Предложете ми спреј за полесно расчешлување на коса. Моментално го користам овој спреј од авон, но би сакала да пробам нешто ново.
@Rebecca_R Јас од розевиот спреј на Gliss, Supreme Lenght сум презадоволна. А ако ти е потребно баш лесно расчешлување, а да не мора да е спреј, ти ја препорачувам маскава: Имам пишувано и во соодветната тема, но пак ќе кажам дека подобро нешто немам ставено на мојава коса. Од нега до лесно расчешлување, преубав мирис и премека коса - се во едно. Исто и спрејот од истата линија го имам користено и и од него бев презадоволна. Ако се одлучиш да земеш нешто од продуктиве на L'oreal, да напоменам дека можеш под различни имиња да ги најдеш: Elvive, Elvital, Elseve и слично. Без разлика под кое име ќе ги најдеш, амбалажата на сите од Total repair 5 им е иста - бело со црвено.
@Oxymoron @DAngel @Mishela девојки дали успеавте да го најдете спрејот за заштита од топлина на Алверде?
Јас го имам, веќе (конечно) ми е при крај. Не е лош, само има многу хемиски мирис. Можеле барем да го парфемираат малку за да се замаскира тој мирис што го има. Не е нешто wow, спрејовите на Глис/Шварцкопф се сто пати поефикасни и имаат поубав мирис. Да го потрошам, пак ќе земам некој од Глис. Знам користев еден жолт кој косата ја правеше фантастична. Овој не е ништо посебно, не е лош, но не би го купила пак зашто ми здосади. И дефинитивно не ми се допаѓа како мириса, среќа не се задржува грдиот мирис во коса и брзо ветрее... Не, јас искрено заборавив дека спрејов постои.
За оние кои го користат или користеле спрејов, нешто слично, толку добро, како него....постои ли воопшто? 10 во 1 е ( за расчешлување, суви врвови, заштита од топлина, мирис, дава свиленкаста структура на косата...) Го користам 4-5 години, па би сакала да го сменам, доколку има исто толку добар друг продукт. Она што го гледам погоре, каде има комбинација од масла, дефинитивно не е за мене. Пребрзо ми се мрси косата.
Јас го користам веќе 4-тото шишенце и си купив во ДМ на акција 2 вакви за 255 денари ( акцијата трае до понеделник) мене ми е спрејот ептен погоден,да напоменам имам плава коса и ми спречува исушување.Имаше и шампон од сладок бадем во литарско пакување но за жал не го носат одамна
250-300 максимум, во некој Дм видов дека ги имаше уште на залиха 2 за 299 провери си можеби ќе најдеш
Imam suva kosa so mnogu suvi vrvovi i sekako izlozema ma cesto peglanje... prepiracajte mi sprej za pred peglanje ili posle za da dobijam sjaj na kosata a i vrvovite da mi izgledaat okej a ne razletani nesredeni. Dali tie na Gliss bi imale taka sredno ocekuvana uloga?
Пред 4 години нарачав од Авон едно како "дезодоранс" за коса со мирис на јагода. Значи не е спреј што се нанесува пред или после миење,чешлање итн., туку како миризливо спрејче за коса да се прснеш пред излагање итн. Знае ли некој низ маркетиве каде има такви?
Фала ти многу, ќе го пробам дефинитивно. Ми го пофалија дека давал убав ефект на скротена коса без фенирање, па ме привлече описов да го пробам. Не ми е јасно само дали нуди некаква нега за косата во смисол, дали има некои масла и слични работи во себе, ама и онака користам маска/масла за врвовите па мислам нема да биде страшно и ако е замо за ефект спрејов.