Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спреј за коса

Дискусија во 'Коса' започната од LoVeR, 31 мај 2011.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Мимс, штом е хидроген во прашање, трајно е. Исто како фарбата, со миење може само да избледе (или во случајов пожолти, пошто е хидроген), ама да падне скроз нема шанси. Само шишање му е мајката после :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    18.043
    Го имав купено 2 пати се напрскав и го дадов на другарка ми. Џабе миена косата ми беше, премногу ми ја мрсеше.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    (Да не навлегувам во хемија, само накратко како функционира) хидрогенот навлегува во влакното и ја менува природната боја, односно ја осветлува. Штом и овде се работи за хидроген, тој трајно ќе ја промени нијансата на косата. Нешто слично на фарба само со многу мала концентрираност на хидроген (така претпоставувам бидејќи не се измива).
    Сепак, коса е - расте. Ништо страшно. Не е после само шишање решението туку може да се исфарба тој дел и да се изедначи со природната нијанса. Може да почнете со осветлување од врвовите (краевите) на косата, да видите како би стоело и потоа да продолжите со нијансирање на останатиот дел од косата. Но штом сакате промена (бидејќи сите ве читам дека сакате да ја промените бојата на косата, но никако не се осмелувате), експериментирајте.
    Дури и ако се месеци во прашање, секако косата ќе порасне па ќе може да се изедначи со фарбање на тој дел во нијансата која ја има.

    И овде не го преферирам спрејот туку промената направена со фарба: бидете малку храбри. :) Направете промена. Сигурно со едно или две фарбања нема да ја оштетите косата ако се водите според упатствата :)
    Може отидов малку подалеку од темата но сепак спрејот е наменет за промена на бојата на косата.
     
    На mims-89, MiloMalo и Mishela им се допаѓа ова.
  4. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски

    Бев денес во ДМ и пола саат се мислев дали да го земам, од страв да не ми ја исуши хидрогенот многу косата :?: Сепак го купив, дома одма да го испробам кога пумпицата е расипана, го отворив спрејот скршена е :?: :D Да ти се сневиди во баксузот, кај едвај се решив да го купам, уште фалично е :D Незгодно ми е да одам пак во ДМ да го менувам, па планирам да го префрлам во друго шишенце. Само ме интересира, тоа нема да има никакво влијание врз хидрогенот? Мислам да не не смее да се отвара шишенцето воопшто, знае некој ? :?:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.996
    Допаѓања:
    81.335
    Пол:
    Женски
    Нема ништо страшно, само префрли го во друго шишенце и чувај го некаде во фиока, подалеку од директен упад на светлина. :)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Женски за шо се спрејовите за коса на Wash & Go?
    Ги видов на рафтот в маркет, ама се брзав не успеав да прочитам.
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    За ништо е ги бидва вода се јас го имам пробано исто како парите во канта да сум ги фрлила...
     
  8. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    Можно ли е од глис розевиот спреј да ми се извиткаат неколку прамени? Имам права коса, до сега никогаш после миење не ми се виткала :lol: Прв пат го користам сега за сега ми е супер, лесно ја расчешлав (тоа никад не се десило :lol: ) и мека ми е..само што ми се извитка :^)
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    5.204
    Пол:
    Женски
    Можно е, ми се виткаше и мене бидејќи ја омекнува доста. :)
     
  10. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Балеа спрејот за осветлување се крие од мене |( . Друго објаснување немам.
    Неможам да избројам колку пати одам да го купам и секој пат е потрошен.
    Ако видите да има некаде кажувајте одма да одам да го купам.
     
  11. PinkDramaQueen

    PinkDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Го имате ли пробано балеа спрејот за виткање на косата?
    Делува ли на права коса или е само за оние што имаат локни убаво да им ги оформи?
     
  12. Columbianna

    Columbianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас го купив спрејот за осветлување на коса на балеа, и можам да кажам дека сум задоволна, после само едно нанесување косата ми е за една нијанса посветла, а имам кафеава коса. Единствена мана е што малку косата ми ја направи посува, меѓутоа одкако ја исушив, повторно ја измив, и ставив маска и регенератор дупло :P и сега косата ми е супер, осветлена, мека.. Препорачувам.
     
  13. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    прв пат слушам за ваков спреј, овој спреј е сличен како пената за коса или ??
     
  14. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Препорачете ми некој спреј за расчешлување откако ја бланширав косата многу тешко ми се расчелува
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Од Глис сите ти се супер (јас моментално го користам `златниот`) но штом станува збор за тазе третирана коса, би ти препорачала да нанесуваш и маска или регенератор, како и силиконски капки :)
     
  16. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    после миење да ставам маска , капки па спреј нели е многу оптеретување на косата ??
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Напротив :) Маската ја потхранува косата и ја омекнува, силиконските капки дефинитивно помагаат при расчешлувањето и заедно со спрејот ја штитат косата од топлината при обликување. Секако, се зависи од квалитетот на косата и тоа колку е третирана но штом си ја бланширала, верувај дека на косата моментално и е потребен секој вид на нега и заштита кој можеш да и го обезбедиш (прашај паталец :) )
    Спрејот не е доволен за нега на оштетена коса и јас спрејовите и силиконските капки пред се ги користам за полесно расчешлување, имам долга фарбана коса и важно ми е косата да не ми се заплеткува и да не ми се кине при чешлање.
     
  18. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Фала ти многу Nausicaa го купив oвој спреј премногу сум задоволна :* :*
    [​IMG]
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Го користам детското спрејче од Авон од манго.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Го има ли некој користено овој спреј против горење?
    Имам дома многу убава пегла за коса која неможам да ја користам оти косата ми е многу чуствителна 2 пати ќе ја испеглам и веднаш врвовите мис е како метла. Па го има ли користено некоја спрејчето? Помага ли? Сакам да го купам ама да не испадне за цабе фрлени пари.
     

    Прикачени фајлови: