И мене овој ми е супер и солиден , ниту ми ја масти косата а ја прави мека и ја штити од топлина океј производ
Не прави ништо посебно освен што олеснува расчешлување и убаво мириса. Јас мислев бар некој сјај да дава, ама ништо од тоа. И ја мрси косата, бар мојата побрзо се масти кога го ставам.
Па што знам, мене ми дава живост и сјај. Ја скротува косата да не е премногу разлетана насекаде после сушење со фен. Не е лош, очекував дека ќе ми ја прави косата тешка, ама засега баш е океј. Три-четири недели биднаа откако го купив, можам да кажам дека ми се допаѓа. Најголем страв ми беше да не ми ја прави косата како тесто. За среќа не е таков. За парите, солиден. За колку и дали ќе штити од топлина, тек ќе видам. Претходниот што го користев (розов Глис) дефинитивно имаше влијание, косата не ми беше воопшто оштетена од фенирање. Би ги свртела сите овие Глис, онака за проба. Па ќе барам нешто друго, за да сменам. Ама дефинитивно омилен ми е тој што го спомнав претходно, Loreal Elvive. Убедливо најдобар за мојата коса., ама се плашам да не ми се засити влакното, па решив да го паузирам и да си експериментирам.
Indola 10 in 1, розевиот го има во hairshop ако имаш долга коса и тенко влакно одличен е и не ја отежнува косата