Додека спрејот на Shauma тој од кокос ми е одличен,не ми ја мрси косата и мирисот се задржува се додека не се измие косата,и не е како вода туку е густ и кремаст [/quote] Дали некој во Битола го има сретнато овај спреј, одличен е го обожавам ама само што ми се потроши и во сите маркети каде што прашав го нема:О ве молам некоја битолчанка нека ми пиши кај можам да го најдам Позззззз
Ги користев од Глисс и розевиот, и овој мислам дека беше многу подобар Сега се прелажав да сменам и го купив овој од шаума колку преубаво мириса тоа е ненормална работа, ми иде да лижнам од спрејов од што е преубаво нов е, тазе, па рано е да донесам заклучоци за се друго освен за мирисот
И јас го користам Глис. Презадоволна сум, имав на темето така некое делче кое ептен ми се бушавече и ми се правеше ко суканица, Глис ми го реши тој проблем. Многу сум задоволна, го препорачувам.
И јас имам виткана коса и го користам овој розевиот Gliss kur hair repair spray koj е за измазнување на наелектризирана коса a го користам овој зошто сеуште не сум сретнала некој за виткана коса а и воопшто не е лош кога имам ставено од него косата не ми е до толку буф има сјај и прекрасно мириса
Јас го користам жолтиот на Глис и можам да кажам дека само убаво мириса и само тоа 2 минути по нанесување,после ништо, расцветани врвови си остануваат,никаков ефект немаат, безвезе ми се искрено. Да го потрошам овој и не ги купувам веќе. Живи глупости
Јас како што знам глисот не е за поправање оштетени врвови, освен ножичка ништо не помага со нив. Глисот ја омекнува косата, не дозволува да се заплеткува, овозможува полесно чешлање (штом јас можам да се исчешлам значи знам што зборувам) и дава сјај на косата
Дали некој во Битола го има сретнато овај спреј, одличен е го обожавам ама само што ми се потроши и во сите маркети каде што прашав го нема:О ве молам некоја битолчанка нека ми пиши кај можам да го најдам Позззззз[/quote] А колку пари е овој спреј и општо сите спрејови на Шаума? Мислам отприлика.
Спојлер А колку пари е овој спреј и општо сите спрејови на Шаума? Мислам отприлика. [/quote] 170денари мислам дека јас го земав, тука негде се
Шуруруп, ај прочитај убаво си пишува дека е за превенција од испукување на врвовите, на коса која е слаба, подложена на оштетувања и склона кон расцветување. Пример откако си ги скратила на фризер расцветаните краишта си купуваш спреј за да ги заштитиш врвовите од идно брзо расцветување
А колку пари е овој спреј и општо сите спрејови на Шаума? Мислам отприлика. [/quote] Јас во Битола го имав видено во Супер Марио пред некое време побарај сигурно го има и сега....
Како и да е, и после фризер, коса која е склона на брзо цветање или бавно(сеедно), ке си цвета без разлика дали користиш спреј или не. Според мене, не се корисни.
^ Не би се сложила дека не се корисни. Можеби е и до структурата на самото влакно, ама ете мене прв пат после два месеци фризерај да има тука-таму по некое расцветано. Обично после месец дена од последната посета на фризер косата, поточно врвовите ми стануваат ужас, а вака со редовно користење на жолтиот Глис супер се врвовите, меки, мазни и здрави, нераспукани. Дури можам и без проблем да ја исчешлам косата и ми сјае, а и не ми треба пегла бидејќи супер ми ја мазни и права е.