Не сум го користела, ама не ми изгледа мноgu веродостојно. Плус секаде на интернет има само еден куп лажни рецензии, барем јас виситнска никаде не најдов. Ако е толку добар сигурно популарен ќе биде. Си пробала ли со маслата кои ги содржи? Ако нема ефект од нив, не знам како би имало од спрејот
Само од коприва имам користено и малку ми помогна .. Во спрејот има 8 масла , едно од нив е и масло од коприва . И мене не ми беше верпдостојно за 10 дена да ја регенерира оштетената коса и затоа решив да прашам овде , можеби некој го има користено . Фала ти на одговорот ќе почекам уште некое време инаку и мајка ми сакала да го нарачува но и реков да почека да прашам прво тука
Дали спрејчињата на Глис штитат од топлина? Обично се бањам навечер и излегувам, па не можам без фен.
Ми помина времето за редактирање. @Biodevojka прочитав дека сè што содржи силикон, а не содржи аклохол, е добро за заштита од топлина. Дали е навистина така? Иако си против силиконите, јас не пазам на нив ако ми се допаѓа некој производ со силикон. Знам дека се разбираш од состојки, затоа те тагнав, се надевам имаш одговор на моето прашање
Драга доколку станува збор за пегла ништо живо нема да ја спаси косата од топлина. Доколку станува збор за фен, бико кој производ на база на масла или глицерин, пантенол БЕЗ СИЛИКОНИ може да те заштити од топлина (секако доколку се сушиш на помала јачина без многу да го приближуваш фенот до косата). Како што кажа самата, го знаеш добро моето мислење и став за силиконите. Тие ја обложуваат косата со еден вид на филм и обично не дозволуваат до неа да допрат други состојки (па дури и убави домашни маски се за џабе). Можеби и ќе те заштитат од топлина, не знам, меѓутоа под нив влакното се гуши, се суши и пука што според мене горе долу не си го решила проблемот, затоа што косата сепак не е здрава. Мојов кометар не се однесува на производот кој го напомена претходно (најискрено не го ни познавам) туку општо на било кој производ кој како база има силикони. Доколку не пазиш на силикони, тоа е сепак твој избор и јас го почитувам, слободно користи производи кои ги содржат. Поздрав.
Бидејќи ќе одам на подолг одмор и ќе бидам долго озложана на сонце, што би ми препорачале за заштита? Само што ја шишав косата, не сакам кога ќе се вратам да ми биде уништена
Здраво драга по секое бањање во море исплакнувај ја косатасо обична вода и нанеси обилно едно од овие масла кои природно имаат заштитен фактор: - кокосово масло SPF 2 - масло од јојоба, сусамово масло, маслиново масло, шеа путер и масло од авокадо SPF 4 - масло од макадамија SPF 6 - масло од соја SPF 10 - масло од пшенични никулци SPF 20 - масло од морков SPF 40 Или, направи го овој спреј кој многу ќе ти помогне - 50 мл дестилирана вода (или алое вера гел); - 50 мл масло (може да користиш едно од горе предложените масла или пак комбинација од повеќе масла, важно е да не преминуваѓ повеќе од 50 мл); Стави ги во едно шишенце убаво протреси пред секоја употреба и прскај на косата на плажа колку сакаш по секое бањање или по потреба. Исто така носи заштитен шешир кога се изложуваш на многу јако сонце. Поздрав и прекрасно да си помонеш на одмор.
Го има ли некоја користено спрејов за заштита на косата од солена вода и сонце? Пошто не е баш евтин па да си прашам прво дали има некој ефект
Ај препорачајте ми некој спреј за заштита на косата од сонце. За неколку дена ќе одам на одмор не сакам да ми стани како пепел косава.
Крејзи, имаше еден од Балеа баш за таа намена. Од други брендови не сум се потрудила да побарам. Мислам дека @Biodevojka одамна имаше споделено рецепт на блогот за заштита и одржување на косата во лето, не сум сигурна за информацијава.
Јас овој го имам, прв пат го користев годинава на одмор Мене многу убаво ми мириса, баш онака летно, само морам да ти кажам дека ја мрси косата. До душа, мене не ми беше многу гајле за тоа, зашто и онака на одмор ја мијам по два пати дневно, море-туш-море-туш, така што тоа не ми сметаше. Е сега, колку штити од сонце баш и не знам, тоа не можам да гарантирам. Јас секако одам на шишање после одмор
Да да, драга Мишела во право си. Мојот е домашен спреј ама еве оставам линк да не препишувам сѐ. http://biodevojka.blogspot.it/2015/06/blog-post_84.html п.с. повеќе девојки од форумов ми пишаа дека буквално ги спасил овој спреј. Така да пробајте!!!
Ти благодарам @Biodevojka, состојките ги имало и неколку постови погоре, видов кога се уклучив покасно од компјутер. Ќе го пробам и јас, ќе употребам маслиново или кокосово масло па ќе пишам импресии.
Те молам пиши ми каде може да се најдат маслата со повисок фактор? - масло од пшенични никулци SPF 20 - масло од морков SPF 40 Ти благодарам.
Здраво драга, масло од пчрнични никучци има во биокосмос, цената не ми текнува ама некаде околу 350 беше, не ме фаќај за збор. Чисто и органско беше ако не се лажам. Инаку масло од морков за жал кај нас во МК нема, ама може сама многу лесно да го направиш според овој рецепт http://biodevojka.blogspot.it/2016/08/blog-post_9.html Пријателски совет: ова со СПФ да го прифатиш со резерва само за косата не за кожата. Никако да се сончаш намачкана само со масло, ќе си направиш проблем. За косата се одлични и навистина штитат. Поздрав.