Во Гевгелија го има, јас второто шише од Гевгелија го земав. Во продавниците за шминки провери ли? Таму имаат и производи за коса знам. ДМ провери?
Позитивно сум изненадена од овој спреј. Го купив со намера да го ставам после миење, без да прочитам дека се одмива. Среќа прочитав па повторно се плакнев , значи се става на измиена коса со шампон па се остава 5-10 минути и се одмива. Косата ја носам боб и редовно ја шишам, не ми е фарбана и воопшто не е оштетена. Ја пеглам после секое миење и ефектот е рамна коса без разлетани влакна, обично другиот ден после пеглање ми е наелектризирана ама со спрејов не.
Мојата коса е права и долга, густа ама влакното ми е тенко и ради тоа премногу се плетка, расчешлувањето ми е хорор. Спрејчево на Лореал ми е спас, многу ми го олеснува чешлањето. После бањање, на мокра коса, најдобро ја расчешлува. Плус и косата многу убава и мека ми ја прави. Мириса преубаво, исто како шампонот од истава линија. Пишува дека штити и од топлина, ама тоа не би знаела да кажам зашто многу ретко ја пеглам/фенирам. Лично повеќе ми се свиѓа од тие на Глис. Не сум инфлуенсерка, жими се.
Верувам дека е добра, шампонот мајка ми го користи и мирисот ме натера да го купам спрејот. Моментално на Гарниер бананата ја користам, премека ми ја прави косата, ама чим се потроши, одма оваа на Лореал ја купувам. Изгледа најубаво е цела линија да се користи за најдобар ефект.