Јас го барам веќе подолго време и не успевам да го најдам...проверив во ДМ кај Беко, Сити мол, Битпазар...доколку некој го види би било убаво да не извести, истото ќе го направам и јас ако го најдам
Златниот на глис,имам и јас долга коса мене ми е супер,косата ја прави мека и свиленкаста и полесно се чешла но исто така имам слушнато доста пофалби и за црниот планирам следен пат да го земам
Јас на глис му дадов неколку шанси и секогаш ме разочаруваше. Некако како да ми лепеше косата а прскав само 2 до 3 пати. Секогаш кога и да ставев имав чувство како да сум не измиена.
Да ми препорачате некој спреј за заштита на косата од топлина? Конкретно ми треба за на одмор, косата и така ми е тенка и не баш квалитетна, па не сакам да ја оштетам од сонцето и солта уште толку. Само да не е од ДМ, далеку ми е .
Значи вака мајка ми има 39 год. и не се фарбала никогаш бидејки има доста црна коса а и немаше бели влакна.. Сега почна да одимува бели влакна ама не сака сеуште да ја фарба.. Па затоа дали некој знае некаков спреј за затемнување на косата од бели влакна?
Природна алтернатива за боја за коса е кната. Кната е во неколку бои: црна со син отсјај, костенлива, кафеава и црвена. Но, кната многу тешко се вади т.е. доколку не сака да ја упропасти косата ќе мора да ја израсне па потоа да менува боја. Затоа нека проба на еден прамен да види дали ќе и' се допаѓа ефектот. Кната ја има по пазарите. Има спееви за коса кои го маскираат коренот, но тие (колку што сум запознаена) траат од едно миење до друго. Значи тие немаат перманентен ефект како кната. Такви спрееви има од повеќе марки: Лореал, Сајос, Шварцкоф. Ги имам гледано во ДМ и останатите дрогерии, цената им е од 200 денари па нагоре.
Некој да не користел спреј за затемнување на косата од бели влакна? Ако некој користел кажете ми дали има ефект... И дали некој знае да ми препорача таков спреј да купам??
Тој на Лореал моментално е на попуст во Космо и е 343 денари, инаку е над 400. Има и на Сајос и тој е 435 денари (во ДМ, можда е нешто поевтин во Космо или по маркетите). Во тек сум со цениве затоа што и јас пребарував за мајка ми
Овие спреови незнам дали ќе и помогнат на мајка ти. Тие се наменети само за израснати корени и не се погодни за користење на цела коса, пошто најчесто прават едно лепливо чуство на косата. Еве ќе ја тагнам пак @kala21 пошто мислам дека кај неа видов последно такво спрејче. Нека каже искуство. За мајка ти мислам дека подобра варијанта би било фарба без амонијак или колор шампон.
Извини малку каснамСтавив во саботата после миење на сува коса,не знам дали ми се причинува,ама до денеска додека не ја измив беа покриени белите влакна(иако немав многу).Ќе го користам месецов па ќе ви кажам,сакам да се одморам од фарбање.Инаку пред некое време земав од колор шампонот на Викториа,не знам што намена има ама косава ми беше ко со обичен шампон миена,баш ништо не покри.
Јас ги имам користено на Лореал и на Балеа. Тој на лореал покрива солидно, барем кај мене ( имам едно праменче со бели влакна во косата) додека тој на балеа така така не сум многу задоволна. Инаку и двата траат до следното миење и дефинитивно од нив побрзо се мрси косата.
Имам долга и густа коса, па ми треба спреј за да ми е како свиленкаста и да не морам цело време да ја пеглам. Користам капки, али повторно има голем волумен. На Глис некој можеби? Кога веќе спомнувам Глис, каде се најевтини?
@Elence93 пробај го црниот на глис косата ми ја прави мека и права предобар е. Инаку беа на попуст во Дм провери може уште се
Како се користи белиот спреј од елсев затоа што ставам и масло од арган па кога да го нанесувам пред пеглање или како?
Здраво девојки! Дали може да ми препорачате некој спреј за расчешлување на косата но да нема силикони односно да има убав состав и да не ја мрси косата.Некој од Алверде на пр. Ви благодарам!
Моментално го користам овај спреј.Засега сум задоволна и косата ми е помека и посјајна плус воопшто не ја мрси