Не се скапи во овој каталог ама па некако пак што знам косата ми е чуствителна и кјзнае дали ќе помогне барем малку спрејчето. Ама има уште 1 недела дури да пуштам порачки така да се размислува. Инаку подобро земи си го третманот со арганово масло малку е поскапо и помало ама помага. Се става откако ќе си ја испеглаш косата.
Јас го имам користено спрејот и не сум нешто посебно задоволна.Косата ми е бојадисана,мека, сјајна и немам проблем со расцветани врвови.Лично,не ми се допаѓа квалитетот на производите за коса на Авон.Моментално користам професионален спреј за заштита од грчки производител кој го купив од фризерката.Ако си во можност, земи си нешто подобро по препорака на твојот фризер.
Јас го купив оној од Балеа, за осветлување, затоа што веќе подолго време пробувам да си ја осветлам, да добие некоја убава лешник/мед нијанса. Инаку спрејот вчера во ДМ во ГТЦ, беше 140 (намален од 175) Го земав по препорака на една девојка која ја имаше баш бојата што ја сакам, а ја добила со помош на спрејов. Уште не го пробав, планирам деновиве, единствено малку ме плаши да не има портокалов пигмент. Девојкава што ми го препорача, рече дека првиот пат имала портокалов сјај, ама дека брзо се измил и се изгубил. Се надевам дека ќе ми се погоди
eloves, јас би ти препорачала да си го порачаш ако си при пари. Секоја коса е различна и еве на пример јас, фарбана плава, неможам да се споредувам со девојка која има нетретирана коса, мораш да пробаш на себе да знаеш дали ќе ти одговара. На нет критиките се солидни за спрејот и мислам дека нема да згрешиш ако го земеш. И јас планирам од есен да се снабдам со едно вакво спрејче, да ми ја заштити косата од топлината на фенот.
Еве ви подетално за спрејовите на Schwarzkopf - Gliss Kur! П. С. Овие информации ги “извлеков“ од нивната официјална страна, со цел да ви олеснам при изборот на спреј, преку селектирање на спрејот врз основа на вашата коса, соодветно и притоа морам да напоменам дека не сум информирана кој производи ги има/нема кај нас. 1. За сува коса: 2. За тенка коса: 3. Коса без сјај: 4. Фарбана коса: 5. Нормална коса: 6. Долга коса: 7. Премногу сува коса: 8. Премногу третирана коса:
Пред 1 и пол месец си го зедов ова спрејче. Морам да признаам дека многу ме привлече пакувањето, многу ми е слатко .Пишува дека е за сјај на косата иако јас не забележував тука голема промена зошто не ми беше битно тоа. Мојата коса е фарбана со бланш, па на здрава коса мислам дека би бил подобар. Ми даваше мекост, косата подобро ми се разчешлуваше и плус има прекрасен свеж мирис кој долго останува на косата Да го допотрошам и си го земам за фарбана коса па ќе пишам и за овој, иако од вакви спрејови не може да се очекува многу доволно е што ја омекнуваат косата и го олеснуваат чешлање што значи помалку кубење на влакна
Го испроба ли? Има некои резултати? Да не бидам оф топик го користам од глис спрејот со златна боја Јас сум презадоволна и така ми е мека косата,но од него ми е уште помека и полесно се расчешлува.А,да и има преубав мирис
Го пробав веќе два пати. Првиот пат ми беше страв, па не знаев колку треба да нанесам (количински), колку пати да шприцам, па ставив само малку, но не забележав резултати. Вториот пат ставив повеќе, но нема некоја драстична промена (или јас не гледам убаво) Мене тоа ми е добро, затоа што очекував наеднаш да осветли и да не личи на ништо Ќе продолжам да нанесувам од спрејов и мислам дека вака постепено, ќе успеам да сменам нијанса Инаку, да напоменам - не ми е црна косата па да не може да се осветли, баш напротив, природно ми е светло кафена, но се исфарбав со лешник нијанса - која ми ја затемни. Затоа се надевам дека со спрејов ќе ја осветлам малку
Јас си го порачав ичекам да ми стигне, од девојката од која го порачав ми рече дека бил многу ефикасен, па сеа со нетрпение чекам да го испробам, затоа што косата ми е чувствителна на фенирање и пеглање. Инаку имам користено спреј за заштита од топлина на субрина и бев презадоволна од него, ама тој можеш да го купиш само од кај некоја фризерка затоа што по продавници го нема.
Глисс го користам, прво розевиот го имав, па виолетовиот.. косата ми беше мила,незна,со волумен, со сјај со се! Го купив портокаловиот и се ЗАЕБАВ. Косата ми беше груба,како метла.. никаква.. Сеа го користам црниот и исто така сум задоволна,ми омекнува одма косата поубава ми е. Вие прската низ цела коса или само на врвовите? јас низ цела..
Зависи за кој спреј станува збор, оние за сјај, цврстина и што уште не, се ставаат низ цела коса. Ама на пример жолтиот кој е против испукани врвови, нема логика да се нанесува низ цена коса, туку само на врвовите.
Го користам Глис-жолтиот и го нанесувам на врвовите ама некако нема ефект дури мислам повеќе ми се расцветуваат од него
Да,ја кратам на секои два месеца,ниту ја пеглам,ниту ја бојадисувам и пак не чини.И јас планирам повеќе да не го употребувам .
И јас ич не сум задоволна од жолтиот, а црниот Глисс е супер. Веќе 3 шише ми е ова што го користам и супер ми ја прави косата
Другарка го има користено спрејот за осветлување од Балеа и и ја осветли доста косата. И беше нијансата 8/6, а сега и стана 14. Е сега јас се мислам дали да го пробам на мене дека мојата е нијанса 4 и ако го ставам не знам каков ефект ќе има. Инаку ми кажа дека првите 3 ставања немало скоро никаков ефект, ама после 3тото повеќе и осветлела косата.