Предлог спреј за коса кој има состојки што ја хранат косата? Со некакви масла, пантенол и сл. Не сакам само парфимиран спреј од кој немам корист освен расчешлување.
Предлог спреј за заштита на коса од топлина? Да не е Авон или орифлејм, зошто користев еден, ми ја сплепуваше косата и мрсеше, а имам тенко влакно.
Јас го имам ова и можам да кажам дека е подобро и од One unique на Revlon. Пошто тоа за мене беше спреј, бог и батина што се вели Преубаво е, не се става на скалп само по должината на косата и краевите. Можеш самата да видеш за што се' служи иии така Цената му е 1000 ден и го земав од Vip студио, кај стадион што е. Можеби го има и по други фризерски салони. Многу битно косата изгледа полна, и без да ја стилизираш со фен или пегла. И јас имам тенко влакно, да.
Вреди, јас користев едно 4-5 шишенца но заради составот одлучив да го заменам со тоа погоре розевото. Можеби ми здосади со години ист мирис
Jas cel zivot gi koristam na Gliss sprejcinjata, momentalno go imam violetoviot ubav e. A kade e najeftin ovoj na revlon?
Во Дм цената на Ревлон спрејот е околу 900 ден, може и повеќе. Значи поисплатливо е да се земе од застапници на Ревлон
Едно прашање која е намената на спрејот за коса а која на маската за коса? Дали ако се користи спреј нема потреба од маска
Секој спреј има различна намена, имаш за расчешлување, за заштита од топлина, за оформување локни за оние со кадрава коса, со масла за потхранување, има буквално за секоја намена. А маските ја омекнуваат косата и содржат некои хранливи материи. Ако имаш тенко влакно кога ќе користиш маска нема да користиш спреј. А ако имаш баш сува коса тогаш двете. Се зависи од потребата и што сакаш да постигнеш.