Го купив Глисс спрејов, најмногу поради тоа што е розов, ми беше пресладок на изглед. За заштита на врвовите од пукање, хранлив и хидратантен ќе биде (претпоставувам). Голем плус е топлинската заштита, цената му беше 245 денари, од ДМ маркет го купив. Мислам дека е ист како стариот спреј во розово шишенце (ако ги помните), зашто и тој беше спреј за заштита на врвовите од пукање, само сега смениле амбалажа и веројатно си направиле некој рибрендинг на линијата спрејчиња. Ќе го пробам и ќе споделам впечатоци. Вака ветувачки изгледа, па ќе видам.
Розев следен на листа ме потсети, сигурно пред 5год последно си земав вакво спрејче за коса, што убаво мирисашее ми текнува и на амбалажата, задоволна бев тогаш. Ќе си се подновам пак
Јас со години го користев жолтиот Глис спреј. Розовиот и тој со кератин (мислам дека беше во црно шише) ги купував понекогаш, ама жолтиот ми беше омилен. Сакав малку да сменам зашто ми здосади L'Oreal Elseve, иако навистина ми беше убав ама ми требаше нешто ново. Утре ми е ден за миење коса, со душа чекам да го пробам.
Да ми препорачате некој спреј за коса, да не ми е како сува од солта од морето и од сонцето? Од кој сте задоволни?
Да, го користам после секое миење. Не е многу интензивен мирисот, нежно мириса но заштитата ми се допаѓа. Единствено млазот што го шприца прскалката не ми се допаѓа, некако е "млитав" и не распрснува во широк лак, многу ми е непрецизно вакво прскање. Ко на шишенце од средство за стакло, ако го подесиш регулаторот на "stream" опцијата, е баш така прска. Можеби сум навикната уште на претходниот спреј што го користев, појак и поширок млаз имаше. А можеби и моето шише се погодило со млитав механизам, којзнае. Битно спрејот ми се допаѓа и би купила и некој друг.