Јас овде како што прочитав има негувателен витамин за коса пантенол, а инаку трае многу во текот на целиот ден косата мириса на него
Јас па баш имам негативно искуство. Ми ја лепи косата ( мислам дека е замена за шеќерниот спреј на Балеа) и ми нема никаков ефект околу смирувањето на косата. Далеку од фенирана ми изгледа. Од друга страна, презадоволна сум од спрејчево подолу. Се користи за заштита на косата од топлина и за исправање. Со негова помош ја средувам косата за половина од времето што порано ми беше потребно.
Не знам дали е за тука, ако не е префрлајте Морам да го пофалам производот, ми останаа уште неколку капки од првиот, па сега нов ќе купам. Станува збор за Косава ми се препороди со производов. На влажна коса, со пешкир подсушена прскам, после 2-3 минути чешлам. Само да напоменам дека мојата коса е крајно и термички и хемиски оштетена, на толку бланш ретко кој производ вака "магично" делува. Искрено, откако го користам, престанав да ја пеглам/виткам постојано, бидејќи сосема културно изгледа Така што, ако имате оштетена коса, дајте шанса, за мене е спас
Го имам, го купив на акција некои 80-90 денари. Мене лично не ми е за постојана употреба, од неколку причини: 1. Треба да ја оставиш косата сама да се исуши, без фен 2. Нема теоретски шанси толку долго да не ја превиткаш некаде, а со тоа и да ја смениш нели "формата" 3. Лепливо е Јас го користам на одмор, за да не трошам време на оправање на косата пред да излезам навечер, бидејќи е топло, секако брзо ми се суши, иако неретко и на одмор сакам бар малкуцка со фен да се издувам. Сепак, во секојдневен живот, немам толку нерви за air dry. Не трпам мокра коса
Да да, јасно. Баш поради тоа што ретко сушам коса со фен сакам да го земам за да го пробам. Имам од стариот (Byphasse) уште за 1-2 прскања, па ќе го земам овој за стилизирање. Ме интересира дали ќе ми одговара, па ќе пишам пак.
Здраво, ако може препорака за спреј за расчешлување и заштита од топлина на природна база, без силикон. За сува и фарбана коса.
Да споделам искуство, предобар е ! Ја омекнува косата и преубаво мириса и се задржува мирисот до следно миење Го има по фризерници што работат со REDIST. Околу 450 ден го земав последниот пат тоа беше летово и дали пола сум потрошила, значи трае ептен и штити од топлина
Јас го користам од Лореал овој , презадоволна сум , после миење со шампон ( Пантене ) само ништо друго додатно , прскам од него на исчешлана коса и премека преубава ми е со сјај , мојата коса е густа и долга и доколку не ставам дополнителни работи лудило е ама ова ми е спас невиден