Само од макадамија не сум сретнала, ама има со макадамија и алое од Авон и искрено многу е добар, а пак за мирисот да не ти кажувам ептен убаво мириса и долго трае 2 дена коста ми мириса на убаво Сега баш видов во овој број на Авон е 169 ден. Еве како изгледа шишето
Спрејчево е супер го имам користено и баш така мириса супер , но барам само од макадамија ако воопшто има негде по парфимерииве, сепак фала
Пред некој ден видов таков спреј во Тинек на Тафт кој се прска пред да се пегла косата за да не се оштети.
иначе,можеш и пена за коса,покрај спреј да користиш слободно,пред пеглање/фенирање. Знам мене фризер ми кажа така,дека помагало да не се гори толку косата бла бла .. ми препорача од Taft ,али ја не сум испробала сеуште ,треба
Леле тој Тафтот си нема везе,мислам тоа спрејчето за заштита од топлина..Ништо,само ти ја лепи косата
Еј јас прееска видов во убавина и здравје - новитети - Тададаммм-го донеле она спрејчето што мене ми личи како масло помешано со вода така нешто. Еве што пишува за него,цитирам : Repair+Gloss двофазен третман во спреј кој го обновув влакното и дава прекрасен сјај. Му го фрлив меракот
Аја ти благодарам на одговорот, ќе одам и ќе побарам деновиве. Бошамп за пената за коса не сум сигурна зашто користам кога не се пеглам и многу ми ја суши косата. Ставам пена пред да ја виткам косата (со преса) и така повеќе ми трае ама не ми личи дека ја заштитува
Немојте ни да сте помислиле да ставате пена или лак за коса пред пеглањето.Тие самите го сушат влакното,а па тек во спој со пегла,го прават кршливо,суво и по втор пат веќе почнува екстремно да цвета и да се кине косата.Значи никако! А кажете ми каде може да се најде тој спреј за заштита на косата пред фенирање и пеглање?!
Агрл,не го имам видено во мојов Тинекс сеуште,ама не ни очекувам,малце е назад со времето,па ќе тркнам деновиве до Супер Тинекс па ќе видам дали го има Ако го има Иначе Лилит има ново спрејче од Тафт за заштита од топлина,вака изгледа Спојлер Колку што знам го има само во Космо и не е многу скапо,ама не ни убаво. Мене ми ја измрси и испозалепи косата.На мојава коса е ужас... Спојлер Ако прашуваше за ова
Ваков имав, ми се потроши пред еден месец. Многу сум задоволна, ја омекнува косата и препрепреубаво мириса. Се нанесува и на влажна и на сува коса. Значи не треба да се измие после тоа косата, може да го користите кога сакате.
212 го купив од МахиДе. Инаку ја омекнува косата и убаво мириса после. Јас го користам скоро 1 месец, па сега за сеа сум задоволна.
Oвој е тој новиот на Глис за оштетена и сува коса? Го користела ли некоја феминка да каже искуство? Ми треба некој спреј за сува коса,ги прочитав сите страни ама пак не можам да се одлучам,а и не знам кој за што е... Дајте некои препораки за таков спреј...