Најдоброто нешто што сум го користела за коса а сум користела многу и лореал и шаума и шварцкоф итн, ако сакате квалитет ова е тоа цела колекција. А спрејов no comment секоја втора вечер го сонувам, ме прогонува... Спојлер Инаку за сува и оштетена е леков
Си купив спреј за коса од Авон, тој зелениот што е, и како се напрскам после на тие места ми стврдне косата, и неможе да се расчешла. Повеќе делува како лак отколку како спреј за коса. Некој друг го има? И дали и кај вас е исто или само јас незнам да го употребувам
Ме интересира дали некој користи спреј за волумен на косата , каде може да се најде таков и од која фирма.....
Каде можам да го најдам во Скопје? Го барав во веро пред некое време го немаше и прашав, си викам ај може не сум го видела ама ми рекоа нема. Каде го има? Бидејќи видов некои од вас го користат.
Ги има некој користено спрејовиве??Некако сите ми се слични па ако ги користи некој да ми казе дали се добри И тие за волумен дали даваат стварно волумен или нема врска??
Го има и во Веро(незнам зошто ти рекле дека го нема) и во Тинекс.Го користам веќе 4 месеци и сум многу задоволна.Косата сега ми е сјајна и мека(а ми беше многу оштетена од фарбање)
Го земав овој за 216 денари од Веро, во Јуник беше 225, и блазе си и на Мерлинка што го купила за 155 денари, не е фер, во Скопје не ограбуваат. Ќе ви кажам впечатоци по некое време.
^ Впечатоци од спрејов... Никаква промена не осеќам на косата.Ставам еднаш, ја расчешлувам косата и после уште еднаш ама тогаш не ја чешлам... Иста си е, па и мирисот не трае ич дури.Нареден ден се губи скроз. Инаку, имате во Тинекс сега, 2 спреја на Глис за 211 денари.
Маца, не сум го користела спрејовите Глис, ама не верувам да не се добри Најверојатно црниот не е најсоодветен за твојата коса, имаш добар избор па ете кога ќе го потрошиш тој пробај ги другите, купи си 2 за 211 денари што викаш Мене фризерката ми го препорача овој на Ревлон, не знам по сликата дали е точно тој зошто има за волумен и за нега на косата и врвовите, ама вака изгледа и ми кажа дека бил многу добар, на другарка ми и прсна и убаво мириса, само што е 950 денари 500мл
Ова го користам одамна и за разлика од тогаш до сега косата многу ми е подобрена, уште малку и нема да ми биде потребна пегла
Јас жолтиот на шварцкоф го користам,за долга коса,против расцветани врвови. Последен пат се шишав пред два месеци,сеуште немам расцветана и искината коса,може едно во 100 влакна да е такво и тоа зошто почесто ја пеглам периодов,а претходно се немав шишано 4-5 месеци,исто со овој спреј. Косата ми немаше изгубено ниту форма,ниту ми беше воопшто расцветана,само врвовите многу нормално беа суви (и тоа ги фати така после одмор) и ги освежив со ножици. Дали е до косата (а со оглед на тоа што имам здравствен проблем и екстремно сува и шуплива коса,не ќе е да е до неа),дали до спрејов или до нешто друго што користам,ама ете... Немам некоја природно мека коса,ама со спрејов супер е,најважно ми е што е здрава и можам да ја носам долга,а не до уши расцветана и искината.
Косата ми е оштетена на врвовите, не знам зошто не би бил соодветен спрејов... Ај тоа, ама бар мирисот да трае, а не за 1 ден да се изгуби... Друг за оштетена коса е овој жолтиов така?
Јас овој го користам и сум презадоволна. Сакам некој друг спреј од Глис да земам, препорака? Жолтиот? И ова дали знае некој за што е?
Gi imam koristeno skoro site spejovi od Avon vklucuvajki gi i onie od makadamija i aloe,cresov list i zelen limon i vrbinka i sum prezadovolna osobeno od toj od zelen limon i vrbinka..go stavam i na vlazna i na suva kosa,koga go stavam na vlazna kosa ne stavam mnogu,taka i dava na mojata kosa pogolem volumen i poveke ja vitka,a dokolku stavam na suva kosa go koristam kako zamena za lak za kosa... Spejot od cresov list isto od Avon go koristam na vlazna kosa i navistina ja pravi pomeka i posveza vo tekot na denot... i dvata ubavo mirisaat ...
Знае ли некој каде може да ги најдам другите производи од Глис? Ги имам видено само шампонот, регенераторот, маска и спреј. А има уште неколку други работи и не знам дали ги има некаде. И од жолтите исто...
Црниот спреј на Gliss не ми се допадна баш,како вода е и мирисот воопшто не се задржува и косата многу бргу ми ја мрси,негледам ништо посебно во тој спреј. Додека спрејот на Shauma тој од кокос ми е одличен,не ми ја мрси косата и мирисот се задржува се додека не се измие косата,и не е како вода туку е густ и кремаст