Mozi da mi kazite kako se koristat? Jas imam farbana kosa i koristam samo maska ili regenerator za farbana kosa na GARNIER. Najdobri im se, sprej nemam koristeno nikogas
И јас го користам истиов од пред некое време и многу сум задоволна баш пред една недела го купив 210 денари
Дали сте задоволни од спрејчињата на лореал? Посебно ме интересира за овај, total repair 5. Не купував порано бидејќи беа поскапи, си користев глис, ама сега гледам иста цена ги направиле - 215 денари. Кој се подобри според вас?
Ме интересира што спреј користите за коса за заштита од пеглање или фенирање? Значи не прашувам за силиконски капки или спрејови против расцветување туку нешто слично како девојкиве на туторијалите за коса што ги користат баш за таа намена... Веќе подолго време се обидувам да најдам нешто соодветно, ама нажалост неуспешно.
Друг спреј за сјај? Имаш многу добар од Нивеа, дајмонг глос, а има и од Шварцкопф профешнал исто дава прекрасен сјај
Ама онака да сија,очила за сонце да треба да им стаам на придружниците,а останатите да ми ја гледаат глаата ко мини Венера! Сериозно сега,дајмнд глос,дава онака убав,мазен сјај?! Многу се нервирам кога ја пеглам косата си светка онака,колку што може коса да свети,ама не делува живо,скратени врвчиња и се,ама пак бе,пааак,не е тоа тоа! Сега не очекувам одраз на лице да си видам у коса,ама онака,да си сијуцка убаво! Чекај да шкртнам на списокот уште ова,а можете и на трансакциска некој денар да префрлите зошто го претерав више па!
Eве го мислам дека беше околу 280 денари Јас сега го користам тој од Шварцкопф затоа што поубаво распрскува баш како честички паѓа насекаде низ косата а овој од нивеа треба повеќе да прскаш и на крај имаш ризик да ти се измрси косата, а инаку ефектот е ист- и двата спреја даваат ист сјај
Јас ги користам спрејовите за коса на Shauma(тој од кокос и шеа) и Gliss-жолтиот,но позадоволна сум од тој на Shauma.
А да ве прашам, жолтиот спреј на Глис е за распукани врвови, а розовиот за што е? Се двоумам јас дали да си раситнам од ќесето и да си земам Глисче, инаку го користам веќе подолго време тој на Авон - за сите типови на коса е, од макадамија и алое, инаку мириса прекрасно и трае многу.
Можда глупаво ама ај да си прашам, какви се спрејовиве за коса од авон? Сте ги сретнале сигурно ги има црешов цвет/макадамија и алое/зелен лимон? Мислам што им е улогава? Даваат сјај,ја омекнуваат косата или нешто трето?
Исто и јас го користам тој од Шалма.Не само што ја прави мазна косата туку и многу омекнува а и има убав мирис
Си го купив розевиот спреј на Шаума со протеини од свила. За лесно расчешлување на косата и совршен сјај. Добар е.