јас што туку си земав ваков... ааааа преубав е јас порано не користев вакви работи али навистина вредело..преубави се...
тоа е како регенератор..прскаш од спрејот на влажна коса и ја чешлаш..мириса убаво и ја заштитува косата од пукајне на врвовите..убав е
Црниот глис...НИКОГАШ повеќе! Како сум се зезнала,немате поим! Косата ми е природно сува,ама додека си го користев жолтиот,косата ми цветаше тек после 3тиот,4тиот месец од шишањето и не ми губеше облик,со овој црниов,пред месец и нешто се шишав,цвет до цвет,испукани врвовите,а башка што ја сплескува косата,а не ја омекнува,пак е крута,ужас! Па и мирис на чоколадо бе,кај оди производ за коса на чоколадо да мириса?! Само жолтиот за мене.
И јас жолтиот нема да го менувам веќе , немаше во Тинекс жолт и ајде розев complex with 19 incredients , уште пола ми е во шишето ама планирам да го фрлам и да си земам жолт. Ич не сум задоволна, врвовите пукаат исто како да не му ставам од спрејот. И воопшто не ја отплеткува косата ја искубив со чешелот и кога ќе појдам на фризер дупло должина треба да ми скратат од вообичаено
оној што го имам јас ставено на слика погоре??тој жолтиот? јас за малце мислев или црниот или жолтиот
Јас па од црниот спреј на Глис сум пре пре прездоволна, спрејов е музика за мојава коса. Во комбинација со истата маска немам едно единствено расцветано врвче за сега, а сум шишана пред два и пол месеца. А и косата не ми ја плеска и мрси баш напротив многу ми е мека и мазна. Кај секој различно прија, додека не си пробаш сам нема да знаеш дали нешто ти одговара или не.
Здраво девојки, едно прашање.. Дали е погодно да се користи спреј за коса која е ТЕНКА РЕТКА и БРЗО СЕ МРСИ ? Прашувам бидејќи колку што имам слушнато, за ваквиот вид коса, не треба да се користат многу препарати како што се генератор, маска, силиконски капки итн.. Ви благодарам однапред. Поздрав
Вистина! а јас пак од жолтиот не сум задоволна, тој омекнува навистина но мојава скроз ја омлитавува, проретчува не може секој производ да одговара, исто така и јас сум задоволна од црниот глис и еден порано што го произведуваа Глис со млеко од дива ружа во циклама боја беше амбалажата, аууу тој колку ми одговараше сега гледам наместо него произведуваат друг во иста амбалажа но различни состојки не се ни споредува во однос на квалитетот.
Со тешко срце го сменив оној против испукани врови, златниот и го земав овој зошто многу ми беа суви врвовите во последно време и навистина е посилен. Дава чувство како да имам ставено силиконски капки! Јас не користам регенератор кога ставам од спрејот, може со регенератор + спрејот ептен да ја утапкате косата. И мириса слатко
Оу да, и мене така ми се случи. Јас ако планирав да ја пеглам, ќе го користев жолтиот, а ако сакав брановита, тогаш со Шаума, кафеавата. И косата многу ми стана мрсна. И давам малку пауза на косата сега. Се обидувам да не ја пеглам.. ќе видам колку ќе ми успее тоа. Тоа што сакам да кажам е дека понекогаш и на косата и се гади од толку нега. Ако нешто не оди како што треба, секогаш е најдобро да не се чепка.
taka e da vo pravo si treba da se ostava nekoj period bez nishto za da ostane zdrava sestra mi taka pravi
Го користам жолтиот спреј од Глис, онака е , повремено го ставам , ништо посебно. Очигледно само ми ја штити совеста,дека нешто правам корисно за косава.
А дали некоја знае да ми припорача спреј за коса за заштита од горење при пеглање? Купив преса од Ремингтон и веќе по неколку пеглања се осеќа екстремна разлика.Посебно при чешлање.Косата е дива ,заплеткана,катастрофа. Пресата за пеглање предобро пегла,ама после миење косата е ужасна. Стварно ми треба итен одговор оти пепел ќе си ја напрам косата за брзо.