Сум ги користела скоро сите Глис спрејчиња. Задоволна сум. Зелениот ми е на ред да го пробам. На секое одење во ДМ си купувам. Сепак можете и Калос спрејот да го пробате. Убаво ја омекнува косата. Кога немам време маска да ставам прскам повеќе од Калос спрејот и многу убаво се расчешлува. Само малку е помрсен и се става од ушите надолу за да не се измрси скалпот. Исто така имам серум во спреј од Eveline од кој многу брзо расте косата, но го нема никаде повеќе не знам кај би можел да се купи..
Повели мила. Не се сеќавам на цена одамна ми е купено, околу 300-400 денари заедно со шампон со ист состав.
Некоја да ми каже како се користи Калос спрејот? Го купив ама гледам дека не е како спреј туку како крема. Нанесов малку за проба ама некако ми ја залепи и замрси косата..
Откако ќе ја почувам косата во пешкир 5 мин додека се впие водата, прскам од спрејот на рацете и проаѓам на косата. Ако прскаш дирекно на коса нема добро да се распореди. Потоа ја расчешлувам и ја сушам.
Знам дека има многу видови од Глис спрејчињата,но не знам конкретно кое да го земам,за тенко влакно лесно кршливо, да ми препорачате?
Извини драга која е цената? Сестра ми ми вика дека го зела околу 450 денари земала повеќе работи од веро и не знае точна цена , а јас мислам дека е околу 200 ден. Па се кладевме да видиме која е у право.
Не знам за раст, не го прскам преблиску до коренот. Ама одлична дефиниција и хидратација добивам од него. Косата многу поздраво и понегувано изгледа.
Исто и јас почнав да го користам. Задоволна сум. Ја негува косата, не ја суши и дава сјај, не ја мрси
На попуст го зедов околу 850 ден, и екстра е, нема утка кај овој спреј. Сменив повеќе врсти, и пак на овој се вратив. Сега и маската за коса ја зедов од истава линија
Нареден пат морам да го купам се надевам ќе го начекам на попуст, веќе го земав на Глис fiber therapy виолетовиот и предобар е