Dali nekoj go ima koristeno sprejot za zastita od toplina na kosata od Avon i dali e efikasen? Izvinete za latinicata.
Дали спрејов помага за омекнување и нега на косата? Особено за сува и виткана коса,бидејки ми се тутка на некои делови и неможам да ја расправам исто и ми е сува.
Девојки, кој спреј од глис е поубав жолтиот или розовиот? Кој ја прави косата помека и поубаво мириса?
го има ли некој користено регенератор од балеа за сив пегмент на коса,т.е отстранување на жолти прамени?
Другарка ми го користи и вели дека бил океј, иако мене не ми изгледа дека е доволно јак за да го неутрализира жолтилото до толку. Види дали во Космо уште го има Еugene Perma виолетовиот шампон за таа намена. Тој е многу подобар од Балеа.
За жал не знам, затоа што не го користам. Мислам дека можеби @Sexybaby86 може да те упати, знам дека и таа го фалеше.
@Dragana96 мислам дека цената на Eugene Perma беше околу 500-тина, 550 денари. Го немам купено многу одамна, не памтам точно, ама во тие рамки е. Не е ефтин, ама едно шише трае цела година, со оглед на тоа дека се користи еднаш-два пати неделно, и по малку. Одличен е за неутрализирање на жолтите тонови, не се споредува со Балеа воопшто, далеку е подобар во квалитет и резултати.
дали го имате користено ехотон спреј за коса? и какво е вашето искуство,колку време трае бојата по нанесување и дали ја оштетува косата многу?
Има некој користено спреј за осветлување? И да сподели искуство Сакам да користам, но не сакам да ми се оштети косата. А имам слушнато дека некои ја оштетувале
Не постои спреј за осветлување кој нема да ти ја оштети косата - сепак има хидроген во составот и потребно е да се третира со топлина за да се активира ефектот. Па секако косата се оштетува на крај, особено ако имаш тенко влакно или коса склона кон суви врвови.
Во ред А некој предлог со дополнителни спрејови или регенератори, маски? Имам костенлива коса. Пробав со колор шампон да ја осветлам, воопшто не фати. А со фарба не сакам
Немој да се мачиш ниту со колор-шампон, најмногу што можеш да добиеш од него е некој сјај на освежена боја додека си изложена на дневна светлина. Решението е или фарба или прамени, нијансирање - ако веќе не сакаш да се фарбаш скроз. Не сум користела спреј за осветлување, ама по некоја логика, колку и да се трудиш не би било возможно да ти фати рамномерно, а и поради фактот што во прашање е хидроген - може да добиеш жолти или во најлош случај портокалови тонови (во зависност од пигментот на влакното), па затоа те советувам да размислиш повторно за опција нијансирање.
Косата се осветлува и оштетува, но зависи од твојата боја на коса каква боја на крај ќе добиеш со спрејов. Подобро со фарба прамени направи, така имам јас и е многу природно
Некој да се јави со испробан спреј за волумен? Приметив дека од сувиот шампон на Балеа многу фино ми се скротува косата и добива таман волумен, па ми се допадна ефектот на косава. Шампон за суво миење користам поетко и тоа исклучиво кога почнува да ми спласнува косата кај коренот, за апла мрсна коса не практикувам. Ама пак си викам да не постои нешто специјално за таа намена, а да не е толку тешко.
Дали го има некој користено Hair Megaspray ? Сакам да го нарачам онлајн , мислам дека го нема во Мк во аптеките ( доколку сте го користеле а сте го купиле од аптека би била благодарна ако споделите во која ) , а бидејќи е 2000 денари , би сакала да знам дали е едективен или е џабе фрлени пари ? Благодарам однапред
Барав ваква тема тука , но не најдов . Ако е несоодветна или дупла се извинувам , но навистина ми треба мислење . Пред некое време , видов реклама за овој спреј . Проблем е што го има само онлајн , а цената е околу 2000 денари . Спрејот е на база на масла . Јас од секогаш имав проблем со косата . Брзо се мрси , имам испукани врвови , првут и ретко и тенко влакно . Откако родив , речиси проќелавев ( почнав нагло да губам коса ) . Од тогаш наваму , никако да ја оправам . Дали сте го користеле спрејов и колку е ефективен ? Сакам да го нарачам , но не сакам да биде џабе фрлени пари , како останатите производи што ги користев до сега . Би била благодарна доколку некој што го користел сподели мислење и искуство . Спојлер: Информации за спрејот http://mk.h-megaspray.com/?c=ru Ова е линк за повеќе информации за спрејот