Еднаш купив спреј за полесно расчешлување на коса. Не ми текнува како се викаше... Добар беше, но ете не го купив пак, фризерката ме излажа дека спрејовите за расчешлување не биле ефикасни
Како може да те излаже кога си користела за расчешлување, си била задоволна, а помислуваш дека не се ефикасни? Не знам за што да бидат ефикасни, но барем за расчешлување - ефикасни се.
Девојки јас го користев спрејот од Балеа и косата ми ја осветли малку повеќе отколку што сакав, го нанесов 3 пати. Сакав да ве прашам дали знаете дали со тек на време малку ќе падне бојата бидејќи накај мед боја ми е одсјајот а инаку ми е кафеава косата? Фала ви однапред
@Shinystar мислам дека нема да опадне бојата бидејќи тоа е како слаб хидроген, единствено може да пожолти малце.
Дали некој ги има користено спрејовите што ги продаваат во фризерското студио Диор? Некои турски се, не ми тенува на имаето, околу 600 денари чини шишенцето ама голема милитража е, ако не се лажам 500 мл. Неколку пати се фризирам таму и ми ставаат од тоа и ми се допаѓа после како ми изгледа косата. Фризерката вика дека полесно се обликува, расчешлува косата со спрејот и штити од топлина, го штити влакното, го испофали бидејќи го продаваат таму... Не сум баш сигурна дека баш поради спрејот косата ми е толку убава кога ќе искочам од фризер затоа што секогаш ми е посебна косата после фризер. Би сакала ако имал некој искуство да напише збор два, како и да е планирам да го земам, фризерката рече дека сигурно година би терала со тоа...
Дечки сакам да ја правам плава косата со спреј кај може да го најдам,и дали многу ја оштетува косата? вака нешто
Здраво девојки, доколку сте љубители на спрејови за коса ќе ви предложам два домашни кои може сами да ги направите (доколку сакате проекти направи сам). Во склад со правилата на форумот линкот ќе го објавам во соодветната тема за блогови за козметика. Поздрав.
Може да ми препорачате некој добар спреј што ја штити косата од топлина? Мислам на пегла. Не сакам косава да ја ставам на пегла дур не купам таков некој спреј за заштита Може предлог?
Девојки вака сега, косата нити ми е многу густа, нит многу ретка ама проблемот ми е што откога ќе ја измијам чекам да се засуши, ставам силиконски капки од Авон, па ја чешлам и не ми помагаат капките пак ми делува бујно, наелектризирано, ме разбирате што сакам да кажам. Читав позитивни критики за спрејот на Глис, па се мислам дали да си го купам или имате некој друг предлог?
Спрејот на Ревлон 10 во 1 , го има во поснабдени фризерски студија ( јас го купувам од Диор ) 950 ден, нема подобро нешто , густо е и трае долго .