Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спреј за коса

Дискусија во 'Коса' започната од LoVeR, 31 мај 2011.

  1. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас го користам овој спреј неколку години и презадоволна сум, ти го препорачувам! Revlon-10 in 1.jpg
     
  2. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Од кај го зема спрејов ?
     
  3. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Го купувам од кај фризерот, го нема во продажба по продавници, кошта 1.000 денари.
     
    На ivana.123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.475
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали сте го користеле глис регенераторот како на сликава? Добар ли е? product_2215.jpg
     
  5. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Има некој спреј што може да се прска низ цела коса? Не ми е за омекнување или оштетена коса, туку онака за свежина и убав мирис само :)
    А на врвовите ставам од gliss црвениот
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    Иако гледам дека повеќето коментари се за спрејови за заштита на косата, мислам дека и ова би спаѓало тука. Дали сте задоволни од некој од овие суви шампони? Бидејќи косата околу челото уште вториот ден почнува да ми се мрси.
    [​IMG] [​IMG]
     
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Женски ај ако некоја има некакво искуство со овие спрејови за коса од Авон нека ми препорача некој од овие, кој е добар, гледам во овој број се на попуст
    upload_2015-3-8_22-20-4.png

    Или пак ова арганово масло какво е,па ако се квалитетни, зошто да не земам, моменталнава пена од Глис како дополнително да ми ја мрси косата.
    upload_2015-3-8_22-23-37.png
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Го имам од првата слика четвртото. Течно е, (не е за прскање) ама многу е убаво и убаво мириса.
    Го имам користено исто така од првата слика третото спрејче и тоа за против горење на косата, но барем мене не ми беше ништо посебно повторно не би го зела. Е сега зависи конкретно за што ти треба. Третманот со арганово масло јас мислам дека е најдобар. Ако не ти е итно почекај го следниот број од каталогот истиот таков само зеленкото е намалено на 179 па најдобро тоа земи си го. Мене единствено тоа ме спаси од разлетаната коса.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Сакам спреј за сува и помека коса , убаво да мириса, само не знам кој да го земам, некој предлог ?
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    @deskarada не е спреј, но многу ја омекнува косата и мириса уште долго. А и не скапо, помалце од 200 ден. е :)
    [​IMG]
     
    На beatriz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    На сите што го користите спрејот за заштита од топлина од Балеа, ви го препорачувам во комбинација и спрејот за права коса [​IMG] . Заедно прават прекрасна комбинација. Јас прво ставам од тој за заштита- фенирам, па потоа прскам од овој за права коса, па уште еднаш поминувам со фенот, ама не мали прамени, туку онака земам големи прамени со четката без да ја делам косата и ептен сум задоволна од ефектот.
    Косата е права, сјајна, неразлетана, баш како да сте излезени од фризер, не се познава дека сте се фенирале во домашни услови.
    И тој е таа цена отприлика, значи за 330 денари колку што отприлика чинат двата, ќе имате прекрасна фризура.
    Е сега и фенот треба да биде посаглам, со поголема моќност, ама тоа е веќе друга тема.
     
    На MandyLane, naturally, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.500
    [​IMG]

    И многу е лошо упатството.
    Шприцаш и?
    После колку време одмиваш?
    Ова нема шанси да ти остане на глава, корне на хидроген.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.936
    Допаѓања:
    81.244
    Пол:
    Женски
    @Lilit, не се одмива, туку се расчешлува низ косата и скалпот и се дува со фен (со топол воздух) за да делува. Инаку во спротивно, исто како да не си ставила.
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    @naturally мене мирисот на лосионот многу повеќе ми се допаѓа, тоа е индивидуално, затоа не се водам според такви препораки во темите бидејќи честопати ми се дешавало некој мирис што бил префален мене да не ми е убав.

    Баш сакав да пишам за ова, да прашам кога би требало да се забележи осветлување. Имаше една феминка ставено слика од сестра и, косата беше драстично осветлена, само не се сеќавам дали имаше напишано после колку време го добила тој ефект, а не можев да го најдам постот.

    Јас експериментално нанесував на еден прамен сигурно повеќе од 4 пати, дував со фен на најјако свесна дека ја оштетувам косата, ставив неколку пати и на веѓите да пробам и со нив и исто дував со фенот, ама кај мене нема никаква промена.
    Сега не сум ставила сигурно недела дена, очекував барем некаков ефект, вака ме демотивира да продолжам.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.500
    Јас прва рунда завршив.
    Искрено, се ужаснував дури ми стоеше на глава, си викам кој знае кој пепел ќе ја направам, ама јас само на врвовите.
    Исто така во фолија ги виткав прамените и дував со фен пола саат и на крај ја исушив со фен откако ги одмоткав прамените. И ја измив.

    Веќе се познава една нијанса осветлена.
    Другите не знаат, ти горе-доле знаеш каква боја на коса имам, да ти доближам... црвениот пигмент е истакнат ненормално многу... екхм... не беше нешто што го сакав, ама... па и јас не знам што очекував повеќе.
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ауу ти масакр си направила:worried:, пола саат со фен, зарем не е тоа многу?
    Ама претпоставувам на послабо ти бил вклучен фенот.

    Епа и јас тоа цело време си мислам, што се не и ставам за нега и сега хидроген и дување на најјако, не ми дава срце да дувам подолго од 4-5 минути.
    Ќе пробам со фолија, само не знам дали може да ставам и од средството за заштита од топлина, вака свесно знам дека ја уништувам максимално.
    Си мислев дека не се приметува бидејќи сум фарбана, ама требаше да има некаква промена барем на веѓите...

    Сакаш да кажеш дека сега врвовите ти се бакарни?
    И јас не знам што очекував, ама сакав да пробам, нешто да се дешава:D, ама како што ми изгледа попрво ќе ја пеплосам отколку што ќе добијам некакви посветли прамени.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.500
    А не, не цело време.
    Минута дувам, 5 минути не, ама на најтопло :sweat:. Не се добјаснив, ама пак тоа фолијата се вжештува... Е на крај кога ја сушев целата кога ја извадив, кога се укрути целата, ужаси, тука веќе почнав и да се молам во себе, почна да засмрдува ептен.

    Вака не делува оштетено, уште ми е мокра, ама втор-трет пат сигурно ќе се уништи малце повеќе.

    Е бакарни се... еуфемизам за - морковни. :D
    Мајка ми изгледа ме теши - ЛЕЛЕ АМА ТИ Е ШТОСНА... А штом ти рече мајка ти дека нешто ти е штосно, да знаеш дека е ужасно.
    Да се исуши може ќе прикачам слика како изгледа да видите...
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    @Lilit и јас ставав од спрејов. Јас сум природно смеѓа, се испрскав 4ри или 5 пати и има драстична промена. Не сакав да ставам понатаму зашто ќе испаднам плавуша, ама фарбана. Вака ми се осветли малку повеќе од сонцето летно време кога ми ја осветлува косата.
    Јас го шприцав на полу сува коса, ја засушував малку со фен прво, не го оставав воопшто да стои, значи шприцам цела коса и сушам веднаш. Откако ќе ја исушев убаво ја пеглав и толку. Мене не ми се оштети воопшто од тие неколку пати.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Епа тоа е друго, инаку пола саат без престан и потоа кога ќе ја одмоташе фолијата ќе требаше да ја фрлиш заедно со праменот.

    Сега си мислам- не сакаме да ставаме бланш, се оштетувала косата, а ова чудово сите го купивме, прскаме чист хидроген и ја гориме, гајле немаме. Што чудо ќе бевме ние жените, цццц :x

    Ајде прикачи слика, да видиме како испаднало.
    Не е лошо да се бакарни, ама да имаат сјај, лошо изгледа кога е таква бојата а косата е сува.

    @RainBow , кај тебе мава ли на црвено? Можеш ли да ставиш слика од нијансите, не мора од твојата лично туку каква била претходно, а каква нијанса имаш сега?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Не мава на црвено воопшто.
    Еве ги нијансите од прилика.
    [​IMG] [​IMG]
     
    На mims-89 и sesilija им се допаѓа ова.