Мене ме интересира Дали некоја користела спреј за коса (како лак било пакувањето незнам која марка) од кој не се познавало дека косата е мрсна (не до степен на зејтин и редови да се прават при чешлање туку почетна фаза ) се ставало од него и пошто косата е во почетна фаза на мрсењето не се познавало
Не знам дали за тука ми е прашањево, ама да си прашам Може некој да ми препорача лак за коса и да ми каже цена? Затоа што до сега немам користено никогаш, ама сакам да почнам за кога ја виткам косата да ми стои така, а не одма да ми се исправува ://
Го земав црниот спреј на Глис ни сјај ни ништо дава на косата , се надевам барем врвовите ќе ми ги штити нема толку да ми пукаат, од кој спреј на Глис има најмногу сјај косата или сите се исти ? :geek:
Јас сум љубопитна за виолетовиот глис. Само тој не ми е испробан, не знам зошто. Некој го има користено да напише што ефект дава? Од жолтиот сум најзадоволна, секогаш кога го користам не се случило косата да ми расцвета. А тоа било со месеци континуирано користење. Само заради слабиот избор на вакви производи кај нас, сум најверна на спрејовите, се друго ми здосадува. А додека од портокаловиот и од црниот воопшто не сум задоволна. Розевиот ми беше ок, ама не доволно, само повеќе ми сјаеше косата, но не ја заштитуваше од пукање толку многу. Е сега виолетовиот? М?
Жено, дај остани си со жолтиот, ич не мој да си правиш филмови со овој шупавиот виолетов. Мене ми е ист како розевиот, а мислев којзнае каков ефект ќе ми даде. На жолтиот спреј споменик би му подигнала, само тој ми ја спасува косата од појава на цветна градина кога немам време за фризер така подолг период.
Taft зелениот го ставам сега и супер е.Не ја лепи косата,само ми помага да не ми се разлетува на сите страни.
Jas go koristam sprejot na glis veke 2 godini .. crniot e samo za smiruvanje na ostetenite vrvovi a za sjaj e portokaloviot. Gi koristam i dvete istovremeno i sum prezadovolna..
А кој е најдобар спреј малку од малку да ми ги заштити врвовите од пукање, не мора да е на Глис, мака мачам со мојата сува коса, ајде и не мора сјај да има, ама кога си ја видам косата на краевите побелена
Јас овој го користам и сум многу задоволна Преубаво мириса, на секои 15мин си ја мирисам косата Го спречува оштетувањето и ја прави помека. Од Авон го земав и ви го препорачувам.
http://4.bp.blogspot.com/-VyoMssegWng/T ... cn2433.jpg ovie se dobri kapki od Avon jas gi imam koristeno i mn ubavo mirisaat ili pak probaj go sprejot za kosa na syoss sea za cena da ne te lazam nekade dokaj 300 den bi trebalo da e mozes da go najdes vo bilo koj od marketite.
Подолго време го користам Глисс за фарбана коса и сум задоволна. Ми ја штити косата и и дава сјај. Порано користев силиконски капки , сега бидејки ставам Глисс многу поретко ги користам.
Јас сум просто запрепастена Порано ги користев спрејчињата на Gliss, но тогаш не се пеглав, само се фенирав па не осеќав некоја голема разлика...веќе скоро цела година почесто се дружам со пеглата за коса и некако не бев задоволна од ефектот Имам сува коса и кога и да се испеглав немаше сјај и по некое време косата го губеше обликот. Почнав да го користам жолтиот Gliss и го нанесувам непосредно пред пеглање. Косата многу лесно се пегла и не е потребно повеќе пати да поминам со пресата и да ја горам, од првото поминување е права и има сјај....и дефинитивно штити и од оштетување на косата....многу, премногу сум задоволна
Девојки кој е најдобар спреј за волумен на косата? Ги гледав на авон, а мислам дека има, глис и лореал исто па незнам кој да го земам. Ептен ми е сплесната во корен мора нешто да се прави.
Јас го користам веќе подолго време виолетовиот. Тој е за волумен,и да ја прави полелеава,пожива косата,не ја прави дополнително масна и сплескана. За сјај,дава сјај ама не е нешто којзнае што. И врвовите ги штити од пукање,поточно мене веќе ми беа испукни,и откако почнав да ставам имам забележано голема промена и подобрување на врвовите,не ми пукаат повеќе а тие што беа веќе испуканите не се ни познаваат толку,е сега нормално,неможе да ги врати или целосно да направи да не се познаваат,ама сепак се забележува разлика. И многу лесно ја расчешлува косата и ја прави мека. Можеш да пробаш со глис спрејот,виолетовиот. Од авон за волумен имаш цела колекција,спрејот/тоник,имаш и една пења за волумен и кадрици мислам дека.Ако ти треба спреј,пробај со овие,а ако не си ограничена само на спреј пробај и со тафт пудрата,или пената за коса на нивеа за волумен.