L'Oreal Elvive dream lengths го имаш пробано? Мене ми е одличен. Не се пеглам, ептен ретко и секогаш го користам пред фенирање. Најмногу ми се погоди и се познава дека ја штити косата од топлина, а воопшто не ја мрси и не го прави влакното тешко. Плус мирисот му трае доста долго, не дека ми е важно тоа, само ме изненади позитивно.
Од ДМ го купувам спрејов, сигурно го има и во Космо. Околу 300 денари беше +/- некоја сума ми се чини.
Да се надоврзам, има и млеко за коса од истава линија, ставам од него на влажна коса и многу нека ја прави и нежна. Е сега за против топлина ова е подобро. Ама можеш да ги комбинираш, секако се добри и ефтини
Овој и белиот спреј на Лореал Елсеве ми се нешто најдобро што сум пробала но за жал веќе одамна не можам да ги најдам кај нас.. Има повеќе од година кога последно ги земав од ДМ и ги нема веќе никаде. Каде ги виде?
Ги имам пробано сите видови на Глис и на Елсеве. На Глис ниеден не ми бил ништо посебно, нити за расчешлување помагале нити за омекнување. Единствено мирисот останува ама и тој мене лично не ми е баш пријатен на ниеден од нив. Можеби јас сум премногу осетлива на мириси ама од Глис производите за коса се ми мириса лошо. Од Елсеве како што реков овој златниот и белиот Double Elixir (под тоа име го имаше кај нас) ми беа незаменливи. Косата мека без да се кини кога ја чешлав веднаш ми ја отплеткуваа. Маските ги носат сеуште во Мк и ги користам преубави се. Исто и серумите за коса. - За мирисот да не споменувам, фантазија се особено златниот. Имаше и еден розев од овие спрејовите тој е за фарбана коса ми се чини, тој го користев кога ми беше омбре, океј беше.
Јас ја чешлам косата после сушењето. Полесно се чешла. А и за отплеткување е супер. Од Глис ги користев розевиот и црниот.
едно време овој го употребував,и бев задоволна од резултатот.Во скоро сите поголеми маркети мислам може да се најде
Јас ја пробав оваа фарба денес.Немаше хидроген во неа можи требаше да ставам незнам не ми фати како на сликата цела среќа нејќев толку дречлива боја малку розевкаста ми дојде.