Некој спреј за заштита од горење (пеглање,фенирање) на косата но стриктно на природна база? Знам дека има на Балеа, но не сум сигурна за составот? Ќе ја тагнам @Biodevojka , ако и некој друг знае нека ми препорача. Благодарам
@Kimberly11, презадоволна сум, се надевам дека и тебе ќе ти одговара. Многу убаво мириса и косата ја прави прекрасна. Можеш да го користиш и на влажна и на сува коса, воопшто не е мрси. Јас особено го нанесувам на врвовите.
Драга за заштита од фенирање може да ги земеш следниве: Balea крем (не е спреј) 2. Natura Siberica Vivid Vitamins (моментално јас ги користам) 3, Alverde Најискрено драга, за пеглање драга не постои средство што ќе ја заштити косата од толкава топлина.
Многу сакам косата да ми мириса преубаво. Кажете ми некој спреј што мириса најубаво на цел свет и да се задржува мирисот?
Спрејчево го најдов сега во ДМ Анти жолти тонови на руса коса. Дали има некој искуство со него? Не е скапо но да не го купувам џабе ако нема ефект. Чекам одговор
@Leat сум користела многу спрејови за коса и ниту еден не ми се покажал толку ефикасен во однос на мирисот. Јас најдов еден трик и се придржувам до него. Кога се чешлам, претходно на чешелот прскам од парфемот што го користам и мирисот го чувствувам дури и кога следниот пат ја мијам косата. Можеш и директно на коса да прснеш од парфемот, но вака малку ја суши косата по одреден период. Пробај вака со парфем на чешел и пиши како си задоволна.
Баш прееска бев во дм, ми го препорачаа вработените дека било предобро, дека им се трошело, со план сум да го земам, па ќе ти пишам
@Oxymoron, дали може да пишеш кој е тој спреј од Алверде за заштита од топлина кој го користиш? И дали приметуваш некој ефект, не би било на одмет да се прочита. Го користам моментално тој од Балеа, но не ми се допаѓа составот и сакам да го сменам. Не знам ниту дали има некаков ефект, само мириса косата убаво долго време од него. Го гледав двофазниот од Алверде, но не знам која му е функцијата и дали воопшто штити од топлина, ниту пак имам прочитано некаков коментар за него.
Се работи за ова спрејче, доаѓа вака во кутија: Искрено не знам дали е до него затоа што користам комбинација од производи, но многу сум задоволна од моменталната состојба на мојата коса. Спрејчето е всушност двофазно и е 5 во 1, па освен што штити од топлина, дава сјај и хидрира. Пишува дека е добро и за мрсна коса, но не знам колку би се сложила, сепак има комбинација од масла во составот, јас имам сува и мене ми одговара. Единствено да го прскаш само на краевите, ама така пак нема да ти биде заштитена цела коса од топлина. И јас го имав тој на Балеа претходно, и ни јас не бев задоволна од составот. Во споредба со него, кој буквално само убаво ми мирисаше, од овој чувствувам дека добивам некоја нега. Само имај го на ум моментот со маслата, знам дека имаш помрсна коса, па да не ти ја мрси дополнително. Инаку е прилично мало, 50 мл, но мене ми трае два-три месеци. Мирисот е типичен за Алверде, цена мислам околу 170-180 денари. Патем сум го имала и двофазниот розов од Алверде и тој не штити од топлина, само за нега е.
@Oxymoron @Mishela јас го користев спрејчето летото додека бев на одмор (демек да ме штити од сонцето), и тоа само него го користев, ни регенератор ни ништо. И мене многу ми се допадна, и иако пишува дека има масла во него, не ми изгледаше нешто посебно мрсно, така да мислам дека би одговарало и за мрсна коса. И многу свежо мириса. Едит: Е сега, на одморот ја миев косата најмалку еднаш дневно (најмалку ) јас го потрошив за 20 дена, ама никогаш не сум се снаоѓала со дозирање на спрејови, секогаш претерувам (плус што немав ни регенератор, па баш го користев за се)...
Девојчиња, го видел некој спрејот за заштита од топлина на Алверде што го дискутиравме погоре некаде? Проверив во неколку ДМ маркети и го нема. @Mishela? @DAngel?