Јас имам позитивно искуство. Отидов за панорамска снимка. Фини беа вработените. Ова беше 2005г.... Тогаш болницата беше во Влае.
Колку што гледам 90% од докторите таму, се пензионирани професори или специјалисти од клиника.. Самите имаат одредено реноме, ме сум сигурна дали и колку се во состојба да оперираат, или за консултации на повик се само. Гледам и Роберт Стојовски изгледа оперира таму.. За раскринкување чисто се сомневам дека би било успешно, веројатно и паричиња се перат некако, уз помоч магије.. Се додека има наивни луге ( и самата во физички проблем, незапирливо кашлање сум отишла таму, нели нема чекање со денови, одма ќе те викнат, мислам и инфузија ми дадоа и ме натупаа лекови, спрееви и слично) ќе си функционираат тие. На пензионериве баш им е гајле, и до 90 можат да тераат. Тешко оние што мора да работат таму. Знам од тие што мене ме прегледаа, ни еден веќе не е таму од тројцата. А за газдата и швалерајот негов, ваљда и птичките на дрва знаат, никому ништо. Пси лају, караван пролази.. Како и многу дубиози во здравството. Без докази е тешко. А со докази контра некој со многу пари, само милиграм полесно.
Јануари 2021 год никој не се нафаќаше да дојде дома да му вади вода од стомак на татко ми освен од Неуромедика.. (асцитна пункција/парацентеза).. Ниту приватни болници, ниту домашна посета ниту било кој.. И ајде госпоѓата Прим. Д-р Лилјана Милошевска Од Неуромедика се нафати некако.. Пред да дојдат прашав колку ќе ме чини.. На шалтер ми рекоа 4500 брза помош (Со брза помош се возела госпоѓата) , 4-5000 за докторката, за интервенцијата и се на се до кај 15000.. Е ајде нека дојдат.. Дојдоа, го боцнаа истече 7 литри и седна госпожата да прави математика.. Игла 250 денари, систем 300 ден.. Некои цени што се 10 пати повисоки од било која аптека.. На крај излезе со математика од 27500 Среќа имав извадено пари.. Си заминаа и реков веќе Неуромедика и да умрам не е на список.. Арно ама за мајка ми само таму имаше термин за ортопед.. Тој професорот Симеонов од памет не извади прво и основно, а друго решение за проблемот со болките во колената на мајка ми му беше - ослаби! Си платив скоро како на приватно и си отидовме.. И така... Иначе за ова што зборите дека матичните ви креираат упати Па овие наплаќаат, јас не знам кај го гледате тоа.. Јас на https://moezdravje.e-zdravstvo.mk/app/home си ги гледам упатите што се креирани додуша одамна не одам на државно оти нема термини..
Јас сум сеуште во шок од тоа што ми се случи вчера и денес. Викнав домашна посета откај нив, ми зедоа крв за анализа. Сабајлето докторот ми праќа фотографија со резултатите, језиво астрономски вредности на некои од параметрите, две полиња во табелата празни (што не треба да бидат). А пак на меил под мое име и број ми стигнуваат други вредности, некои превисоки, некои истите со сликата од докторот, некои скроз различни. Хаос. Се јавив да прашам дали ја чуваат крвта за да се повторат анализите, жената што се јави беше остра и дрска и упорно ме убедуваше дека штом се толку лоши, тоа е тоа. Во рок од 1 саат викнав домашна од авицена, ми зедоа крв, сосема поинаква слика, многу слична со онаа од пред 1 месец правена кај нив. Слабокрвна сум, да, и тоа се има малку влошено (што и очекував), но сите други параметри сосема поинакви и на место. Решив да ја искинам листата од Неуромедика и да заборавам и дека била. Е сега, зедоа 5000... нека им се алал... само да има здравје.