Ми нема спуштено слушалка ама спуштањето слушалка е добра работа. Затоа што ако се карате за нешто сигурно ке си изнакажете се и сешто ќе се испонавредувате, искарате па дури може да паднат и многу тешки зборови, дури и до раксинување да дојдите. А подобро еден да спушти слушалка за да се смирите малку, па после ќе зборувате. Мое мислење немора секоја да се согласи со мене
од една страна е неубо така на сред муабет макар било то и кавга да се спушти а па од друга страна делува то кај мене ко ке спушти ко други луге да сме хахах
За мене ова е некултурен начин на однесување.Ако разговорот се одвива на повисок тон и ситуацијата е тензична,најдобро е да се прекине со навестување дека треба да се разговара во очи.Избрзаната ситуација може да влијае негативно и на двајцата.
Мислам дека е стварно некултурно на некого да му спуштиш слушалка, освен кога се брзаш, но му кажуваш дека мораш да одиш. Или доколку те замара со некој досаден муабет и сваќаш дека никаде тоа не оди, но сепак културно е да му кажиш дека ќе исклучиш, а не на сред муабет наеднаш да му спуштиш. Имам еден пример, со мајка ми, ама и ептен смешно ми е ова постојано се случува Значи се јавува и прашува ''Ало.. шо прајте,,ај да се јавам, да видам како сте, јас одговарам добри еве и си зборувам така, вие како сте?''.... '' Алоо? Мамо??'' Нема одговор Таа бап телефонот и ми спушта така, јас сама си зборувам ко будала Неверојатно
тоа е најмизерна работа,крај крајева доколку нема шо да каже ќе се осуди на таков мизерен чекор. Инаку досега ми се нема случено такво нешто,но доколку се деси некогаш,тогаш го мењавам режимот на однесување со таа личност! да се знае кој е тука џони бе!
hahaha dzoni si a? inaku ako se ima nesto treba da ze kaze a ne da ze spusta slusalka sepak.. za se treba hrabrost I treba da si znaes kako da se odnesuvas a ne da dokazes deka si nekoj so spustanje slusalka
понекогаш спуштам кога ќе ме изнервираат до даска ... на скриени броеви не ни кревам... Спуштање слушалка е донекаде добра работа зашо во нервозата се се зборува ...
Не спуштам слушалка,обично си кажувам шо ми лежит на душа,а и ако некој ми е досаден го откачвам на фин начин.. Спуштањето слушалка не е решение
Јас не спуштам слушалка, но ми се има случено само еднаш тој да ми спушти слушалка. И реагирав еве вака и + го пцујам но, тоа знам дека беше за нешто што јас не бев во право...и не држиме многу лутина за да не се расправаме за глупости и без врска работи така да подоцна од ко ќе се смират страстите разговараме смирено за да се разбериме и да го решиме проблемот...
Досега ми нема некој спуштено слушалка (освен мајка ми) Иначе многу ми е некултурно спуштањето слушалка, подобро кажи ми дека ќе ми спуштиш, одколку така на сред разговор.
Ми се нема случено али ако некогаш спуштам јас слушалка тоа би било вака: Добро! But first let me take a selfie! и гасам
Ми се има случено и тоа повеќе пати првите неколку пати кога спушти мислев ај јас сум крива нешто сум рекла ама после сватив дека во неговата глава е проблемот не кај мене и кога спушташе не го ни барав и на крај ми спушти за глупост му се јавив го отерав од кај што дошол и му спуштив не му кревав два дена и третиот му раскинав
ја скоро секој ден му спуштам коа сум подналитена ама не да го прекинам у муабет туку одсечно и кратко ке му одговорам и ке му спуштам без чао.а онака да ме прекине или да го прекинам неее да ми спушти ке го убијаам еднаш ми спушти па се каравме со денови нејкев очи да му видам...лутка сум
Мене ми се случило...бившиот да ми спушти мнг пати слушалка за без врска за некои си негови работи за кои тој мислеше дека јас сум цело време виновна...Мнг пати ми го има направено тоа додека бевте во врска,тоа ме повредуваше ептен и после пак ќе се јавеше за некој саат...и се во ред....И еднашка пак ми спушти слушалка и никогаш повеќе не му кренав....Му напишав смс дека помеѓу нас е готово! И после тоа ми пишуваше смс ми звонеше ама јас не враќав и така престана "паметниот"... А со сегашниот дечко си немам таков проблем!
mene koga ke mi spusti slusalka na sred raspravija mi go kreva pritisokot i koga tolku ke se iznerviram a imam mnogu raboti sto da kazam go zemam telefonot i uporno zvonam dodeka ne kreni za da ja isturam nervozata :/ znam deka e glupavo no vo toj moment ne mozam da razmisluvam i toa instiktivno mi ide
Ми се случи тоа со бившиот. Му ѕвонев пак но беше недостапен после тоа. Чекав да го вклучи повторно телефонот за да се разбереме.
Кога се караме јас сум таа што спушта слушалка бидејки ме нервира и знам дека така ќе биде многу поизнервиран од мене.
Ne mi spustaat slusalki no jas imam losa navika (taka veli majka mi) ne znam da se karam i a nekoj ke me iznervira ili ke kaze nesto sto ne mi e po cejf jas ili si go vrtam grbot (ako e do mene) a ako e po telefon obavezno spustam,i nikogas ne zvonam prva cekam da mi se javat