Gliss HAIR REPAIR од Schwarzkopf Не претерувам, спрејов е најдобриот што сум го користела. Косата ми се плеткаше буквално во топки а сега после две користења ја чешлам без никаков проблем. Го прскам на полумокра коса, после ја сушам и ми ја прави мазна и посјајна. Не ја мрси, не остава никакви траги и има преубав благ мирис. Си го заслужува задолжителното место на must-buy листа!
Го имам овој спреј од Авон Незнам колку помага на косата зошто не го користам многу често, го заборавам... но има многу јак овошен мирис и откако ке се исуши косата останува мирисот таков ама поблаг, за тоа ми се допаѓа
Jас мислам дека е за тело овој,мислам дека нема спреј за коса оваков.Има едни пак се од нечрлс ама не им е ваква опаковката.
Незнам сега дали баш сликата е погодена, знам дека има и за тело но иста е амбалажата и на тој за коса што го користам црвениот, течноста внатре е црвена а шишенцето е прозирно.
Девојки имам прекршена коса, и ми е густа, и најчудна ..Еден ден ми е ваква друг ден друга... Моментално ваква ми е косата А знае и ваква да биде И сега сакам да ми препорачате некој спреј, што ке ми ја направи косата мазна да не ми биде толкуу виткана...Инаку си ја сакам ама сега е лето и сакам да ми биде мазна,како да ја испеглав.... Инаку од Скопје сум....
Јас сега овој го имам. Да бидам искрено, порано никогаш на мојава коса не сум ставала регенератор, спрејови или капки. Затоа ми е буф, па почнав секој ден да ја пеглам или фенирам. Затоа што мојава денес ќе ја испеглаш, утре пак истата приказна. И почна мнооооогу да ми се расцветува. Ја скратив и тоа многу. И после неколку дена, видов повторно некои дрвца во мојава глава. Па затоа се решив за овој. Само еднаш до сега го имам користено. И не знам дали дека првпат ставав спреј, повеќе најверојатно сум ставила. Па затоа врвовите ми беа спласнати, а горе ми беше како тапирана. Затната сум моментално, не можам да го осетам мирисот. А и рано е да кажам за резултатите.
Се изјаснив малку погоре,за тело е овој спреј.Парфимиран спреј за тело со кој јас се капам,зошто воопшто не е траен.
преубав е за жал веке јас од подамна го потросив и сега неможам никако пак да го најдам ама овој бас овој ми треба ми помагасе за врвовите а сега го имам розевиот од глис амам за овој е 0
Го има овој спреј во Македонија? Го имам користено но ми беше донесен од странство тука никаде не можам да го најдам.
И официјално можам да кажам, после скоро месец дена... презадоволна сум. Одамна не сум начекала некое расцветано влакненце. А го штедам, уште ни 1/3 не е потрошена. Ама па и не ја фенирам како порано. Сега на 2 дена само, после миење. Еве на пример, денес ја измив, не утре-задутре би требало пак да ја измијам и да ја исфенирам. Евентуално на 3 дена, ама тоа поретко. А додека одев во школо, секој ден ја фенирав. И нормално, ми стана метла, без користење на никакви спрејови. Додуша и ова моево не знам колку може да се нарече фенирање... 2-3 минути само. Додека пак, после миење, долго време ја фенирам. Оти на моево косиште му треба вреееееееме додека да се исуши. Спојлер
Случајно го видов спрејов во маркет, има ли некоја од вас искуство со него, за џабе да не испробувам.
А спреј за ултра бушава, прекршена коса, може да се најде? Ве читам се некои за расцветани врвови и сл. а за ова, нешто? Не ми е заплеткана, лесно се расчешлува, ама ако не и ставам регенератор или силиконски капки, делува ко изгорена, а не е, бушава е само. Некој да ме просветли?
Го купив во веро маркетот во веро центар во Скопје. Инаку го барав во веро маркетот во Тетово го немаше. Цената е 150 денари на попуст од 180 денари.[/quote] Ова нешто морам да го пробам убаво ми изгледа и не е скап колку мл.е?NEKOJ DR. го има користено?
Да, јас го купив бидејќи ме привлече цената, али џабе фрлени пари. Косата ми ја правеше како тесто и тешко се расчешлуваше, така што сега само фаќа прашина во веце.