.
  18. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Не си го сваќај тоа лично.Прост пример се моите родители.Ми требаа многу години, за да сварам дека тоа се нивни размислувања не се мои.Најверојатно,лути се зошто си заминала во странство.Они сами се .Нема кој чаша вода да им даде.За тоа ли родиле деца.Пред точно година,сакав да правам еден многу отворен муабет со моите.Ама како родител.Не ко нивно дете.Баталив.Мм ми кажа Б... ,само залудно ќе се трудиш,па ќе се труеш и нервираш.Вчера сватив ,дека бил во право.
    Сите што имате вакви проблеми ,прво помирете се со фактот дека не сте деца од љубов ,туку од корист.Цел живот ќе отплаќаш што те створиле.Правеле деца оти така треба.Нивна обврска бил кровот над глава и јадењето.Преплакав пет години, прашувајќи се зошто и обидувајќи се.
    Слободно може да кажам дека Македонците се еден себичен народ.Посебно за своите најмили.
    Да имаш дете,и да го гледаш како инвестиција што утре треба да ти врати е болест...
     
    На anggell, Tanjamm и majka-majka им се допаѓа ова.
  19. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Многу љубов до сите што се соочувате со ова.Многу видеа од психолози на youtube,ми помогнаа.Не сме сами.
    Премногу манипулации ,заканувања ,контролирања , се само нив да им биде добро.Што правеле деца кога не им го дале најбитното?Љубов,сигурност и чувство на припадност.Себични....
     
    На Tanjamm и majka-majka им се допаѓа ова.
  20. majka-majka

    majka-majka Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    Да,не се суди никогаш слушајќи ја само едната страна.И моите деца знаат да се пожалат од нас како родители и сум рекла не сме идеални и да сме правеле и правиме грешки.
    Но,да ви кажам гуглав и мислам дека да дел е тоа од самотијата и од староста,но кога ќе го земам во предвид фактот како мојот родител има проблеми со комуникација со сите(сестра ми,зетот,нејзините деца,мене,маж ми,моите деца,роднините-со кои искрено и незнам дали и воопшто комуницира веќе) знам дека не сум направила смртен грев пто сакам да се дистанцирам.И не можам да разберам само тие навредите и таа горчината во пораки што ги пишува дали е свесен дека со тоа не ја подобрува комуникацијата туку ја усложнува.Мојата ситуација е плус деликатна поради состојбата со едното дете кое има аутизам и други проблеми и навистина е предизвикувачки животот со такво дете и на моменти се прашувам јас да бев со такви проблеми кој знае тек тогаш што ли ќе доживував…среќа што е мое дете.И да точно сте оцениле за Македонците и разбирањето и какви сме по природа како народ…сезнајковци,најпаметни нај суетни ,најдобри и тоа ги наметнуваме на децата и од мали им се всадува во глава дека незнаат ништо да направат без родителите нивниот совет и без нивно одобрување и така и ние како деца сме утепани во поим без самодоверба од малечки.И кога ќе сакаш да се тргнеш дополнително си атакуван.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.