Искуства со спрејот за коса ревлон 10 во 1 тој во црвено пакување, дали е за сува оштетена никаква коса ?
Јас го користев мене искрено преубав ми беше многу ми ја зацврсти косата сега при крај ми е сакам уште едно шише да си купам
Го имам користено црвениот и белиот од кокос. Косата ја прави некако подигната, со волумен, стилизирсна, убаво мириса... башка што стварно заштитува од топлина,не е како остснатитр .Презадоволна. Гледам има комплет од маска и спреј,не се сомневам ни во неа.
Мене ми се погоди, го користев на одмор а имам пресува и оштетена коса и доста ми ја омекнуваше, плус мириса убаво. Не е класичен спреј како Глис, туку како крема е. Се на се за таа цена е супер.
Дали ти ја мастеше косата? Не знаев дека е како крема. Мене не ми е преоштетена, и ми е права и брзо се масти. Значи веројатно не е за мене
Каде може да се најдат и која цена се отприлика? Конкретно ме интересира за тој за волумен дали е добар. Сега ја користам пудрата од Балеа за волумен во зелено кутивче и многу ми ја лепи косата, но за цената е ок.
Мислам дека во Тинекс ги имам видено, а можно и во Зегин да ги има. Цена околу 200, не ме држи за збор.
Убаво ли мириса портокаловиот на Глис? До сега го користев златниот, иако имам кратка коса Кој од линијата на брендот би ми го препорачале за густа (кратка) коса? Или да си останам на златниот?
Мене златниот ми е најубав. Е некогаш кога ќе го начекам на попуст го земам за смена од Авон маслениот спреј. * со густа и долга коса сум
Предлог спреј за коса која е многу подложна на пукање на врвови, да нуди вистинска заштита од горење при пеглање ( не само да нуди на декларација, туку и да делува )?
На Кeune, го имам испробано спрејот за заштита од топлина и сум задоволна. Но, потребно е и редуцирано пеглање, зашто ептен се оштетува косата.