Еве пред и потоа. Не знам дали изгледа оштетено... Вака во живо не се приметува толку драстично бојата. Рејн имам впечаток дека ти и природно имаш јака и права коса од описи тука што имаш пишувано. Мојава е природно сува и порозна. Имам онакви диви влакна што се викаат, рапави кои се посуви и ме нервираат, веројатно уште посуви ќе бидат откако ќе ја осветлам.
Епа не ти е бакарна, убаво ти осветлила. Јас мислев вака нешто ти испаднале Спојлер ова во сувата верзија Сега ќе ме натераш да го замотам праменот во фолија и да дувам и јас пола саат, само не знам како да ставам фолија и на веѓите . Се шалам за ова, не сакам да шетам со портокалови веѓи.
@sesilija ти си прва што слушам дека не и делува спрејов, изгледа од што многу и се плашиш па не си ефективна Две мои другарки многу природна осветлена нијанса добија од спрејов и воопшто не им е оштетена косата. Инаку по методот на Реин ја правеа, ова на Лилит ми изгледа како убрзана варијанта. Пигментот секако си има влијание и ќе се истакне малку со третманов ама не може толку драстична промена да направиш со едно прскање, ќе го контролираш.
И јас имам некоја чудна природна боја која во зависност од осветлувањето, граничи помеѓу некои нијанси на бебешко русо и смеѓо, спрејот го нанесував каде ми дојде таму и добив некоја интересна боја, малку посветла од мојат природна, ама не изгледа како да сум употребила некакво средство, зашто таква нијанса добивам секое лето после одмор. Многу убаво изгледа, ама имам само убава слика од косата од „пред“, од крајниот резултат немам некоја убава слика, скоро сите ми се со лошо светло или ефекти и не знам колку би се гледало ако ставам слики. Инаку, немам црвеникав пигмент, не добив портокалови нијанси, едноставно бојата ми остана бебешко руса, некоја верзија на ова.
@sesilija чекам инфо за резултати ако правиш вака со фолијата. Па во живо е поморковеста од сликава, ама многу чудно, прамените вака од прва не ми се познаваат, а ако ги гледам поединечно само врвот ако го одвојам ненормално многу двои. Еве вечерва или имав коментари - лелееееее што си правела на косата? или па ич не ми ни приметија. Стварно стрејнџ, ама ваљда по второто за некој ден многу повеќе ќе се познава. Ако ептен е црвена ќе отидам на фризер да ми стави пепеласт прелив.
Можеби ќе има ефект, но голема е веројатноста на толку темна коса да добиеш некаква портокалова или било каква нијанса со црвен отсјај. Мој совет ти е да не ризикуваш на своја рака.
Го има пробано некоја од вас овој метод за тестирање на спрејови за заштита од топлина? Ги замолувам девојките тука што имаат повеќе од еден спреј дома да пробаат да ги споредат и да го споделат искуството. Се прска од секој спреј на раката и се дува со фен. На 3:20 збори за методов на тестирање.
Е да ме убиеш ама на крај памет дека си плавуша(добро смеѓа, лешник боја на коса). Ми скрши филм сеа, ја ко Моника Белучи те замислуев со зифт црна коса. И јас дрдљав за спрејот, со тоа што јас и шапонот и регенераторот го користев. Мене ми ја враќаше детската боја на коса, црвена. Јас сум задоволна од него, треба пак да го купам, ма да ја овој ефект и бољи го добивам од сонце, подолга изложеност и сум светла.
Да бе, смеѓуша сум, имам пишано и тука дека сум смеѓуша. Сум била и плавуша и црвенуша и смеѓуша и црнуша, ама бек ту бејзик, сега хоум мејд омбре, да се дешава нешто. Мајка ми кога ќе ме види дека нешто и правам на косата паѓа во несвест и вика - прави што ќе правиш ама немој после мене секој месец да ме малтретираш да ја оправаме косата и да се жалиш. Во принцип, жена што не сменила без потреба барем една боја на косата ја дефинирам како досадна, а досадна сум во задниве 6 години, па ете си ја барам бељата сега.
Nema podobri sprejoj od Gliss tvrdam probav i drugi ama cabe,samo ovaj mi ja otpletkuva kosata najlesno i oporavuva...
моментално го користам спрејот на gliss виолетовиот за сува коса и многу сум задоволна со оглед на тоа дека имам премногу густа коса со круто дебело влакно се забележува разлика со користење на спрејчево косата е многу помека, спастрена, убаво мириса и лесно ја расчешлувам а и воопшто не е скап
Каде можам да најдам спреј во боја, црвена конкретно? Тие што се нанесуваат на сува коса и се измива после првото или второ миење. Пред 2-3 години имав еден од Субрина мислам, ама никаде не можам да го најдам.
После колку миења паѓа бојата што се добила со спрејот за осветлување на Балеа? Или воопшто не паѓа т.е. неш како фарба е?
Правев баш тоа утро кога се случувале нападите во Куманово, и кога отворив компјутер и видов што се случува таму, немав никаква желба и волја да пишувам за спрејот за коса... Денес пак пробав. Земав два прамени, т.е. шишките ги поделив на два дела, напрскав убаво од спрејот и од пола надолу ги завиткав со фолија. Дував на најјако со фенот од 13 часот до 14 и 15 мин. (со паузи на секои неколку минути) и кога ја тргнав фолијата пак немаше никаква промена. На крај ги исфенирав шишките пак на најјако, и ништо. @Giovanna еве денес не се плашев, ама џабе, изгледа навистина сум првата што не и делува спрејот. Како и зошто не знам, ама тоа е.