Го користам спрејот на Schwarzkopf GLISS за сјај на косата.Задоволна сум но има еден мал проблем.Во мојата соба има ламинат се разбира и килим но пред огледалото на кое обично си ја правам косата нема ии кога ко гористам спрејот, се разбира на ламинатот паѓа ии на тоа место се лизга. Едно огледало скршив паѓајки во него,но сега внимавам...Доколку и вие користите, внимавајте..
http://www.google.com/imgres?imgrefurl= ... =500&w=474 Детски е ама го има некоја користено? Задоволни сте? Убаво мириса?
За мека коса ти препорачувам детски спреј.И јас имам мека коса и користам само од детските спрејови.Претпоставувам дека косата е негувана и не ти треба спреј за конкретна намена.
Моментално го користам овој,сакав да прасам,дали е доволно само спрејот за застита на косата затоа сто прилично често си ја пеглам
Зависи од типот на косата.Ако влакното е негувано,нема потреба да користиш нешто друго,освен спреј за заштита.Битна е и температурата на која ја пеглаш косата.Сепак доволен е спрејот.Повеќе работи може да предизвикаат и мрсење на косата.
Јас си користам детско спрејче за коса од Авон и можам да кажам дека сум задоволна. Ја прави косата мека ем убао мириса.
Детско спејче од Орифлејм само за расчешлување после бањање. Убаво е, но сакам да го пробам сега и од Авон чисто за споредба .
Ги има некоја од вас користено овие спрејови на Гарниер ? Не се баш евтини , па незнам дали и ќе вршат некоја работа. Исто така и заштитуваат од топлина (зборувам за пеглање,фенирање..)
Луѓе го купив ко на шала спрејов за осветлување коса, не верував дека ќе има некаков ефект со оглед на тоа што имам ептен темна коса. До сеа 3 пати имам прснато и тоа само на врвовите(ако не ми се свиѓа да можам да го скратам ) и колку ми е посветла не е можно. Прееска фаќав пунџиче и гледам ми дели од другата коса за неколку нијанси. Како првата нијанса имам природна боја со спрејов ми е како последната во првиот ред. На овој спреј мислам. Спојлер
Antolinaa која цена е? и дали ти трае тоа или како колор шампон е? Леле како ме израдува, баш сакав малце промена да си направам на косава.
^ Иако прашањето беше наменето за Antolinaa и јас се заинтересирав и „истражував“ Го прочитав составот и како што претпоставував содржи хидроген. Нормално, не во големи количини но сепак се препорачува растојание од 3-4 дена од последното прскање (односно барем 3-4 дневна пауза помеѓу прскањата/нанесувањето). Исто така максимумот на осветлување може да се достигне после 10-тото прскање. Промената е трајна бидејќи се осветлува пигментот.
^Сестра ми овој си го купи, досега само еднаш се испрска, ама веднаш се забележува разлика. Има хидроген во составот, ама мене ми е чудно тоа што не треба да се измива. Се прска на косата и после тоа не треба да се мие. Не е тоа малку штетно?
Мислам дека околу 180 ден. го земав од ДМ во Веро Еднаш неделно го прскам на полу сува коса и со фен ја просушувам малку. За трајноста па еве до сега се покажало како трајно. А и на една познаничка и стои повеќе од 2 месеца.
И јас си помислив на тоа. Има хидроген, а не се измива. Затоа и стои предупредувањето да се употребува со растојание од 3-4 дена меѓу прскањата. Може содржи многу малку хидроген што не прави којзнае каква разлика, но за да ја осветли косата сепак мора да има доволно...
Премногу мириса на хидроген и на декларацијата е нагласено дека по нанесувањето на просушена коса, истата да „претрпи“ топлински третман - сушење со фен. Тоа според мене е брза смрт за квалитетот на влакното и подобро да се употреби фарба отколку ова. Јас го подарив на другарка, сакав да ги осветлам врвовите, но не можам да му го поднесам мирисот и се откажав од оваа глупост.
А ова со спрејов е трајно? Мислам само со шишање може да се отстрани од косата или по неколку миења се губи? Еве и да не бидат неколку миења во прашање туку месеци, знае некој?