Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спремност за брак

Дискусија во 'Брак' започната од worrieddd, 28 септември 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Спремност - тука пред се подразбирам психички да сте спремни да се обврзете на она што го носи бракот, спремност да преминете на следното ниво од животот и да се носите со сите товари, проблеми и обврски но и убавини што тој живот ги носи. Финансиската стабилност е дискутабилна, не може да се планира, но јас сметам дека здрав човек кој е способен да работи, доволно е амбициозен и не чека од другите, може да стекне некоја финансиска стабилност било кога.

    А за брак сепак мораш да бидеш навистина спремен психички. Не е бракот како во соништата - мора да знаете што сакате, да го прифатите фактот дека ќе живеете со еден партнер до крајот и да се прилагодите на тоа, т.е тој да биде оној со кој се гледате во староста. Да прифатите дека ќе има и убави и лоши работи, дека ќе има подеми и падови, дека љубовта не е доволна да останете заедно и дека, ако решите да имате деца, дека воопшто не е лесно да се биде родител. Кога сето тоа ќе го апсолвирате во главата и ќе сакате да се соочите со сите предизвици што ги носи брачниот живот, тогаш сте спремни (иако не целосно).
     
    На Dust, WildMk, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Незнаев дали сум или не и кога размислував сватив дека и се да е погодено,јас пак нема да сум спремна. Така да немаше да знам ако не го направев тоа. После се увиде дека сум поспремна од тие што мислеа дека се многу спремни...