дада малку влијае на опаѓање на косата, ми се изретчи ама незнам колку сеа тоа е од спрејов а колку од тоа што е есен и секогаш косата ми опаѓа во есен, ама како и да е задоволна сум од спрејчево мене ми е ок
Последниот што го користев беше од Авон,тој од калинка.Мммм...прекрасно мирисаше,а за квалиотетот и ефектот подобро не би коментирала
И јас го купив спрејов и многу сум задоволна, ми се допаѓа...Не само што штити од топлина (тоа му е намената нели ) туку и ја стилизира косата. Мене косата никогаш не ми била така убаво мазна и сјајна после пеглање како сега од кога го користам спрејов Презадоволна сум
Јас си го користев црниот глис, сега ми се потроши треба пак да си купам. Многу ми е добар, во комбинација со ампули и бадемово масло, ми ја опраија косата, дури и фризерката ми кажа кога бев да се шишам
Да си бидам искрена јас го купив од една продавничка на излезот од Кичево кон Струга. Одма после жито кичево, спроти тие мед-арите, има неколку дуканчиња и од тука си го купив ус пат ми беше не сум се акала специјално од Скопје до таму инаку цената му беше околу 130-140 ден. Би требало да го има низ маркетиве, посебно тие подобро снабдените.
го земав и јас , е сега пишува да се користи на сува коса пред користење на фен или преса.. а тоа што јас секогаш ја сушам со фен?
Епа најдобро би било да ја оставиш природно да се исуши па пред да се фенираш да ја испрскаш косата со спрејот. Затоа што е нагласено дека се става само на сува коса. Навистина тоа е недостаток на спрејов, ако немаш време да чекаш природно да ти се суши косата фактички не се препорачува да се употребува овој спреј...Судејќи по неговиот состав највероватно доколку го нанесеш на мокра коса може да ти ја измрси и залепи (зошто многу наликува на лак за коса).
И јас го имам спрејов и многуе ефикасен ја оставам косата да ми се исуши природно а потоа ја прскам и ја пеглам.Но многу бргу ми се мрси косата за два дена максимум со спрејов
Или јас незнам како се користи или незнам до што ќе да е . Косата ми се мрси повеќе а и кога се пеглам преглата како да ми заглавува таму каде што имам ставено.. Ај просветлете ме стварно ми треба.
Охохох не се секирај и јас бев иста кога првпат го купив,сега вака го користам: Спојлер Ја мијам косата и ја оставам да се исуши,потоа ја прскам целата коса,но не да ја мијам косата со тоа туку само ја навлажнувам и почнувам прамен по прамен да ја пеглам,за одредено време додека ги пеглам првите прамени другите се сушат но јас пак ги прскам,кога ја пеглам косата прамен по прамен сретствово испарува и праменот што сум го поминала со пеглата е многу топол,тогаш го оставам 1-2 секунди да виси пуштено во воздух,и останува право,всушност кога ја пипкам косата ми изгледа како изгорена и мрсна,пластична некако, плочката од пеглата кога ја допреш изгледа некако испрлјано, но всушност така е само на допир инаку коста e мазна и сјајна и стои баиги време така права,ако сакаш утре може да ти пратам и слика во ЛП И во однос на заштитата мнооогу ја заштитува косата. Ти пишав за пеглање оти само кога ја пеглам косата го користам
Да си жива и здрава многу ми помогна. Фала ти. Приметувам и јас разлики, дека не се гори косата толку.
Денес на поклон добив колекција лореал за коса. Во неа има и спреј за коца. Досега не сум кристела па сакав да прашам дали некој го користел и како е најдобро да се користи. Изгооглав нешто и пишува дека не се испира, но дали се стгава на мокра или сува коса инаку еве го како излгеда http://www.lorealparis.hr/proizvodi-za- ... pertAdvice
До сега ги имам користено овие и бев задоволна Сега решив малку да сменам и го порачав овој од Авон,денес го добив па ќе видиме како ќе се покаже
Денес овој спреј го купив , од колекцијата Пантен за слаба коса (тенко влакно ) го користела некоја од вас? Сега за сега еден коментар ке пишам за него , преубаво мириса
Го купив пред некој ден розевиот Глис и мирисот му е прекрасен - нежно, нијанса слатко, женствено, искрено ко да имам ставено парфем, толку интензивно мириса. А во однос на ефектот, рано е да кажам, ама класика ко другите спрејови што ја омекнуваат косата, така и овој, иако е за сјај - од тој аспект ништо драматично. Само е нијанса понеефикасен од на пример црниот, ама тој стварно мирисаше безвезно, тешко и благо, воопшто немаше свежина и плус кога го користев црниот, иако прскав претежно на врвовите, косава ми паѓаше интензивно. Еве, не го користам неколку месеци наназад, ниту едно влакно не ми паднало. Така, мислам ќе се држам до розевиов.