Ме интересира дали некој знае да ми каже нешто повеке за спуштена материца неколку месеци после пороѓај?
Не знам дали ќе ти бидам од помош, но свекрва ми има спуштена материца откако се породила со мажот ми. Но како и да е еве веќе 32 години е така , понекогаш малку прокрварува, но засега не кажала дека има некои големи болки. Матичниот гинеколог и рекол да се прави операција уште тогаш, но таа не сака и така си живее. Важно треба многу да внимаваш да не креваш тешко за да не се спушта уште. Поздрав.
Феминки, би сакала искрено мислење за мојов проблем. Не баш мој проблемов. Се работи се мајка ми. Таа е жена на 46 години. Родила 3 деца, а имала и неколку абортуси. Во последниве 2 години од прилика почна да и се јавува проблем со неконтролирано уринирање. Значи не обилно туку така малку по малку. Кога ке се закашла, наведне, кивне, при некаков напор и сл. Била на лекар и и рекле дека наводно матката и била спуштена и дека и ја притискала бешиката. Последниот доктор што го консултирала и рекол дека не и нешто посебно спуштена матката. Наводно лек за тоа било отстрануванје на матката но мене некако не ми е верно. ситуацијава и станува се понеподнослива. Нервозна е и напната што тотално е нормално. Јас би се мрднала да морам постојано да носам улошка и да пазам колку течност конзумирам. Ве молам пишете ми го вашето мислење. Исто пишете ми и некој стварно добар доктор доколку знаете.
здраво, не сум медицинско лице за да ти одговорам на прашањето ама можам да ти предложам да прави кегелови вежби (мускулот кој ни се стега кога ни се моча) сум слушала дека после пораѓај се препорачува да се прават овие вежби баш од таа причина да се стегне мускулот на матката и да се покачи нагоре. Незнам дали ќе има некој ефект кај мајка ти бидејки е веке во години ама вреди да се проба. побарај на гоогле сигурно ќе најдеш туториали за почетнички вежби и да може да ги открие дали го вежба правиот мускул. а истото можеш да го правиш и ти бидејќи го подобрува сексуалниот живот))))
Гледам на оваа тема никој нема пишано па во случај некој ако прочита ќе ве молам за совет.Мајка ми која има 70 год.има спуштена матка.Лани бевме на гинеколог и рече дека не е итно за операција и доколку не и смета може така да си биде.Но еве сега има крварење и ја боли.Можно е да се работи за рак?или од што може да е крварењето.Сакам да напоменам дека е дијабетичар, има висок притисок,холестерол,и скрелоза.Незнам што да правам доколку решат да се прави операција.ве молам совет.
Близок член во семејството има спуштена матка, но нема некои посебни проблеми. Исто има висок притисок, холестерол. За крварењето, би треба да оди на гинеколог.
@kostadinka24 Вујна ми има ист проблем , бидејќи е млада 43 години не и стават прстен , така и рекол гинекологот.А за стари да ... има и вежби кои исто така ги дава гинеколог за да ги правиш , за матката да си го задржи местото.
Zdravo, ako nekoj uste ja sledi ovaa temq, ima li iskustvo so prsten ili podobri rezultati se so operacija? Fala