за добар спреј за топлинска заштита http://www.farcom.gr/proproduct/expertia-professionel-heat-shield/ Го имаш во Вип козметикс, Кисела Вода Скопје. Ако не се лажам ~350 денари (тука некаде беше пред некое време кога го земав)
До скоро го имав. Одличен продукт. Јас го користев пред фенирање и пак ставав пред пеглање. Ми го препорача фризерката. Мислам дека добро ја заштитува косата по целата нејзина должина. Барем мене ми беше супер.
Дали го имате користено овој спреј за коса и дали сте задоволни? На влажна или на сува коса се користи?
Си купив спреј за осветлување на косата..ставив синока се гледа дека една нијанса е различна од таа боја што ми беше е сега во понеделник пак ке ставам па дали да ја измијам косата и со маска немој пак да ми се вратиии мојата боја на коса ми е страв..и колку пати треба да ставам спреј за баш да ми се осветли фала ви однапред драги феминки
Ако е тој на Балеа, бојата не се враќа. Така што слободно на следното миење стави си маска. Јас имам долга коса и цело шишенце го потрошив за да ја направам омбре, така што 2-3 пати сигурно прскав.
Само јас не сум задоволна од овој спреј или ве има уште? Спојлер: спреј за коса Препорачајте ми спреј за локни..
Нешто измеѓу плава и смеѓа. Се осветли до одреден степен и после не се осветлуваше. Али да знаеш дека се оштетува, сепак има малку хидроген.
И јас не сум задоволна, многу ми ја мрсат косава. Вчера видов во тинекс спрејови од l'oreal elseve денар-два поскапи од глис. Побарај можда ќе ти се погоди некој, јас планирам да купам таков наредно.
На Глис жолтиот (со арган) ми е омилен го користам веќе долго време при крај ми е планирам нов да си земам,косата ми ја прави мека и полесно се чешла а се нанесува на мокра коса
Спрејов го користам неколку години и многу сум задоволна. Го нанесувам по миење на влажна коса пред фенирање или виткање.Влакното го прави помазно и полесно за обликување, а и побавно се масти косата. Го земав по препорака на фризерката и не планирам да го сменам. Цената е 350 - 400 ден.
@Elence93 Гледам сум заборавила да пишам за спрејот на лореал. Добар е, ми се допаѓа тоа што не ми ја мрси косата како тој на Глис. Многуу убаво мириса и косава после негово нанесување ми е мека, и лесно ја отплеткува. Имаше 3 вида мислам, јас го зедов двофазниот розев за сува мислам дека е.
Го препорачувам црвениот спреј на Ревлон, многу добар и убаво мириса. Прскам често, за една година два спреја потрошив. Се мислам и маската да си ја купам